Нобелова награда за физика
Нобелова награда за физика | |
---|---|
Држава | Шведска |
Мрежно место | http://nobelprize.org/ |
Нобелова награда за физика (шведски: Nobelpriset i fysik) — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на физиката. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833-1896). Останатите награди се: Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за физиологија или медицина, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.[1]
Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на Нобеловата задолжбина, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките.[2] Првата Нобелова награда за физика е доделена во 1901 година на Вилхелм Конрад Рентген, од Германија.
Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година.[3] Во 1901 година, Рентген добил 150.782 шведски круни, што е околу 7.731.004 шведски круни во декември 2007 година. Во 2008 година, наградата им е доделена на Макото Кобајаши, Тошихиде Маскава и Јоичиро Намбу, кои поделија износ од десет милиони шведски круни (малку повеќе од 1 милион €, или 1,4 милиони американски долари.[4]
Наградата се доделува на секој 10 декември во Стокхолм, на годишницата од смртта на Нобел.[5]
Добитници
[уреди | уреди извор]Година | Добитник | Земја | Заслуги | ||
---|---|---|---|---|---|
1901 | Вилхелм Конрад Рентген | Германија | „во знак на признание за исклучителните услуги во полза на науката со откривањето на извонредните зраци подоцна наречени по него“[6] | ||
1902 | Хендрик Лоренц | Холандија | „во знак на признание за исклучителните услуги во полза на науката со нивните истражувања за влијанието на магнетизмот врз зрачењето како појава“[7] | ||
Питер Земан | Холандија | ||||
1903 | Анри Бекерел | Франција | „за откривањето на спонтаната радиоактивност“[8] | ||
Пјер Кири | Франција | „за заедничкото истражување на појавите на зрачењето откриено од проф. Анри Бекерел“[8] | |||
Марија Кири | Полска Франција | ||||
1904 | Лорд Рејли | Велика Британија | „за неговите иследувања во густините на најважните гасови и откривањето на аргонот во состав на овие изучувања“[9] | ||
1905 | Филип Ленард | Австроунгарија Германија |
„за неговата работа на катодната цевка““[10] | ||
1906 | Џозеф Џон Томсон | Велика Британија | „за неговите теориски и опитни иследувања во електричната спроводливост на гасовите“[11] | ||
1907 | Алберт Абрахам Мајкелсон | САД | „за неговите прецизни оптички инструменти и спектроскопските и метеоролошки истражувања извршени со нив“[12] | ||
1908 | Габриел Липман | Франција | „за неговиот метод на фотографско доловување на боите на основа на брановата интерференција“[13] | ||
1909 | Гуљелмо Маркони | Италија | “за нивните придонеси за развојот на безжичната телеграфија“[14] | ||
Карл Фердинанд Браун | Германија | ||||
1910 | Јоханес ван дер Валс | Холандија | „за неговата работа на состојбената равенка за гасовите и течностите“[15] | ||
1911 | Вилхелм Вин | Германија | „за неговите откритија во врска со законитостите на зрачењето на топлината“[16] | ||
1912 | Густаф Дален | Шведска | „за пронаоѓањето на автоматски вентил предвиден за употреба заедно со гасните акумулатори кај светилниците и пловките“[17] | ||
1913 | Хејке Камерлинг Онес | Холандија | „за неговите иследувања во својствата на материјата при ниски температури кои, меѓу останатото, доведоа до добивање на течен хелиум“[18] | ||
1914 | Макс фон Лауе | Германија | „за откривањето на дифракцијата на рендгенските зраци со кристали“[19] — важен чекор во развојот на рендгенска спектроскопија. | ||
1915 | Вилијам Хенри Брег | Велика Британија | „за нивните услуги во полза на науката во анализата на кристалната структура со помош на рендгенски зраци“,[20] — важен чекор во развојот на рендгенската кристалографија | ||
Вилијам Лоренс Брег | Австралија
Велика Британија | ||||
1916 | недоделена (Прва светска војна) | ||||
1917 | Чарлс Гловер Баркла | Велика Британија | „за откривањето на карактеристичното рендгенско зрачење на елементите",[21] — важен чекор во развојот на рендгенската спектроскопија | ||
1918 | Макс Планк | Германија | „за неговите услуги во полза на развојот на физиката со откривањето на енергетски квантови“[22] | ||
1919 | Јоханес Штарк | Германија | „за откривањето на Доплеровиот ефект кај каналските зраци и расцепувањето на спектралните линии во електричните полиња“[23] | ||
1920 | Шарл Едуар Гијом | Швајцарија | „за неговите услуги во полза на прецизните мерења во физиката со откритието на аномалиите во легурите на никел и челик“[24] | ||
1921 | Алберт Ајнштајн | Германија Швајцарија |
„за неговите услуги во полза на теориската физика, особено поради откривањето на фотоелектричниот ефект“[25] | ||
1922 | Нилс Бор | Данска | „за неговите услуги во полза на иследувањето на структурата на атомите и зрачењето што го оддаваат“[26] | ||
1923 | Роберт Миликан | САД | „за неговара работа на елементарниот полнеж на електрицитетот и фотоелектричниот ефект“[27] | ||
1924 | Мане Сигбан | Шведска | „за неговите откритија и истражување на полето на рендгенската спектроскопија“[28] | ||
1925 | Џејмс Франк | Германија | „за откривањето на законитостите кои го раководат влијанието на електронот врз атомот“[29] | ||
Густав Лудвиг Херц | Германија | ||||
1926 | Жан Батист Перен | Франција | „за неговата работа на прекинатата структура на материјата, а особено за откривањето на таложната рамнотежа“[30] | ||
1927 | Артур Комптон | САД | „за откривањето на ефектот наречен по него“[31] | ||
Чарлс Вилсон | Велика Британија | „за неговиот метод на видливо претставување на патеките на наелектризираните честички со кондензирана пареа“[31] | |||
1928 | Овен Виланс Ричардсон | Велика Британија | „за неговата работа на термоелектронската појава, а особено за откривањето на законот наречен по него“[32] | ||
1929 | Луј де Број | Франција | „за откривањето на брановата природа на електроните“[33] | ||
1930 | Чандрасекара Венката Раман | Индија | „за неговата работа на расејувањето на светлината и откривањето на ефектот наречен по него“[34] | ||
1931 | недоделена | ||||
1932 | Вернер Хајзенберг | Германија | „за создавањето на квантната механика, чија примена, меѓу другото, доведе до откривањето на алотропските облици на водородот“[35] | ||
1933 | Ервин Шредингер | Австрија | „за откривањето на нови продуктивни облици на атомската теорија“[36] | ||
Пол Дирак | Велика Британија | ||||
1934 | недоделена | ||||
1935 | Џејмс Чедвик | Велика Британија | „за откривањето на неутронот“[37] | ||
1936 | Виктор Франц Хес | Австрија | „за откривањето на космичкото зрачење“[38] | ||
Карл Дејвид Андерсон | САД | „за откривањето на позитронот“[38] | |||
1937 | Клинтон Дејвисон | САД | „за опитното откривање на дифракцијата на електроните со кристали“[39] | ||
Џорџ Паџет Томсон | Велика Британија | ||||
1938 | Енрико Ферми | Италија | „за покажаното постоење на нови радиоактивни елементи произведени од неутронско озрачување и сродното откритие на јадрени реакции предизвикани од бавни неутрони“[40] | ||
1939 | Ернест Лоренс | САД | „за измислувањето и развојот на циклотронот и резултатите добиени со него, особено во однос на вештачките радиоактивни елементи“[41] | ||
1940 | недоделена (Втора светска војна) | ||||
1941 | недоделена (Втора светска војна) | ||||
1942 | недоделена (Втора светска војна) | ||||
1943 | Ото Штерн | САД | „за неговите придонеси во развојот на методот на молекулски зраци магнетниот момент на протонот“[42] | ||
1944 | Исидор Ајзек Раби | САД | „за неговиот резонантен метод на мерење на магнетните својства на атомските јадра“[43] | ||
1945 | Волфганг Паули | Австрија | „за откривањето на начелото на исклучување, наречено Паулиево начело“[44] | ||
1946 | Перси Вилијамс Бриџмен | САД | „за направата што произведува крајно висок притисок и за откритијата што ги направи со неа во полето на високопритисочната физика“[45] | ||
1947 | Едвард Виктор Еплтон | Велика Британија | „за неговите иследувања во физичките законитости на горната атмосфера, особено за откритието на т.н. Еплтонов слој“[46] | ||
1948 | Патрик Блекет | Велика Британија | „за развојот на Вилсоновата маглена комора и откритијата направени со неа во полето на јадрената физика и космичкото зрачење“[47] | ||
1949 | Хидеки Јукава | Јапонија | „за предвидувањето за постоењето на мезони врз основа на теориската работа на јадрените сили“[48] | ||
1950 | Сесил Франк Пауел | Велика Британија | „за развојот на фотографски метод за проучување на јадрените процеси и откритијатата за мезоните направни по овој метод“[49] | ||
1951 | Џон Кокрофт | Велика Британија | „за нивната пионерска работа на претворањето (трансмутација) на атомски јадра со вештачки забрзани атомски честички“[50] | ||
Ернест Волтон | Ирска | ||||
1952 | Феликс Блох | Швајцарија САД |
„за развојот на нови методи за прецизни магнетни јадрена мерења и откритијата поврзани со нив“[51] | ||
Едвард Милс Персел | САД | ||||
1953 | Фриц Цернике | Холандија | „за покажаниот метод на фазен контраст, особено за измислениоит фазнокотрастниот микроскоп]“[52] | ||
1954 | Макс Борн | Германија Велика Британија |
„за неговите основоположнички истражувања во полето на квантната механика, особено за статистичкото толкување на брановата функција"[53] | ||
Валтер Боте | Западна Германија | „за методот на совпаѓање и откритијата направени со него"[53] | |||
1955 | Вилис Лем | САД | „за откритијата во врска со ситната структура на водородниот спектар"[54] | ||
Поликарп Куш | САД | „за прецизното утврдување на магнетниот момент на електронот"[54] | |||
1956 | Џон Бардин | САД | „за нивните истражувања на полето на полупроводниците и откривањето на транзисторскиот ефект“[55] | ||
Волтер Хаузер Братејн | САД | ||||
Вилијам Шокли | САД | ||||
1957 | Ли Џенгдао | Кина САД |
„за проникливото иследување на законите за парност што доведе до важни откритија за елементарните честички“[56] | ||
Џенинг Јанг | Кина САД | ||||
1958 | Павел Черенков | СССР | „за откривањето и толкувањето на Черниковиот ефект“[57] | ||
Иљја Франк | СССР | ||||
Игор Там | СССР | ||||
1959 | Овен Чемберлејн | САД | „за откривањето на антипротонот“[58] | ||
Емилио Сегре | Италија САД | ||||
1960 | Доналд Глејзер | САД | „за пронаоѓањето на меурната комора“[59] | ||
1961 | Роберт Хофштатер | САД | „за пионерските изучувања на расејувањето на електроните во атомските јадра и откритијата за структурата на нуклеоните направени со него"[60] | ||
Рудолф Месбауер | Западна Германија | „за истражувањата во впивањето на одекот на гама-зрачењето и откривањето на поврзаниот ефект кој го носи неговото име"[60] | |||
1962 | Лав Ландау | СССР | „за пионерските теории за кондензираната материја, особено течниот хелиум“[61] | ||
1963 | Јуџин Вигнер | Унгарија САД |
„за неговите придонеси кон теоријата за атомското јадро и елементарните честички, особено со откривањето и примената на основни начела на симетријата"[62] | ||
Марија Геперт-Мајер | САД | „за откритијата поврзани со структурата на јадрената обвивка"[62] | |||
Јоханес Ханс Д. Јенсен | Западна Германија | ||||
1964 | Николај Басов | СССР | „за основоположничката работа на полето на квантната електроника, која доведе до изградба на треперници (осцилатори) и засилувачи засновани на мазерско–ласерското начело“[63] | ||
Александар Прохоров | СССР | ||||
Чарлс Хард Таунс | САД | ||||
1965 | Ричард Фајнман | САД | „за основоположничката работа на полето на квантната електродинамика, со далекусежни последици во физиката на елементарните честички“[64] | ||
Џулијан Швингер | САД | ||||
Шиничиро Томонага | Јапонија | ||||
1966 | Алфред Кастлер | Франција | „за откривањето и развојот на оптички методи на изучување на Херцова резонанца во атомите“[65] | ||
1967 | Ханс Бете | САД | „за придонесите кон теоријата за јадрени реакции, особено откритијата за производството на енергија во ѕвездите“[66] | ||
1968 | Луис Алварез | САД | „за решавачките придонеси кон физиката на елементарните честички, особено откривањето на голем број на резонантни состојби, овозможени од неговиот развој на техниката на водородна меурна комора и анализа на податоците“[67] | ||
1969 | Мари Гел-Ман | САД | „за придонесите и откритијата на класификацијата на елементарните честички и нивните заемодејства“[68] | ||
1970 | Ханес Алфвен | Шведска | „за основоположничката работа и откритија на полето на магнетохидродинамиката со полезна примена во разни области на плазмената физика"[69] | ||
Луј Нел | Франција | „за основоположничката работа и откритијата во врска со антиферомагнетизмот и феримагнетизмот кои доведоа до нивна важна примена во физиката на цврстата состојба"[69] | |||
1971 | Денис Габор | Унгарија – Велика Британија | „за пронаоѓањето и развојот на холографскиот метод“[70] | ||
1972 | Џон Бардин | САД | „за заеднички развиената теорија за суперспроводливоста, обично наречена БКШ-теорија“[71] | ||
Леон Купер | САД | ||||
Џон Роберт Шрифер | САД | ||||
1973 | Лео Есаки | Јапонија | „за опитните откритија во врска со тунелските појави во полупроводниците и суперпроводниците"[72] | ||
Ивар Јевер | САД Норвешка | ||||
Брајан Џозефсон | Велика Британија | „за теориските предвидувања на својствата на суперструјата преку тунелска пречка, особено појавите начелно познати како Џозефсонов ефект"[72] | |||
1974 | Мартин Рајл | Велика Британија | „за пионерските истражувања на полето на радиоастрофизиката: Рајл со неговите набљудувања и пронајдоци (особено техниката на отворна синтеза), а Хјуиш за неговата решавачка улога во откривањето на пулсарите“[73] | ||
Податотека:Hewish postcard.jpg | Ентони Хјуиш | Велика Британија | |||
1975 | Оге Бор | Данска | „за откривањето на поврзаноста помеѓу збирното и честичното движење во атомските јадра и развојот на теоријата за структурата на атомското јадро врз основа на оваа поврзаност“[74] | ||
Бен Рој Мотелсон | Данска | ||||
Џејмс Рејнвотер | САД | ||||
1976 | Бартон Рихтер | САД | „за пионерската работа во откривањето на тешка елементарна честичка од нов вид“[75] | ||
Семјуел Тинг | САД | ||||
1977 | Филип Ворен Андерсон | САД | „за основоположничките теориски иследувања на електронската структура магнетните и безредните системи“[76] | ||
Невил Франсис Мот | Велика Британија | ||||
Џон Хазбрук ван Флек | САД | ||||
1978 | Петар Капица | СССР | „за основните пронаоѓања и откритијаво полето на криогениката"[77] | ||
Арно Алан Пензијас | САД | „за откривањето на космичкото микробраново позадинско зрачење“[77] | |||
Роберт Вудро Вилсон | САД | ||||
1979 | Шелдон Ли Глешоу | САД | „за придонесите кон теоријата на обединетото слабо и електромагнетно заемодејство помеѓу елементарните честички, вклучувајќи го, меѓу другото, предвидувањето на слабата неутрална струја“[78] | ||
Абдус Салам | Пакистан | ||||
Стивен Вајнберг | САД | ||||
1980 | Џејмс Кронин | САД | „за откривањето на нарушувањата во основните начела на симетријата при распадот на неутралните K-мезони“[79] | ||
Вал Логсдон Фич | САД | ||||
1981 | Николас Блумберген | САД | „за придонесите кон развојот на ласерската спектроскопија“[80] | ||
Артур Леонард Шавлов | САД | ||||
Кај Сигбан | Шведска | „за неговиот придонес кон развојот на високоразделителната електронска спектроскопија"[80] | |||
1982 | Кенет Вилсон | САД | „за неговата теорија за критичните појави кај фазните премини“[81] | ||
1983 | Субраманијан Чандрасекар | САД Индија |
„за теориското изучување на физичките процеси од важност за структурата и еволуцијата на ѕвездите“[82] | ||
Вилјам Алфред Фаулер | САД | „за неговите теориски и опитни проучувања на јадрените реакции од важност при образувањето на хемиските елементи во вселената“[82] | |||
1984 | Карло Рубија | Италија | „за решавачките придонеси кон големиот проект кој доведе до откривањето на честичките W и Z, кои ни го приопштуваат слабото заемодејство“[83] | ||
Симон ван дер Мер | Холандија | ||||
1985 | Клаус фон Клицинг | Западна Германија | „за откривањето на квантизираниот Холов ефект“[84] | ||
1986 | Ернст Руска | Западна Германија | „за основоположничката работа во електронската оптика и конструирањето на првиот електронски микроскоп“[85] | ||
Герд Биниг | Западна Германија | „за проектирањето на отчитувачки тунелски микроскоп“[85] | |||
Хајнрих Рорер | Швајцарија | ||||
1987 | Георг Беднорц | Западна Германија | „за епохалното откритие на суперспроводливоста кај керамичките материјали“[86] | ||
Карл Александар Милер | Швајцарија | ||||
1988 | Леон Ледерман | САД | „за методот на неутрински сноп и покажувањето на двоичната структура на лептоните со откривањето на мионското неутрино“[87] | ||
Мелвин Шварц | САД | ||||
Џек Стајнбергер | САД | ||||
1989 | Норман Фостер Ремзи | САД | „за откривањето на методот на одвоени трепетни (осцилаторни) полиња и неговата примена во водородниот мазер и други атомски часовници"[88] | ||
Ханс Георг Демелт | САД | „за развојот на јонската замка"[88] | |||
Волфганг Паул | Западна Германија | ||||
1990 | Џером Ајзек Фридман | САД | „за пионерските иследувања на длабокото нееластично расејување на електроните врз протони и врзани неутрони, што беше од суштинско значење за развојот на кварковиот модел во честичната физика“[89] | ||
Хенри Веј Кендал | САД | ||||
Ричард Едвард Тејлор | Канада | ||||
1991 | Пјер-Жил де Жен | Франција | „за откритието дека методите разработени за проучување на поредочните појави во простите системи можат да се воопштат во посложени облици на материја, особено во течни кристали и полимери“[90] | ||
1992 | Жорж Шарпак | Франција/Полска | „за пронаоѓањето и развојот на детектор на честички, особено повеќежичената пропорционална комора“[91] | ||
1993 | Расел Алан Халс | САД | „за откривањето на нов вид на пулсар кое отвори нови можности во проучувањето на гравитацијата“[92] | ||
Џозеф Хутон Тејлор | САД | ||||
1994 | Бертам Брокхаус | Канада | „за развојот на неутронската спектроскопија“ и „за пионерски придонеси кон развојот на техниките на неутронско расејување за проучување на кондензираната материја"[93] | ||
Клифорд Шал | САД | „за развојот на неутронското расејување“ и „пионерски придонеси кон развојо на неутронското расејување со цел проучување на кондензираната материја“[93] | |||
1995 | Мартин Луис Перл | САД | „за откривањето на тау-лептонот“ и „за пионерските опитни придонеси кон лептонската физика“[94] | ||
Фредерик Рајнес | САД | „за доказното пронаоѓање на неутриното“ и „за пионерски опитни придонеси кон лептонската физика"[94] | |||
1996 | Дејвид Ли | САД | „за откривањето на супертечноста на хелиумот-3“[95] | ||
Даглас Ошероф | САД | ||||
Роберт Колман Ричардсон | САД | ||||
1997 | Стивен Чу | САД | „за развивањето на методи за разладување и ловење на атоми со ласерска светлина.“[96] | ||
Клод Коен Тануџи | Франција | ||||
Вилијам Даниел Филипс | САД | ||||
1998 | Роберт Лафлин | САД | „за откривањето на нов облик на квантна течност со дробнонаелектризирани возбуди“[97] | ||
Хорст Лудвиг Штермер | Германија | ||||
Даниел Цуј | САД | ||||
1999 | Герард 'т Хофт | Холандија | „за разјаснување на квантната структура на електрослабите заемодејства во физиката“[98] | ||
Мартинус Велтман | Холандија | ||||
2000 | Жорес Алферов | Русија | „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката“[99] | ||
Херберт Кремер | Германија | ||||
Џек Килби | САД | „за неговиот удел во измислувањето на интегралното коло“[99] | |||
2001 | Ерик Корнел | САД | „за постигнувањето на Бозе-Ајнштајновата кондензација во раредените гасови кај алкални атоми и основоположничките проучувања на својствата на кондензатите“[100] | ||
Карл Виман | САД | ||||
Волфганг Кетерле | Германија | ||||
2002 | Рејмонд Дејвис | САД | „за пионерските придонеси кон астрофизиката, особено за доказното пронаоѓање на космичките неутрина“[101] | ||
Масатоши Кошиба | Јапонија | ||||
Рикардо Џакони | Италија САД |
„за пионерските придонеси кон астрофизиката кои доведоа до откривањето на вселенските рендгенски извори"[101] | |||
2003 | Алексеј Абрикосов | Русија | „за пионерските придонеси кон теоријата на суперспроводливоста и супертечностите“[102] | ||
Виталиј Гинзбург | Русија | ||||
Ентони Џејмс Легет | Велика Британија САД | ||||
2004 | Дејвид Грос | САД | „за откривањето на асимптотската слобода во теоријата за силното заемодејство“[103] | ||
Дејвид Полицер | САД | ||||
Франк Вилчек | САД | ||||
2005 | Рој Глаубер | САД | „за придонесите кон квантната теорија на оптичката кохерентност"[104] | ||
Џон Хол | САД | „за придонесите кон развојот на ласерски прецизна спектроскопија, вклучувајќи го оптичкиот честотен чешел"[104] | |||
Теодор Хенш | Германија | ||||
2006 | Џон Мадер | САД | „за откривањето на црнотелесниот облик и анизотропијата на космичкото микробраново позадинско зрачење“[105] | ||
Џорџ Смут | САД | ||||
2007 | Албер Фер | Франција | „за откривањето на гигантската магнетоотпорност“[106] | ||
Петер Гринберг | Германија | ||||
2008 | Макото Кобајаши | Јапонија | „за откривање на потеклото на нарушената симетрија која предвидува постоење на барем три семејства на кваркови во природата“[107] | ||
Тошихиде Маскава | Јапонија | ||||
Јоичиро Намбу | Јапонија САД |
„за откривањето на маханизмот на спонтано нарушување на симетријата во субатомската физика"[107] | |||
2009 | Чарлс Као | Хонгконг Велика Британија САД |
„за епохалните достигнувања во преносот на светлина со влакна во оптичката комуникација“[108] | ||
Вилард Бојл | Канада САД |
„за пронаоѓањето на начин на добивање слики со полупроводничко коло, т.е. сетилник со напојна врска (CDD)"[108] | |||
Џорџ Смит | САД | ||||
2010 | Андреј Гејм | Русија Холандија |
„за епохалните опити врз дводимензионалниот материјал графен“[109] | ||
Константин Новоселов | Русија Велика Британија | ||||
2011 | Сол Перлмутер | САД | „за откривањето на забрзувањето на вселената по пат на набљудување на далечни супернови“[110] | ||
Брајан Шмит | Австралија САД | ||||
Адам Рис | САД | ||||
2012 | Серж Арош | Франција | „за епохалните опитни методи кои овозможуваат мерење и манипулација на поединечни квантни системи."[111] | ||
Дејвид Вајнленд | САД | ||||
2013 | Франсоа Англер | Белгија | „за теориското откривање на механизмот кој придонесува кон нашето осознавање на потеклото на масата на субатомските честички, неодамна потврден со откривањето на фундаменталната честичка од опитите ATLAS и Компактен мионски соленоид (CMS) во Големиот хадронски судирач на CERN“[112] | ||
Питер Хигс | Велика Британија | ||||
2014 | Исаму Акасаки | Јапонија | „за измислувањето на делотворни светлечки диоди што даваат бела и штедлива светлина"[113] | ||
Хироши Амано | Јапонија | ||||
Шуџи Накамура | Јапонија САД | ||||
2015 | Такаки Каџита | Јапонија | „за откривањето на неутринските осцилации, со кои се покажува дека неутрината имаат маса“[114] | ||
Артур Мекдоналд | Канада | ||||
2016 | Дејвид Таулес | Обединето Кралство САД |
„за теориските откритија на тополошките фазни премини и тополошките фази на материјата“[115] | ||
Данкан Холдејн | Обединето Кралство САД | ||||
Џон Костерлиц | Обединето Кралство | ||||
2017 | Рајнер Вајс | САД | „за решителниот придонес за ЛИГО детекторот и опсервациите на гравитациските бранови“[116] | ||
Кип Торн | САД | ||||
Бери Бериш | САД | ||||
2018 | Артур Ешкин | САД | „за епохалните откритија во полето на ласерската физика“[117] | ||
Жерар Муру | Франција | ||||
Дона Стрикленд | Канада | ||||
2019 | Џим Пиблс | Канада САД |
„за теоретските откритија на полето на физичката космологија“ | [118] | |
Мишел Мајор | Швајцарија | „за откривањето на вонсончева планета околу ѕвезда од типот на нашето сонце“ | |||
Дидје Кело | Швајцарија | ||||
2020 | Роџер Пенроуз | Обединето Кралство | „за откритието дека образувањето на црните дупки претставува крепко предвидување на општата теорија за релативноста“ | [119] | |
Рајнхард Генцел | Германија | „за откривањето на супермасивно збиено тело во средиштето на нашата галаксија“ | |||
Андреја Гец | САД |
Наводи
[уреди | уреди извор]- Општи
- „Сите добитници на Нобеловата награда за физика“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-08.
- „Нобеловци по категории (физика)“. Енциклопедија Британика. Посетено на 2008-10-08.
- Поединечни
- ↑ „Alfred Nobel – The Man Behind the Nobel Prize“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
- ↑ „The Nobel Prize Awarders“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
- ↑ „The Nobel Prize“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
- ↑ „The Nobel Prize Amounts“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
- ↑ „The Nobel Prize Award Ceremonies“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1901“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1902“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 8,0 8,1 „Нобеловата награда за физика за 1903“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1904“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1905“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1906“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1907“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1908“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1909“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1910“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1911“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1912“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1913“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1914“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1915“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1917“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1918“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1919“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1920“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1921“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1922“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1923“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1924“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1925“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1926“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 31,0 31,1 „Нобеловата награда за физика за 1927“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1928“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1929“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1930“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1932“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1933“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1935“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 38,0 38,1 „Нобеловата награда за физика за 1936“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1937“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1938“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1939“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1943“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1944“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1945“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1946“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1947“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1948“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1949“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1950“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1951“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1952“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1953“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 53,0 53,1 „Нобеловата награда за физика за 1954“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 54,0 54,1 „Нобеловата награда за физика за 1955“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1956“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1957“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1958“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1959“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1960“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 60,0 60,1 „Нобеловата награда за физика за 1961“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1962“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 62,0 62,1 „Нобеловата награда за физика за 1963“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1964“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1965“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1966“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1967“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1968“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1969“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 69,0 69,1 „Нобеловата награда за физика за 1970“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1971“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1972“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 72,0 72,1 „Нобеловата награда за физика за 1973“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1974“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1975“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1976“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1977“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 77,0 77,1 „Нобеловата награда за физика за 1978“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1979“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1980“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 80,0 80,1 „Нобеловата награда за физика за 1981“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1982“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 82,0 82,1 „Нобеловата награда за физика за 1983“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1984“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1985“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 85,0 85,1 „Нобеловата награда за физика за 1986“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1987“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1988“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 88,0 88,1 „Нобеловата награда за физика за 1989“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1990“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1991“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1992“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1993“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 93,0 93,1 „Нобеловата награда за физика за 1994“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 94,0 94,1 „Нобеловата награда за физика за 1995“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1996“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1997“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1998“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 1999“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 99,0 99,1 „Нобеловата награда за физика за 2000“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2001“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 101,0 101,1 „Нобеловата награда за физика за 2002“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2003“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2004“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 104,0 104,1 „Нобеловата награда за физика за 2005“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2006“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2007“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 107,0 107,1 „Нобеловата награда за физика за 2008“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ 108,0 108,1 „Нобеловата награда за физика за 2009“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2009-10-06.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2010“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2010-10-05.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2011“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2011-10-04.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2012“. Нобелова задолжбина. Посетено на 9 October 2012.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2013 Press Release“ (PDF). Нобелова задолжбина. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-08. Посетено на 2013-10-08.
- ↑ „Нобеловата награда за физика за 2014“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2014-10-07.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2015“. Nobel Foundation. Посетено на 2015-10-05.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2016“. Nobel Foundation. Посетено на 2016-10-04.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2017“. The Nobel Foundation. 3 October 2017. Посетено на 3 October 2017.
- ↑ „Нобелова награда за физика 2018“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „Нобелова награда за физика 2019“. Нобелова задолжбина. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2019. Посетено на 8 октомври 2019. (англиски)
- ↑ „Нобелова награда за физика 2020“. Нобелова задолжбина. Посетено на 6 October 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Нобелова награда за физика“ на Ризницата ? |
- Официјалната страница на Кралската шведска академија на науките Архивирано на 16 декември 2008 г.
- Официјалната страница на задолжбината „Нобел“