Forever Living Products
Вид | приватна |
---|---|
Дејност | нетворг маркетинг |
Основано | 1978 |
Седиште | Аризона, САД |
Клучни личности | Rex G. Maughan, основач |
Доход | $2,1 билиони во 2007 |
Вработени | 4.100 во 2005 / 2006.[1][2] |
Мреж. место | www.foreverliving.com |
Forever Living Products е американска мулти-левел маркетинг компанија за производство и дистрибуција на производи од вистинска алоја и пчели. Forever Living Products е најголем производител на алое и тоа 92% од вкупното светско производство, а другите 8% се распоредени во околу 1000 други компании во светот. Во 2006 година била рангирана на #340 место на Форбс меѓу 500 најголеми приватни компании.[2]
Податоци за компанијата
[уреди | уреди извор]FLP е основана во 1978 година. Годишен профит е 1200 милиони долари. Опфаќа повеќе од 5.500.000 членови, а секој член во ланецот учествува во распределбата на доходот. Има повеќе од 100.000.000 потрошувачи во 76 држави. Производите се купуваат само преку дистрибутерска мрежа на фирмата. Најголеми корисници се Јапонците. Во Америка оваа компанија е на шесто место според списокот на компании со најбрз развој. FLP има потврда за квалитет од Меѓународниот научен совет на алое, чиј знак носи секој производ.
Општи упатства за производите
[уреди | уреди извор]Пред името на производот секогаш стои карактеристичен број. Сите производи со алое имаат потврда од Меѓународниот научен совет за алое. Производите се фабрички затворени со фолија врз отворот и на амбалажата е напишано предупредување заради сопствена заштита, да не се употребува ако е веќе отворено. Штом еднаш се отвори гелот од вистинска алоја, се чува во фрижидер. Сите производи имаат рок на употреба 4 години. Производите на FLP можат да се класифицираат во неколку групи:
- Производи за исхрана и диетална програма
- Производи за дополнување на исхраната
- Производи од пчели
- Козметички препарати кои освен алое содржат и други лековити растенија, витамини и слично.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Forever Living Products International, Inc. Company Overview“. hoovers.com. Посетено на 2008-06-29.
- ↑ 2,0 2,1 „The Largest Private Companies No.340 Forever Living Products Intl, 2006“. forbes.com. Посетено на 2008-06-29.