iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Лион
Лион — Википедија Прејди на содржината

Лион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лион
Lyon
префектура и општина
Top: Basilica of Notre-Dame de Fourvière, Place des Terreaux with Fontaine Bartholdi and Lyon City Hall at night. Centre: Parc de la Tête d'Or, Confluence district and the Vieux Lyon. Bottom: Pont Lafayette, Part-Dieu district with the Place Bellecour in foreground during Festival of Lights.
Top: Basilica of Notre-Dame de Fourvière, Place des Terreaux with Fontaine Bartholdi and Lyon City Hall at night.

Centre: Parc de la Tête d'Or, Confluence district and the Vieux Lyon.

Bottom: Pont Lafayette, Part-Dieu district with the Place Bellecour in foreground during Festival of Lights.
Знаме на ЛионГрб на Лион
Гесло: Avant, avant, Lion le melhor.
(Old Franco-Provençal: Forward, forward, Lyon the best)[nb 1]
ЗемјаФранција
РегионРона-Алпи
МетрополаЛионска метропола
ОкругLyon
span style="color:black;">Поделба9 arrondissements
Управа
 • Градоначалник (2017–2020) Жорж Кепенекјан (ПС)
Површина147,87 км2 (1,848 ми2)
 • Метро (2010)6.018,62 км2 (232,380 ми2)
Население (Jan. 2014[1])2506,615
 • Ранг3rd in France
 • Густина0,11/км2 (0,27/ми2)
 • Метро (2014)2,265,375[2]
(2nd in France)
Час. појасCET (GMT +1)
INSEE/Пошт. бр.69123 / 69001-69009
Надм. висина162 м )
Мреж. местоlyon.fr
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Лион (француски: Lyon, франкопровансалски: Liyon) — град во источниот дел на средна Франција. По број на жители Лион е трет град по големина, зад Париз и Марсеј, додека со околните урбани предели, ја сочинува втората по големина агломерација во Франција, и има посебен статус на територијална заедница, наречена Метропола Лион. Лион е голем стопански центар сместен помеѓу Париз и Марсеј и има углед на Француски центар на гастрономијата и има значаен придонес во развојот на кинематографијата.

Лион е главен град на департманот Рона и регионот Оверњ-Рона-Алпи. Познат е и по историските и архитектонски знаменитости и е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Историски Лион е познат и како светски главен град на свилата. Седиште е и на меѓународната полициска организација Интерпол и медиунската мрежа Еуроњуз (Euronews).

Историја

[уреди | уреди извор]

Лион бил основан на ридот Фурвие, како римска колонија во 43 г. п.н.е. од Мунаци Планк, поручникот на императорот Цезар. Првичното име на Лион било Лугдунум (Lugdunum) што значело „рид на светлината“.

Агрипа спознава дека местоположбата на Лион е исклучително поволна како комуникациска врска помеѓу северниот и јужниот дел и ја определил како почетна точка на римските патишта низ Галија. Тој тогаш станал главен град на Галија, пред сè благодарејќи на својата поволна положба, сместен на две пловни реки, и со тоа го добива епитетот најзначаен град во тогашната римска провинција.

Двајца императори се родени во овој град, Клавдиј и Каракала. Денес лионската епископија сè уште се повикува на „приматот на Галија“ како „престолнина на Галија“.

Христијанството во Лион било прогонувано од страна на римските императори, најмногу од Марко Аурелиј и Септимиј Север.

Големиот христијански епископ Иринеј Лионски умрел маченички, бранејќи ги тезите на Христијанството.

Кон крајот на XV век Лион станал банкарски центар во Франција, каде што подоцна се отворила и првата берза во 1749. Дури во ренесансата во Лион започнува да се развива и индустријата за свила, пред сè поради влијанието од Италија. Благодарение на индустријата со свила, во XIX век Лион станува важен индустриски центар во Франција.

За време на Француската револуција Лион е против националниот конвент и ги поддржува Жирондинците. Во 1793 градот бил под опсада два месеци, од страна на Револуционерната армија.

Повеќе од 2000 луѓе биле погубени и повеќе згради биле уништени. Деценија подоцна Наполеон Бонапарт се обврзал да ги реконструира сите згради уништени во тој период.

Реката Сона во Лион погледната од мостот Ла Феје
Плоштадот Белекур во центарот на Лион
Типичен ресторан во Лион

Лион бил центар на Германците во текот на Втората светска војна, а исто така и центар на францускиот отпор против окупацијата.

Географија

[уреди | уреди извор]

Лион лежи на реките Сона и Рона и со нивното спојување го формираат полуостровот Пресквил (Presquîle), над градот има два големи рида, еден на запад, а другиот на север од историскиот градски центар.

Плоштадот Белекур е сместен на полуостровот Пресквил, помеѓу реките Рона и Сона и тој е трет по големина плоштад во Франција и еден од најголемите во Европа. Тој воедно е и еден од најотворените плоштади (без поголеми зеленила, дрвја, или какви било препреки) во Европа.

Источно од полуостровот Пресквил се простира голема површина, каде се сместени многу модерни објекти во Лион и таму населеноста е најголема. Во урбаниот центар се наоѓа и деветтата највисока зграда во Франција, сопственост на банката Креди лионе.

Северно од градот се наоѓа и еден од најголемите урбани градски паркови во Европа, „Паркот на Златната Глава“. Во паркот се наоѓа и зоолошка градина.

Во средниот век, Арпитанците — жителите на областа — зборувале арпитански јазик. Лионскиот дијалект бил заменет постепено со францускиот јазик. Како и да е, дијалектот сѐ уште е жив и може да се чуе во Лион. Во Лион уште во XVI век е започнато со печатење на книги и дела од многу поети и научници.

Браќата Лимиер го промовирале киното во 1895 година. Музејот Лимиер денес содржи многу од нивните изуми и пронајдоци од светот на филмската индустрија.

Во Лион секоја година на 8 декември се одржува фестивал на светлината (La Fête des lumières), во чест на Богородица Марија. За време на фестивалот градот блеснува во светлина и сите значајни историски објекти добиваат илуминација во многу бои и форми.

Африканскиот музеј во Лион е еден од најстарите музеи.

Гастрономија

[уреди | уреди извор]

Векови наназад Лион е познат како Француски центар на гастрономијата, а фактот што некои од најдобрите готвачи потекнуваат од Лион го потврдуваат тоа. Исто така и некои од најпрочуените Француски винови насади се наоѓаат во близина на Лион, како Божоле (северно) и Брегот Рона (јужно). Виното Божоле е многу популарно во градот.

Во градот се наоѓаат и типични ресторани кои се нарекуваат „бушон“ (Bouchon), каде што се служат традиционални јадења и вина.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Плоштадот Белкур
  • Металната кула Фурвјер (1894)
  • Музеј на убавите уметности
  • Катедрала Св. Јован (Сен-Жан)
  • Богородична базилика (Нотр-Дам)
  • Национална опера
  • Базилика Св. Мартин Енејски (Сен-Мартен д'Ене)

Паркови и градини

[уреди | уреди извор]
  • Jardin botanique de Lyon (Ботаничка градина Лион)
  • Parc de la Tête d'Or (Паркот на Златната Глава)

Образование

[уреди | уреди извор]

Во Лион постојат поголем број на основни и средни училишта, како и високообразовни институции:

  • Европска трговска школа
  • Виша школа за хемија, физика и електроника
  • Централна школа
  • Католичка школа за уметност и занает
  • Школа за деловно раководење
  • Установа „Шартре“
  • Универзитет „Клод Бернар“
  • Универзитет „Лимиер“
  • Универзитет „Жан Мулен“
  • Институт за раководење со претпријатија - Универзитет „Клод Бернар“
  • Католички универзитет
Андре Мари Ампер роден во Лион (1775-1836)

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Воздушен

[уреди | уреди извор]

Од воздух до Лион може да се стигне преку аеродромот Лион-Сен Егзипери, кој се наоѓа на 20 километри источно од Лион и на него се одвиваат регионални и меѓународни летови. Аеродровот е поврзан со ТЖВ железничка линија со градот.

Железнички

[уреди | уреди извор]

Лион е поврзан со север (Лил, Париз, Брисел) и со југ (Марсеј, Монпелје преку ТЖВ. Лион е првиот град поврзан со Париз преку ТЖВ.

Градот е поврзан преку многу магистрални патишта со поголемите градови во Франција. A6 со Париз, А7 со Марсеј, А42 со Женева, А43 со Гренобл итн.

Јавен превоз

[уреди | уреди извор]

Лион располага со квалитетен јавен превоз, а услугата се состои од метро, трамвај, автобуси, тролејбуси итн.

Лион е дом на фудбалската екипа од Лига 1 Олимпик Лион или скратено познат како Лион или ОЛ. Екипата ужива голема популарност, посебно поради фактот што ги освоила последните седум шампионски титули во француското првенство. Капитенот на екипата Жунињо Пернамбукано е еден од неколкуте Бразилци во екипата, освојувајќи многу успеси со тимот. Екипата е редовен учесник во Лигата на Шампионите на УЕФА. Олимпик Лион игра на стадионот Жерлан (Stade de Gerland)со капацитет од 41.000 гледачи. Тимот планира да се пресели на новиот стадион којшто треба да се изгради, во областа Décines-Charpieu, кој ќе има капацитет од над 65.000 гледачи. Лион исто така има и рагби тим Lyon OU. Вилурбан, предградието на Лион е дом на кошаркарскиот тим ASVEL.

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Лион е збратимен град со:

  1. „Séries historiques des résultats du recensement – Commune de Lyon (69123)“. INSEE.
  2. „Dossier complet - Aire urbaine de Lyon“. INSEE. Посетено на 2 October 2017.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-07-19. Посетено на 2009-04-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „nb“, но нема соодветна ознака <references group="nb"/>.