iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Минато
Минато — Википедија Прејди на содржината

Минато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Василиј Максимов, „Сè е минато“ (1889).

Минатото е делот од времето кој веќе се случил;[1] и е спротивно на иднината.

Минатото е во спротивност и на сегашноста. Исто така се смета за конгломерат на настани што се случиле во одреден момент од времето, внатре во рамките на континуумот време-простор. Ваквиот концепт е во тесна врска и со теоријата за релативноста на Ајнштајн. Минатото е главна тема на истражување во науките како: историја, археологија, археоастрономија, хронологија, геологија, историја на јазикот, право, палеонтологија, палеоботаника, палеогеографија, палеоклиматологија и космологија.

Луѓето го запишуваат минатото уште од древни времиња, па излегува дека една од одликите на луѓето е дека тие се способни да го запишат своето минато, да се сетат на него, да ја планираат иднината врз основа на минатото и да теоризираат за минатото.

Филозофија и наука

[уреди | уреди извор]

Според филозофијата за времето, минатото не постои, иако повеќето науки го проучуваат минатото на светот преку проценување на доказите. Оваа филозофија е во согласноста со релативноста на Галилеј, според која времето не зависи од просторот, но не е во согласност со релативноста на Лоренциан/Ајнштајн.

Во класичната физика, минатото е само половина од времето, додека релативните теории минатото го сметаат како апсолутно минато. Прикажано со земјени мерки, разликата меѓу „класичното“ и „релативното“ минато е помалку од 0,05 секунди.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hegeler, E. C., & Carus, P. (1890). Монист. La Salle, Ill. [etc.]: Published by Open Court for the Hegeler Institute. page 443.