Вработена девојка (филм)
Вработена девојка - (англиски: Working Girl) - американски филм од 1988 година, во режија на Мајк Николс. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Мелани Грифит, Сигурни Вивер и Џон Кузак. Во 1989 година, филмот освоил еден „Оскар“ во категоријата „најдобра музичка нумера“, а имал уште пет номинации. Истата година, филмот освоил четири награди „Златен глобус“, и тоа за: најдобар филм - комедија/музички филм, најдобра глумица (Грифит), најдобра споредна глумица (Вивер) и најдобра музичка нумера. Најпосле, филмот се закитил и со наградата „Греми“ за најдобра филмска песна.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Тес Мекгил (ја игра Грифит) е млада жена која е поинаква од другите убави жени во Менхетен. За разлика од нив, таа се однесува отворено и ги одбива љубовните понуди на своите шефови. Кога ќе остане без работа, Тес се вработува како секретарка на моќната деловна жена Кетрин Паркер (ја игра Вивер).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ IMDb, Working Girl (1988), Awards (пристапено на 2.9.2015)
- ↑ „Вработена девојка“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 15.