Матеј Кантакузин
Матеј Кантакузин | |
---|---|
Соцар на Византија | |
На престол | 1353–1357 |
Претходник | Јован V Палеолог и Јован VI Кантакузин |
Наследник | Јован V Палеолог |
Починал(а) | 15 јуни 1383 |
Сопружник | Ирина Палеологина |
Династија | Палеолози |
Татко | Јован VI Кантакузин |
Мајка | Ирина Асенина |
Матеј Асен Кантакузин (грчки: Ματθαίος Ασάνης Καντακουζηνός) бил византиски цар од 1353 до 1357 година.
Матеј Кантакузин бил син на цар Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина. Во замена за поддршката што ја дал на својот татко за време на конфликтот со Јован V Палеолог, Матеј ја добил управата на дел од Тракија како личен апанаж и бил прогласен за цар во 1353. Од своите тракиски територии водел неколку војни против Душановото царство. Нападот, за кој се подготвувал во 1350 бил запрен од повлекувањето на турските сојузници. Во 1357 бил заробен од непријатели, кои го предале на соперничкиот му цар Јован V Палеолог. Принуден да абдицира, тој се преселил во Мореја во 1361 и помагнал на својот брат Мануил Кантакузин во неговата влада. По смртта на неговиот брат во 1380, Матеј Кантакузин управувал Морејското Деспотство до назначувањето за нов гувернер на Мореја на Тодор I Палеолог во 1381. Пред целосниот премин на власта во Мореја од фамилијата на Кантакузини кон онаа на Палеолозите, Матеј го пренесел управувањето на својот син Димитар I Кантакузин.