23 мај
Изглед
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
23 мај — 143-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (144-и во престапна година). Остануваат 222 денови до крајот на годината.
Настани:
1514 | Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен. |
1805 | Наполеон Бонапарт крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала |
1877 | Романија прогласува независност од Османлиското Царство |
1905 | Со ираде - указ на турскиот султан Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското Царство. Организациите на Власите на Балканот го слават овој ден како Национален ден на Власите. |
1945 | Главниот заповедник на Шуцштафел, Хајнрих Химлер се самоубива |
1949 | Создадена е Западна Германија |
1962 | Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник. |
1988 | Мишел Платини се повлекува од фудбалот |
1992 | |
1994 | Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада. |
1995 | Република Македонија и Украина воспоставиле дипломатски односи. |
1995 | Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава. |
Родени:
1883 | Даглас Фербанкс — американски глумец. |
1896 | Калман Конрад — унгарски фудбалер. |
1910 | Арти Шо — американски џез-музичар. |
1944 | Џон Њуком — австралиски тенисер. |
1951 | Анатолиј Карпов — руски шаховски велемајстор и светски првак. |
1954 | Марвин Хаглер — американски боксер. |
1956 | Андони Гоикочеа — шпански фудбалер. |
1961 | Даниеле Масаро — италијански фудбалер. |
1972 | Рубенс Барикело — бразилски возач на „Формула 1“. |
1982 | Стевица Ристиќ — македонски фудбалер. |
1997 | Џо Гомес — англиски фудбалер. |
1998 | Салва Еид Насер — бахреинска атлетичарка. |
2001 | Бренан Џонсон — англиски фудбалер. |
Починале:
1857 | Огистен-Луј Коши — фрацуски математичар. |
1883 | Ципријан Норвид — полски поет, драматург, сликар и вајар. |
1906 | Хенрик Ибзен — норвешки писател и драматург. |
1994 | Џо Пас — американски џез-гитарист |
2015 | Џон Неш — американски математичар. |
Празници:
* | Национален ден на Власите од Македонија |