Пет хоризонтални нееднакви ленти во сина, бела, црвена, бела и сина боја. Во прицврстениот дел на знамето, на црвената лента, се наоѓа државниот грб на републиката.
Знамето е составено од пет ленти во сина, бела, црвена, бела и сина боја. Сината боја ги претставува небото, можностите и идеализмот. Белата боја претатавува мир, мудрост и среќа. Црвена боја ја претставува крвта на борците за независна Костарика. Ова знаме е слично со знамето на Тајланд, но тајландското знаме е усвоено 11 години подоцна.