iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Карло_Топија
Карло Топија — Википедија Прејди на содржината

Карло Топија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карло Топија
Кнез на Албанија
На престол1358–1388
ПретходникАндрија I Топија
НаследникЃорѓе Топија

Карло Топија (албански: Karl Topia) бил средновековен албански владетел кој владеел од средината на 14ти век до паѓањето на Албанија под осмалиска власт.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]
Територијата со која владеел Карло Топија, во 1360 год.

Карло Топија, всушност, е син на Андрија Топија и вонбрачната ќерка на кралот на Неапол, Роберт I, од родот на Анжујците. Историските извори од средината и третата четвртина на XIV век говорат за постојаниот подем на Карло Топија, кој ја наметнува својата власт на помалите велможи во пределите на средна Албанија помеѓу реките Шкумб и Мат, притоа ширејќи ја својата територија на север и северозапад кон крајбрежните градови на Јадранот и од Кроја, својот престолен град, ја контролира и пошироката територија околу Драч. Поради оваа експанзивна политика, тој доаѓа во судир со Балшиќите со кои успешно војува на север, околу Улцињ, Дањ, Дриваст, Скадар и во 1364 г. го заробува најспособниот од браќата, Ѓураѓ Балшиќ, држејки го како затвореник до 1366 г. Кога во 1368 г. го освојува и Драч, најзначајниот град на албанското приморје, тој апсолутно станува и најмоќниот господар од Скадар, Дањ, Дривас и Љеш на север, Валона и Канина на југ, Берат и Кроја во средишните делови на Албанија.[2]

Црквата Св. Јован Владимир, изградена од Карло Топија

Пред крајот на животот, Топија ќе биде потиснат од Османлиите кои длабоко навлегуваат во пределите на средна и јужна Албанија. Тој веќе воено и политички ослабен се обидува од добро утврдениот Драч и со помошта на Венецијанците да ја сочува својата власт и да ги одбрани преостанатите поседи. Во 1387 г. преговара со Венецијанците да го предаде Драч на Републиката, но кон крајот на истата година умира. Неговиот син Ѓорѓе ќе го надживее само неколку години, и во 1392 г. го отстапува Драч на Венецијанците, додека останатите семејните поседи и правото над нив им ги пренесува на своите сестри Елена и Воислава.[2]

  1. Gillian Gloyer (2008). Albania. ISBN 9781841622460. Посетено на 15 November 2011.
  2. 2,0 2,1 Цветковски, Сашо (2016). „Ктиторскиот портрет на Карло Топија од житијната икона на Свети Јован Владимир од манастирот Арденица“. MONUMENTA. Македонска академија на науките и уметностите. 1: 228–229.