Дижон
Дижон | |
---|---|
Бургундската палата | |
| |
Координати: 47°17′26″N 5°02′34″E / 47.2906° СГШ; 5.0428° ИГД | |
Земја | Франција |
Округ | Дижон |
Кантон | Дижон |
Општ. заедница | Дижон |
Управа | |
• Градоначалник (2020-2026) | Франсоа Ребсамен |
Население 1 | 156,854 |
INSEE/Пошт. бр. | 21231 / |
2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Дижон (француски: Dijon) — град во источно-централна Франција, главен град на департманот Златен Брег и регионот Бургундија. Во градот живеат околу 157.000 жители и со тоа Дижон е 18-ти град во Франција според број на население.
Градот е збратимен со Скопје.
Географија
[уреди | уреди извор]Дижон е оддалечен 300 км од главниот град Париз, 200 од Женева и Лион. Градот има поволна географска положба бидејќи низ него поминуваат значајни железнички линии и автопатишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Во градот се развиени повеќе стопански гранки од кои најбитни се:
- Прехранбена индустрија
- Металургија
- Механичка индустрија
- Транспорт
- Земјоделство
- Фармацевтска индустрија
Гастрономија
[уреди | уреди извор]Дижон се смета за еден од светските центри на гастрономијата. Во градот секоја есен се одржува меѓународниот саем за кулинарство. Околу Дижон се наоѓа и познатото Бургоњско виногорје.
Сенф
[уреди | уреди извор]Дижон во светски рамки е најмогу познат по својот сенф. Дижонскиот сенф настанал во 1856 година кога Жан Нижон ги заменил традиционалните состојки со незрело грозје познато во Франција како “вержис”, со тоа добивајќи сенф со сладок и хармоничен вкус,подоцна станувајќи познат деликатес ширум светот. Дижонскиот сенф ретко може да се најде на пазарот како трговска марка и доколку некој сака да го проба оригиналниот вкус ќе може да го најде само во Дижон.
Познати луѓе од Дижон
[уреди | уреди извор]- Густав Ајфел, француски инженер и металург, ( конструктор на Ајфеловата кула
- Анри Дарси, физичар
- Огист Моро, вајар
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Град Дижон
- Туристичко биро во Дижон
- Дижонска историја Архивирано на 29 април 2009 г.
Оваа статија место во Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|