Горица (покраина)
Горица Provincia di Gorizia Goriška pokrajina | |||
---|---|---|---|
Горица во рамките на Италија | |||
Земја | Италија | ||
Регион | Фурланија-Јулиска Краина | ||
Седиште | Горица | ||
Општини | 25 | ||
Управа | |||
• Комесар | Паоло Виола | ||
Површина | |||
• Вкупна | 466 км2 (180 ми2) | ||
Население (31 јуни 2016) | |||
• Вкупно | 139.902 | ||
• Густина | 300/км2 (780/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 34070-34079, 34170 | ||
Повик. бр. | 0431, 0481 | ||
Рег. таб. | GO | ||
ISTAT | 031 | ||
Мреж. место | provincia.gorizia.it |
Горица или Гориција (италијански: Provincia di Gorizia, словенечки: Goriška pokrajina) — покраина во автономниот регион Фурланија-Јулиска Краина, североисточна Италија. Зафаќа површина 466 км2 и вкупно население од 142.035 жители (2012). Излегува на Јадранското Море со брег во должина од 47,6 км2. Седиште е градот Горица (Гориција).
Општини
[уреди | уреди извор]Покраината денес опфаќа вкупно 25 општини[1]. Покрај италијанските, во загради дадени се и традиционалните словенечки називи, освен за градот Горица, каде случајот е обратен.
- Вилесе (Вилеш)
- Горица (Гориција)
- Градиска д’Изонцо (Градишче на Соча)
- Градо (Градеж)
- Добердо дел Лаго (Добередоб)
- Долења дел Колио (Долење)
- Каприва дел Фриули (Копривно)
- Кормонс (Крмин)
- Маријано дел Фриули (Марјан)
- Медеја
- Монфалконе (Тржич)
- Мораро (Морар)
- Моса (Мош)
- Романс д’Изонцо (Романж на Соча)
- Ронки деи Леџонари (Ронке)
- Савоња д’Изонцо (Соводње)
- Саградо (Заграј)
- Сан Канцијан д’Изонцо (Шкоцјан на Соча)
- Сан Лоренцо Изонтино (Шловренц)
- Сан Пјер д’Изонцо (Шпетер)
- Сан Флоријано дел Колио (Штеверјан)
- Старанцано (Штаранцан)
- Туријако (Турјак)
- Фара д’Изонцо (Фара на Соча)
- Фољано-Редипуља (Фољан Средипоље)
Историја
[уреди | уреди извор]Од 1924 до 1927 г. населените места на оваа територија биле во состав на покраината Удине.
Од 1918 до 1924 и од 1927 до 1947 г. покраината Горица опфаќала низа населени места кои потоа се припоени кон Југославија и денес се во состав на Словенија. Во заграда се дадени поранешните италијански називи.
- Ајдовшчина (Ајдусина)
- Анхово (Салона д’Изонцо)
- Бовец (Плецо)
- Браник (Рифемберго)
- Брегињ (Бергоња)
- Випава (Випако)
- Випавски Криж (Санта Кроче ди Ајдусина)
- Грахово на Бача (Гракова Серавале)
- Гргар (Гаргаро)
- Доброво (Кастел Добра)
- Дорнберк (Монтеспино)
- Идрија (Идрија)
- Кал над Каналом (Кал ди Канале)
- Канал на Соча (Канале д’Изонцо)
- Кобарид (Капорето)
- Комен (Комено)
- Мирен (Мерна)
- Мост на Соча (Санта Луча д’Изонцо)
- Опатје Село (Опакјасела)
- Поднанос (Сан Вито ди Випако)
- Ренче (Ранцијано)
- Соча (Сонција)
- Стањел (Сан Даниеле дел Карзо)
- Tемница (Теменица)
- Толмин (Толмино)
- Трново (Тарнова дела Селва)
- Церкно (Чиркина)
- Цол (Цола)
- Чепован (Кјаповано)
- Чрни Врх (Монтенеро д’Идрија)
- Чрниче (Черница Горицијана)
- Шемпас (Самбасо)
- Шмартно (Сан Мартино ди Квиска)
Население
[уреди | уреди извор]Словенците сочинуваат 11% од населението на покраината.[2] Словенечкиот јазик како малцински е заштитен со закон во 9 општини.[3] Населението во руралните општини Добердо дел Лаго, Савоња д’Изонцо и Сан Флоријано дел Колио) — претежно словенечко, но Словенците бројно се најзастапени во градот Горица. Во покраината живеат и Македонци.
Еве ги десетте земји чии државјани се најзастапени во покраината (31 декември 2010):[4]
- Бангладеш 1.603
- Романија 1.153
- Босна и Херцеговина 1.092
- Хрватска 851
- Македонија 799
- Србија 646
- Словенија 502
- Косово 431
- Албанија 427
- Украина 374
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Општини“. Покраина Горица. Архивирано од изворникот на 2017-10-22. Посетено на 28 август 2017. (италијански)
- ↑ http://www.uoc.es/euromosaic/web/document/eslove/an/i1/i1.html
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-06. Посетено на 2017-08-28.
- ↑ ISTAT. „Gorizia“. ISTAT. Архивирано од изворникот на 2018-01-26. Посетено на 2012-06-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Горица (покраина)“ на Ризницата ? |
- Портал на покраината Горица на повеќе јазици
|
|
45°56′23″N 13°37′24″E / 45.9398° СГШ; 13.6234° ИГД
|