iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Gemmatimonadetes
Gemmatimonadetes — Википедија Прејди на содржината

Gemmatimonadetes

Од Википедија — слободната енциклопедија
Gemmatimonadetes
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Gemmatimonadetes
Zhang et al. 2003
Класи
Синоними
  • Gemmatimonadaeota Oren et al. 2015

Gemmatimonadetes е колено на бактерии создадено за видот Gemmatimonas aurantiaca. Оваа Грам-негативна бактерија сочинува околу 2% од почвените бактериски заедници, а коленото на кое припаѓа е идентификувано како едно од првите девет колена по застапеност во почви.[1] Gemmatimonadetes се најдени во различни суви почви, како што се тревни површини, прерии и пасишта, како и во еутрофични езерски седименти и алпски почви. Овој широк дијапазон на средини каде Gemmatimonadetes биле пронајдени сугерира дека тие се адаптирани на ниско ниво на влага во почвата.[2] Според една студија, дистрибуцијата на Gemmatimonadetes во почвата има тенденција да биде повеќе зависна од достапноста на влага отколку од агрегацијата, потврдувајќи го верувањето дека членовите на ова колено претпочитаат посуви почви.[1] Исто така, неодамна беше откриен нов вид на ова колено кој е способен за фотосинтеза.[3]

Првиот член на ова колено беше откриен во 2003 година, во активна мил добиена од третман на отпадни води и беше именуван Gemmatimonas aurantiaca.[4] Метаболичките патишта и ензимите на оваа бактерија се уникатни во бактерискиот свет, а таа е способна и за анаеробна и за аеробна респирација.[5]

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Моментално прифатената таксономија е заснована на Списокот на имиња на прокариотите со евиденција во номенклатурата (анг. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - LPSN),[6] Националниот центар за биотехнолошки информации (анг. National Center for Biotechnology Information - NCBI) [7] и Проектот "Животно дрво на сите видови" (анг. The All-Species Living Tree Project).[8]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Список на бактериски редови

  1. 1,0 1,1 Fawaz, Mariam (2013). „Revealing the Ecological Role of Gemmatimonadetes Through Cultivation and Molecular Analysis of Agricultural Soils“. Master's Thesis, University of Tennessee: vi.
  2. DeBruyn, J; Nixon, L; Fawaz, M; Johnson, M; Radosevich, M (2011). „Global Biogeography and Quantitative Season Dynamics of Gemmatimonadetes in Soil“. Appl. Environ. Microbiol. 77 (17): 6295–300. doi:10.1128/AEM.05005-11. PMC 3165389. PMID 21764958.
  3. Zeng, Yonghui; Selyanin, Vadim; Lukeš, Martin; Dean, Jason; Kaftan, David; Feng, Fuying; Koblížek, Michal (2015). „Characterization of the microaerophilic, bacteriochlorophyll a-containing bacterium Gemmatimonas phototrophica sp. nov., and emended descriptions of the genus Gemmatimonas and Gemmatimonas aurantiaca“. International Journal of Systematic and Evolutionary Microbiology. 65 (8): 2410–2419. doi:10.1099/ijs.0.000272.
  4. Zhang H, Sekiguchi Y, Hanada S, Hugenholtz P, Kim H, Kamagata Y, Nakamura K (2003). „Gemmatimonas aurantiaca gen. nov., sp. nov., a gram-negative, aerobic, polyphosphate-accumulating micro-organism, the first cultured representative of the new bacterial phylum Gemmatimonadetes phyl. nov“. Int J Syst Evol Microbiol. 53 (Pt 4): 1155–63. doi:10.1099/ijs.0.02520-0. PMID 12892144.
  5. Takaichi, S; Maoka, T; Takasaki, K; Hanada, S (2009). „Carotenoids of Gemmatimonas aurantiaca (Gemmatimonadetes): identification of a novel carotenoid, deoxyoscillol 2-rhamnoside, and proposed biosynthetic pathway of oscillol 2,2′-dirhamnoside“. Microbiology. 156 (3): 757–763. doi:10.1099/mic.0.034249-0. PMID 19959572.
  6. J.P. Euzéby. „Gemmatimonadetes“. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature (LPSN). Посетено на 2016-03-20.
  7. Sayers; и др. „Gemmatimonadetes“. National Center for Biotechnology Information (NCBI) taxonomy database. Посетено на 2016-03-20.
  8. „16S rRNA-based LTP release 123 (full tree)“ (PDF). Silva Comprehensive Ribosomal RNA Database. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-06-07. Посетено на 2016-03-20.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]