iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Глеѓ
Глеѓ — Википедија Прејди на содржината

Глеѓ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глеѓ
Катник
Податоци
Назнаки
Латинскиenamelum
TAA05.1.03.056
FMAFMA:55629

Глеѓта (лат. substantia adamantina s. enamelum) претставува надворешната обвивка на коронката на забот, таа го заштитува дентинот од влијанијата во усната празнина[1] . Изградена е од органска матрица (од 4% до 8%) и кристали на хидроксиапатит (од 92% до 96%). Од нив 12% ѝ припаѓаат на водата. Дебелината на глеѓта варира и најтенка е во пределот на вратот на забот, каде преоѓа во цемент кој го покрива коренот на забот, а најдебела е на џвакалните површини (кај преткатниците и катниците) и секалните рабови кај предните заби. Тоа е најцрвстата супстанција во човековото тело.

Неправилности во структутата на глеѓта

[уреди | уреди извор]
Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и глеѓта.

Тие настануваат во времето на создавањето на глеѓта, кога врз процесот на создавање на органска матрица, минерализација и созревањето на глеѓта делуваат негативни фактори.

Постојат неколку фактори кои условуваат појава на структурни аномалии на глеѓта:

  • Општи фактори
  • Локални фактори
  • Наследување
  • Интоксикација и
  • Непознати причини
  • Неправилност предизвикана од дејството на општите фактори се нарекува хипоплазија на глеѓта.
  • Неправилност предизвикана од дејството на локални фактори се нарекува Тарнерова хипоплазија.
  • Неправилност предизвикана од дејството на наследни фактори се нарекува Amelogenesis imperfecta.
  • Неправилност предизвикана од дејството на интоксикација (труење) се нарекува флуороза на забите.
  • Неправилност предизвикана од дејството на сѐ уште неразјаснети причини може да се види како локализирано заматување на забите.
  1. „Severe Plane-Form Enamel Hypoplasia in a Dentition from Roman Britain“. ResearchGate (англиски). Посетено на 2019-01-09.