iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Графит
Графит — Википедија Прејди на содржината

Графит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Графит
Графитен камен
Општо
Категоријаеднороден
ФормулаC
Штрунцова класификација01.CB.05a
Единична ќелијаa = 2.461 Å, c = 6.708 Å; Z = 4
Распознавање
Бојажелезно-црна до сива
Кристален системШестаголен
ЦепливостБазална – совршен на {0001}
ПреломРонлив, во одредени средини и груб
Жилавосткршлив, нееластичен
Цврстина на Мосовата скала1–2
Сјајметаличен, земјен
ОгребЦрна
Густина2,09–2,23 г/см3
Оптички својстваЕдноосов (–)
ПлеохроизамСилен

Графиталотропска модификација на јаглерод. Тој е изграден од атоми на јаглерод(C) кои се правилно распоредени, но на поинаков начин во споредба со дијамантот. Тие формираат слоеви. Врската меѓу слоевите е слаба и затоа графитот има мала тврдина, може да се цепи и остава трага на хартијата. Графитот е спроводник на електрицитет и затоа од него се изработуваат електроди.

Името му потекнува од грчкиот збор „графо” што значи пишува. Кристилизира шестаголно, 6/mmm, а =2.46А.

Кристалите на графитот се доста ретки. Кристални форми во кои се јавува се следните: (0001), (1120), (1011), (1121), (2245). Најчесто се наоѓа во лушпести агрегати и густи маси. Структурата е претставена со паралелни шестаголни рамнини од јаглеродни атоми. Растојанието C-C меѓу рамнините е 0,340 nm, што е и растојанието во ароматичниот прстен. Растојанието C-C меѓу рамнините е 0,340 nm и затоа во насока на рамнините има релативно висока електрична цепливост и други супстанции полесно се вклучуваат меѓу слоевите.

При топлинска обработка графитот се обработува на температура од 30000 С и висок притисок, што доведува до премин во друг алотропски облик на јаглерод диоксиддијамантот. Графитот има атомска кристална решетка. Во неа сепак јаглеродните атоми се наоѓаат во слоеви. Во даден слој секој јаглероден атом е поврзан преку подеднакво здрави ковалентни врски со три соседни јаглеродни атоми. Електроните кои ги формираат врските меѓу слоевите и графитот се подвижни. Хемиските врски помеѓу слоевите се послаби отколку меѓу атомите во ист слој. Меѓу атомите на два соседни слоеви има поголемо растојание, отколку помеѓу атомите во еден слој. Затоа графитот има слоеста структура.

Кокс, саѓи, јаглен и дрво содржат и се состојат од мали кристали на графит. По боја е црн, а исто така и бојата на огребот е црна. Сјајност има металична до матна. Цепливост совршена по (0001). Тврдина има 1, а густина 2,09-3,23 g/cm3.

Не се раствора во киселини. Има масен допир и мала тврдина, а остава и трага-пишува. Сличен е со молибденит MoS2, од кој се разликува по боја и послабиот сјај.

Во најголем дел настанува од метаморфни карпи како разултат на намалување на наталожените јаглеродни соединенија при процесот на метаморфизам. Исто така се јавува во вулканските карпи и во метеоритите. Се јавува во магматските карпи и пегматитите. Минерали кои содржат графит се: кварц, калцит и турмалин. Во метеоритите такви соединенија се триолити и силикатни минерали.

Познати вариетети се шунгит и графит.

Позначајни наоѓалишта се наоѓаат во: Русија, Канада, Мексико, Германија, Кина, Индија, Бразил, Северна Кореја и др. Графитот може да се користи како огноотпорен материјал за моливи, за особено црни бои, за јаглероден челик, средство за подмачкување и други. Графит со многу висока чистота се користи како неутронски модератор во нуклераните реактори. Поради високата електрична спроводливост наоѓа примена во електрохемијата, електрометалургијата (електроди) и др.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Клеин, Корнелис и Корнелиус С. Харлбут, Јуниор (1985). Manual of Mineralogy: after Dana (дваесетто. изд.). ISBN 0-471-80580-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Тејлор, Харолд А. (2000). Graphite. Financial Times Executive Commodity Reports. London: Mining Journal Books ltd. ISBN 1-84083-332-7.
  • Тејлор, Харолд А. (2005). Graphite. Industrial Minerals and Rocks (седмо. изд.). Littleton, CO: AIME-Society of Mining Engineers. ISBN 0-87335-233-5.

Поврзано

[уреди | уреди извор]