iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Обична_зеленушка
Обична зеленушка — Википедија Прејди на содржината

Обична зеленушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обична зеленушка
Мажјак горе, женка долу
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ѕвингалки
Род: Carduelis
Вид: Обична зеленушка
Научен назив
Carduelis chloris
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Chloris chloris

Јајца
Cuculus canorus bangsi + Carduelis chloris

Обичната зеленушка или само зеленушка (науч. Carduelis chloris) е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Родот Carduelis би можел да се подели, и во тој случај зеленушките би влегле повторно во својот стар род Chloris.

Птицата е распространета низ Европа, северна Африка и југозападна Азија. Претежно е постојан жител, но некои популации од северните делови се селат на југ. Оваа птица ја има во Македонија. Била населена во Австралија и Нов Зеланд, а во Малта се смета за престижна песнопојна птица која е припитомена и се чува од многу малтежани.

Chloris доаѓа од старогрчкото Khloros со значење на зелено или жолтозелено.[2]

Обичната зеленушка е долга 15 см и има распон на крилјата 24.5-27.5 см. Слична е по форма и големина на градското врапче,[3] но е претежно зелено, со жолто на крилјата и опашката. Женките и младенчињата се побледи и имаат кафеавкави тонови на грбот. Клунот му е дебел и конусен. Пеењето се состои од чрчорење и чуруликање, а мажјакот изведува „пеперуга“ лет при претставувањето во сезоната на парење.

Поведение

[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на оваа птица се рабовите од шумите, живите огради меѓу нивите и градините со вегетација.

Гнездото го прават во дрвјата или грмушките и несат 3-8 јајца.

Вон сезоната на парење овој вид формира големи јата, понекогаш и со други видови. Се храни претежно со семиња и бобинки.

  1. Carduelis chloris. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 2008-06-02.
  2. Jobling, James A (1991). A Dictionary of Scientific Bird Names. OUP. ISBN 0-19-854634-3.
  3. The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]