Опел GT
Произведувач | Џенрал моторс |
---|---|
Производство | 1968–1973 2007–2009 |
Наследник | Опел Манта |
Опел GT — спортски автомобил со две седишта со преден погон, произведен и продаван на пазарот од страна на Опел во две генерации - одвоена со 34-годишна пауза.
Првата генерација Опел GT (1968[1]-1973) дебитирала во 1965 година во Париз и Франкфурт[2]. Производството на возилото користело механички компоненти од современата Опел Кадет Б и обемни каросерии на две врати од францускиот изведувач Brissonneau&Lotz. Стајлингот на ГТ честопати бил наведуван како сличен на Шевролет Корвет од 1968 година, кој излегол во продажба во септември 1967 година[3].
Опел својата втора генерација ја претставил во 2007-2009 како варијанта на кабриолетот Сатурн Скај.
Во 2016 година, Опел го претставил GT концептот на Саемот за автомобили во Женева во 2016 година како лесен, соволен турбо полнач, со две седишта.[4]
ГТ (1968–1973)
[уреди | уреди извор]Производство | 1968-1973 |
---|---|
Склопување | Западна Германија: Бохум |
Класа | спортски автомобил |
Вид каросерија | 2-врати купе |
Мотор | |
Пренос | 4-брзини - рачно 3-брзини автоматско |
Меѓуоскино раст. | 2,415 mм (95.1 ин) |
Должина | 4,113 mм (161.9 ин) |
Ширина | 1,580 mм (62.2 ин) |
Висина | 1,225 mм (48.2 ин) |
Нетоварена тежина | 845 kg (1,863 lb)–940 kg (2,072 lb) |
Опел ГТ бил опремен со основен мотор со интензивно ниво од четири литри OH LV, кој произведувал 67 КС (SAE) при 6.000 вртежи во минута. Како и да е, повеќето купувачи избирале 1,9 L мотор, со 102 КС и 5200 до 5400 вртежи во минута. Некои од раните модели од 1968 година, исто така, имале со малку поголема глава за цилиндрите со код "H". Во 1971 година, како резултат на регулативите за емисиите на гасови, Опел го намалил односот на компресија на моторот од 1,9 Л што се користел во САД и излезот паднал на 83 КС. Компанијата произвел и модел GT/J, кој бил поевтина верзија на 1900 GT кој се продавал само во Европа. Стандардниот менувач бил со четири брзини рачен, додека автоматски менувач со три брзини бил достапен со моторот од 1,9 L. Моделот на Opel GT бил продаван од 1968 до 1973 година.
Моделот се состоел од низок нос со преклопливи светла, испакнати крила и остро пресечен опаш. Во времето кога моделот бил претставен на саемот во франкфурт, претставувал нешто сосема ново за европскиот автомобилски дизајн. Необичниот дизајн е дело на тимот на Ерхард Шнел, кој создавал во новоизграденото „стајлинг студио“ во Риселсхајм. Моделот исто така бил прв дизајнерски центар на автомобилски производител во Европа.
Во 1968 година, од производствените ленти се симна првиот Опел GT. На тоа претходело беспоштедно тестирање во новиот центар на Опел во Дуденхофен. Во производството на автомобилот учествувале и Французите. Каросериските работилници Chausson и Brissoneau & Lotz го презеле пресувањето на каросериската ламарина и заварувањето, како и лакирањето и опремувањето на внатрешноста. Во Германија се вршела монтажа на компонентите од подвозјето и на моторот.
Купувачите можеле да изберат помеѓу два мотори. Едниот бил 1,1-Л четирицилиндарец со 60 КС, вградуван во Опел Кадет, додека вториот мотор бил 1,9-Л со 90 КС, познат од Опел Рекорд. Повеќето купувачи се решавле за посилниот модел GT 1900, кој со крајната брзина од 185 км/ч и забрзување до сто за 11,5 секунди ги исполнувал очекувањата на спортските возачи. Моќта се пренесувала до задните тркала преку четиристепен менувач. Дизајнот на серискиот модел се разликувал драстично од концепниот автомобил. Предниот дел изгледал моќно и не бил толку силно издаден пред оската. Отворите за снабдување со воздух или „ноздрите“, овозможиле предниот дел да биде понизок. Правоаглестите преклопливи светла од концептниот автомобил биле заменети со тркалезни „подзаспани очи“. Сето тоа му давало препознатлива појава на спортското купе.
Со беспрекорен концепт на спортски автомобил, германскиот GT нудел школкести седишта, трикрак волан и тогаш модерните тркалезни инструменти. Конструкторите внимавале и на безбедноста. Со безбедносни ремени со три точки, интегриран заштитен кафез и заштита од страничен судир, цврста патничка кабина, зглобен управувачки столб и цела низа други детали, GT поставувил високи стандарди во безбедноста. За достоинството на спортскиот автомобил да биде уште поголемо, д-р Георг фон Опел, внук на основачот на фирмата, во 1971 година изведел електрична верзија од Опел GT. Моделот постигнувал крајна брзина од 189 километри на час и повеќе светски рекорди. Во 1972 година бил изработен и тркачки прототип на Opel GT со дизел мотор, којшто поставил два светски и 18 интернационални рекорди на брзинската патека во Дуденхофен. Крајната брзина по 1.000 метри и при летечки старт изнесувала 197 км/ч, што било сензација за дизел погонот во тоа време.
ГТ (2007–2010)
[уреди | уреди извор]Познат и како | Сатурн Скај (САД и Канада) ГМ Даеву G2X (Кореја) |
---|---|
Производство | 2007–2009 |
Год. на модел | 2007–2010 |
Склопување |
|
Претходник | Опел Спидстер |
Класа | спортски автомобил (S) |
Вид каросерија | 2-врати роудстер |
Платформа | Платформа GM Kappa |
Мотор | 1998 cc I4 |
Меѓуоскино раст. | 2,415 mм (95.1 ин) |
Должина | 4,091 mм (161.1 ин) |
Ширина | 1,813 mм (71.4 ин) |
Висина | 1,276 mм (50.2 ин) |
Нетоварена тежина | 1,325–1,406 kg (2,921–3,100 lb) |
Сродни | Pontiac Solstice |
Конструктор | Франц Фон Холцхаусен |
Новиот Опел ГТ бил произведуван од 2007 до 2010 година. Моделот бил достапен исклучиво со 2.0-L, 260 КС (194 kW; 264 PS) со директно вбризгување и турбо полнач со четири цилиндри. Има 18-инчни алуминиумски тркала. Автомобилот го заменил Опел Спидстер на европскиот пазар.
Клучната иновација на ГТ концептот се големите врати со интегрираните странични прозорци. Пристап до кабината се добива со притискање на тачпадот на електричните врати, прикриен во црвената линија на покривот. Друг интересен детал е тоа што автомобилот нема ретровизори, а погледот наназад се остварува со помош на двете камери кои се наоѓаат зад тркалата, со што се зголемува прегледноста. Погонот се пренесува на задните тркала и, бидејќи тежината е помала од 1.000 килограми, двоседот од 0 до 100 км/ч стигнува за помалку од 8 секунди а максималната брзина изнесува 215 км/ч.
Година | Производство[5] |
---|---|
2007 | 2,365 |
2008 | 4,851 |
2009 | 301 |
2010 | 2 |
Вкупно | 7,519 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Guardian page 6 Friday OPEL ANNOUNCES NEW SPORTS CAR 27 September 1968 "Opel announces it is going into production with a two door two-seater the Opel GT."
- ↑ „Opel GT Corvette for Europe?“. Autocar. 129 (3790): 55. 3 October 1968.
- ↑ Opel GT Архивирано на 4 декември 2008 г. at Howstuffworks.com
- ↑ ALEXANDER STOKLOSA (January 2016). „Opel GT Concept: The German Mini-Corvette Returns“. Car & Driver.
- ↑ „General Motors: Investors: Sales and Production Reports: Historical Production“. GM. 2009-07-10. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2009-11-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Опел GT“ на Ризницата ? |
- Opel Motorsport Club
- The Classic Opel Community
- VisualOpel - Illustrations, diagrams, and parts Архивирано на 18 април 2018 г.
- Forum for the 2007-2009 Opel GT
- Opel GT Source
« предходник Хронологија на моделите на Опел (1947–1979) наследник » | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Тип | 1940-ти | 1950-ти | 1960-ти | 1970-ти | |||||||||||||||||||||||||||||
7 | 8 | 9 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | |
Среден автомобил | Кадет A | Кадет B | Кадет C | ||||||||||||||||||||||||||||||
Олимпија | Олимпија A | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Голем авомобил | Олимпија Рекорд | Рекорд P1 | Рекорд P2 | Аскона A | Аскона B | ||||||||||||||||||||||||||||
Рекорд A | Рекорд B | Рекорд C | Рекорд D | Рекорд E | |||||||||||||||||||||||||||||
Бизнис автомобил | Комодоре A | Комодоре B | Комодоре C | ||||||||||||||||||||||||||||||
Луксузен автомобил | Капитан | Капитан | Капитан | Капитан P1 | Капитан P2 | Капитан A | Капитан B | Сенатор | |||||||||||||||||||||||||
Адмирал A | Адмирал B | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дипломат A | Дипломат B | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Спортски автомобил | Манта A | Манта B | |||||||||||||||||||||||||||||||
GT |
« пред 1980 — Хронологија на моделите на „Опел“ по 1980 година
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Тип | 198х | 199х | 200х | 201х | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | |
Мини (A) | Агила A | Агила B | Карл | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Адам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мал (B) | Корса A | Корса B | Корса C | Корса D | Корса E | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Шевет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ампера-е | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Среден (C) | Кадет D | Кадет E | Астра F | Астра G | Астра H | Астра J | Астра K | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Ампера | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Голем (D) | Аскона B | Аскона C | Вектра A | Вектра B | Вектра C | Инсигнија A | Инсигнија B | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Сигнум | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Бизнис (E) | Рекорд E | Омега A | Омега B | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Комодоре C | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Монца | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Луксузен (F) | Сенатор A | Сенатор B | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спортски (S) | Тигра A | Тигра ТвинТоп B | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Каскада | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Манта B | Калибра | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спидстер | GT | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
MPV (M) | Мерива A | Мерива B | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Зафира A | Зафира B | Зафира C | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Синтра | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
SUV (J) | Кросленд X | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мока | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фронтера A | Фронтера B | Антара | Грандланд X | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Монтереј | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
LAV | Кадет Комбо | Комбо B | Комбо C | Комбо D | Комбо E | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пикап | Кампо | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Микробус | Опел Бедфорд Блиц | Арена | Виваро A | Виваро B | Виваро C | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мовано A | Мовано B |