Керала
Изглед
Керала | |
---|---|
Kerala - കേരളം | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Тируванантапурам (794.000 стан.) |
Површина: | 38.863 км2 |
Население: | 32.803.000 (2006) |
Густина на население: | 844 жит./км2 |
Јазик: | малајалски (службен); тамилски, тулски, конкански, англиски |
Религија: | хиндуизам (56,2 %), ислам (24,7 %), христијанство (19,0 %), и други |
Мрежно место: | www.kerala.gov.in |
Мапа | |
Керала (малајалски: കേരളം = Кералам) — сојузна држава во Индија со површина од 38.863 км2 и 32.802.812 жители (сос: 1. јан. 2006). Густината на населението е 844 жит./км2, што ја прави Керала една од најгусто населените краеви на Индија. Главен град е Тируванантапурам (некогаш се викал Тривандрум).
Сојузната држава Керала настанала во 1956. со соединувањето на трите некогашни кнежевства: Кочин, Малабар и Траванкоре. Името Керала значи „Земја на кокосовите палми“. На малајалски кера значи кокосова палма, која е многу честа во овој регион, додека алам значи земја.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Службен портал на владата од Керала
- Туризамот во Керала Архивирано на 8 август 2012 г. (анг, гер, фра)
- Фотографии од Керала Архивирано на 18 јули 2006 г.
- Фотографии од Керала[мртва врска]
|
|