Општина Сарај — општина во Град Скопје, во северниот дел на Македонија. Моментален градоначалник е Блерим Беџети.[2] Седиште на општината е истоимената населба која е во состав на населеното место Скопје. Општината е проширена кога со територијалната поделба на Република Македонија, од 2005 година кон Општина Сарај била припоена територијата на поранешната Општина Кондово.
Во 2017 година, општината имала вкупно 540 вработени, од кои 31 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[4] Градоначалник на општина Сарај е Блерим Беџети од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Сарај е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: