Трката била освоена од британскиот возач Сајмон Јејтс за негова прва победа на некоја голема трка и прв победа на некоја голема трка за неговата австралиска екипа Мичелтон-Скот. Тоа било втора последователна Вуелта и петта последователна голема трка, која била освоена од британски возач и била заокружена годината на победи на големите трки од тројца различни возачи од иста држава, со победата на Крис Фрум на Џиро д’Италија и победата на Герајнт Томас на Тур де Франс.
Изданието на Вуелта а Еспања во 2018 година било составено од 22 екипи.[4] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5]
Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2018, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[9]
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[9]
Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.[9]
Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.[9]
За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[9]
Дополнително постоеле и две поединечни награди: наградата за борбеност и наградата за млад возач. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот. Наградата за млад возач се сметала на истиот начин како и генералниот пласман, но само за возачите родена на или по 1 јануари 1993 година. Предводникот го носел црвениот број.[9]
↑ 1,01,11,2На втората етапа, Виктор Кампенертс, кој бил трет во бодовниот и генералниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Роан Денис ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман; Михал Квјатковски, кој бил втор во генералниот и бодовниот пласман, избрал да го носи неговиот национален дрес. Нелсон Оливеира, кој бил четврти во генералниот и бодовниот пласман, ја носел сината точкеста маичка на втората етапа, иако не биле доделени бодови на воведниот поединечен хронометар. Дилан ван Барле, кој бил петти во генералниот и бодовниот пласман, затоа го носел белиот дрес во комбинираниот пласман.
↑ 2,02,1На етапите 3-5, Алехандро Валверде, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Михал Квјатковски ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. Како последица на тоа, белата маичка ја носел третопласираниот возач во комбинираниот пласман, на етапите 3 и 4, таа била носена од Лауренс де Плус, додека Бен Кинг ја носел маичката на петтата етапа.
↑На седмата етапа, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Михал Квјатковски ја носел зелената маичка, како предводник на бодовниот пласман.
↑На етапите 8 и 9, Бен Кинг, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Алехандро Валверде ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман; Михал Квјатковски, кој бил втор во комбинираниот пласман, избрал да го носи неговиот национален дрес. Кинг ја носел маичката и на етапата 10 и на етапите 12-14, поместувајќи се на второто место во комбинираниот пласман по неговата победа на деветтата етапа. На етапите 15-17, Мигел Анхел Лопес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Алехандро Валверде ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман; Сајмон Јејтс, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. Лопес, исто така, ја носел маичката на етапите 16, 18 и 19, поместувајќи се на второто место во комбинираниот пласман зад Валверде.
↑На дваесеттата етапа, Мигел Анхел Лопес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Сајмон Јејтс ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман; Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.