Изоноја (месечина)
Изглед
Изоноја во декември 2001 г. | |
Откривање [1] | |
---|---|
Откритие на | Скот Шепард Дејвид Џуит Јанга Фернандес Ежен Мање |
Откритие во | опсерваторија „Мауна Кеја“ |
Откриено | 23 ноември 2000 |
Ознаки | |
Наречена по | Изоноја (Ισονόη) |
S/2000 J 6 | |
Орбитални особености [2] | |
Епоха 23 март 2018 (јд 2458200,5) | |
Лак на набљудување | 17,46 г (6.379 дена) |
0,1559024 ае (23.322.670 км)} | |
Занесување | 0,2263119 |
–688,61 д | |
148,53423° | |
0° 31м 36.216с дневно | |
Наклон | 164,45891° (кон еклиптиката) |
203,99552° | |
219,75296° | |
Месечина на | Јупитер |
Физички особености[4] | |
Албедо | 0,04 (претпоставено) |
22,5[3] | |
16,0[2] | |
Изоноја {од старогрчки: Ἰσονόη}, наречена и Јупитер XXVI — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2000 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард, и ја добила привремената ознака S/2000 J 6.[5][1]
Има пречник од 4 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23.833.000 км за 688,61 дена. Има наклон од 166° кон еклиптиката (169° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока на движење и занос од 0,166.
Именувана е во октомври 2002 г. по Изоноја, една од Данаидите од старогрчката митологија и љубовница на Зевс (Јупитер).[6]
Изоноја ѝ припаѓа на Кармината група, сочинета од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 23 до 24 Гм и наклон од околу 165°.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 MPEC 2001-A28: S/2000 J 2, S/2000 J 3, S/2000 J 4, S/2000 J 5, S/2000 J 6 2001 јануари 5 г. (откривање и ефемерида)
- ↑ 2,0 2,1 „M.P.C. 115890“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
- ↑ Sheppard, Scott. „Scott S. Sheppard - Jupiter Moons“. Department of Terrestrial Magnetism. Carnegie Institution for Science. Посетено на 27 ноември 2020.
- ↑ „Planetary Satellite Physical Parameters“. Jet Propulsion Laboratory. 19 февруари 2015. Посетено на 27 ноември 2020.
- ↑ IAUC 7555: Satellites of Jupiter Архивирано на 16 септември 2002. 2001 January 5 (discovery)
- ↑ IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 октомври 22 г. (именување на месечината)
|