Мимоза
Мимоза | |
---|---|
Лисјата и цветовите на мимозата | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiosperms |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Rosids |
Ред: | Fabales |
Семејство: | Fabaceae |
Род: | Acacia |
Вид: | A. dealbata |
Научен назив | |
Acacia dealbata Link[1] | |
Синоними | |
Мимозата (лат. Acacia dealbata) - вид растение од родот акација (Acacia), на кој припаѓаат 40 родови со околу 1.500 видови тропски и суптропски дрва со еднократни или двократно перасто составени лисја.
Потекло
[уреди | уреди извор]Во светот постојат повеќе од 300 различни видови мимози, кои имаат потекло од Австралија. А во Херцег Нови и Бока Которска се одгледуваат околу 20 вида.
Врсти
[уреди | уреди извор]Познати видови на мимози се:
- Mimosa pudica
- Mimosa borealis
- Mimosa bimucrinata
- Mimosa nuttallii
- Mimosa polycarpa
- Mimosa verrucosa
- Mimosa strigillosa
- Mimosa spegazzini
- Mimosa verticillata
- Mimosa tenuiflora
Особености
[уреди | уреди извор]Мимоза, дрво од семејството акација, во однос на некои други видови, нема долг животен век. Има краток животен век, најголем број живеат 15—30 години, домашните мимози успеваат околу 30 години, а италијанската до петнаесет години. Акациите главно се жбунови или мали стебла кои растат на сушни и сончеви предели. Обично растат до 12 метри во висина, а според некои можат да достигнат и поголеми висини. Многу видови имаат зелени криловидни лисја кои се густо збиени на гранките и прават впечаток на папрат. Африканските видови на акација се прекриени со остри боцки, кои всушност се оформени гранки или лисја. Мимозата има миризливи цветови, најмногу во форма на грашок и жолта боја, а цветовите се со голем број на прашници и сместени се во густи гроздести цветови на краевите од гранките. Мимозите цветаат од февруари до март, ама има и такви видови кои цветаат во јуни и јули, па и такви кои цветаат неколкупати годишно (Acacia semperflorens). Отпорна е на ниски температури до -7 °C, ама сепак треба да се бара локација каде ќе бидат заштитени од ладни ветрови.
Бразилскиот вид срамежлива мимоза (Mimosa pudica) се одликува со чувствителност на лисјата на допир. Лисјата на овој вид покажуваат земјотресни појави — прво се преклопуваат листовите, а потоа со надразнувањето се пренесува на матичните и целиот криловиден лист се поклопува како овенат.
Примена
[уреди | уреди извор]Се одгледува како декоративно дрво, но се користи во индустријата за мебел. Компонентите одвоени се од сите делови на билката кои се користат во фармацијата, козметичката индустрија и медицината. Семето и младите фиданки се користат во азиската кујна за подготовка на разни супи, омлети... Американците сакаат да консумираат ликер направен од лисјата на акација. Тврдото и долготрајно дрво на акација се користело во минатото за рачна изработка на бродови, денес главно се користи за изработка на подови, мебел, играчки, накит.
Занимливости
[уреди | уреди извор]Се смета дека, првите мимози стигнале во Франција во текот на 18. век и прво се саделе покрај вилите на богатите луѓе кои зимата ја поминувале во Франција. Првата Acacia dealbata е увезена во 1884 година од Австралија во Франција и била посадена во паркот на еден замок во Кан.
Мимозата е симбол на жените, слобода, чувствителноста. Во Италија, Русија, Франција и други држави овој цвет се врзува за Меѓународниот ден на жената, 8 март, кога на жените им се подарува букет од овој жолт цвет. Ова означува почитување, носи среќа во работата и љубовта. Во пораката на ова цвеќе овој цвет значи порака на верна љубов.
Манифестација
Една од најзначајните манифестации на балканските простори „Празникот на мимозите“. Основана е во 1969 година, а од 1991 година е член на зружението Карневалски градови во Европа (FEEC). Овој фестивал главно се одржува во февруари. „Празникот на мимозата“ е манифестација во слава на цвеќето — цвет на мимозите. Во кругот на фестивалите се одвива во голем број туристички, забавни, културни, спортски и други разни програми.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мимоза“ на Ризницата ? |
- Hrvatska enciklopedija
- Факти за мимозата
- За манифестацијата Архивирано на 1 ноември 2016 г.
- Сите видови мимози
- ↑ „Acacia dealbata“. Australian Plant Name Index (APNI), IBIS database. Centre for Plant Biodiversity Research, Australian Government, Canberra.[мртва врска]
- ↑ «Acacia dealbata» Архивирано на 14 февруари 2017 г. EOL.