Салвадор Аљенде
Салвадор Аљенде (шпански: Salvador Guillermo Allende Gossens; 26 јуни 1908 - 11 септември 1973) — прв социјалистички претседател на Чиле од 1970 до 1973 избран на легални избори, и прв воопшто марксистички претседател на една јужноамериканска држава. По потекло од високата средна класа, Аљенде во 1933 учествува во формирањето на Социјалистичката партија на Чиле. Пред да биде избран за претседател на Чиле, трипати неуспешно се кандидира за таа функција, во 1952, 1958 и 1964. Неговото доаѓање на власт во 1970 година претставува прв случај во историјата на власт да дојде марксист по демократски пат. Аљенде се обидел да го преструктуира чилеанското општество во насока на социјализмот со задржување на демократијата.
Владата на САД уште од почетокот на неговиот мандат гледала во недоверба на неговите потези и преку ЦИА почнала да води тајна кампања за негово соборување. Приредила државен удар на 11 септември 1973, при што бил убиен и Аљенде. Според друга верзија, Аљенде извршил самоубиство во моментот кога станало очигледно дека ќе падне во рацете на пучистите. По државниот удар, на чело на воената хунта застанал генералот Аугусто Пиноче, кој вовел диктатура во Чиле.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|