iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Партски_јазик
Партски јазик — Википедија Прејди на содржината

Партски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Партското Царство во својот најширок опсег

Партски јазикизумрен јазик од северозападната група ирански јазици, на кој зборувале древните Парти, жителите на античката област Партија. Партскиот јазик рано дошол во допир со тогашните источноирански јазици, што може да се види во некои заемки.[1] Писмо со кое се бележел партскиот јазик било пахлави.

Бил еден од официјалните јазици во Партското Царство, со кое владеела династијата Арсакиди. Со смената на династијата во 224 година и создавањето на Сасанидското Царство, дошло до смена на јазиците — партскиот јазик како службен јазик бил заменет со средноперсискиот. Ретки се споменици со партски јазик и опфаќаат натписи од времето на Партското Царство и двојазични (партско-среднооперсиски) натписи од времето на Сасанидите.

  1. Lecoq P. 1983. Aparna, Encyclopedia Iranica 1. Costa Mesa: Mazda Pub.