iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Начела_за_одземање_на_уредувачки_права
Википедија:Начела за одземање на уредувачки права — Википедија Прејди на содржината

Википедија:Начела за одземање на уредувачки права

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:БАН
ВП:БАНИРАЊЕ

Правилото за банирање на Википедија е формално одземање на привилегиите при уредување на една или повеќе страни на Википедија, најчесто банирање на статија, цела тема или можеби банирање од целиот проект. Банот може да биде привремен или постојан. Стандардната покана „уредете ја оваа статија“ не се применува кај банираните корисници.

Корисниците може да бидат банирани поради процес на разрешување на проблем или според прекршување на правилата на арбитражата.

Ова е социјална мерка, не техничка. Но ако банираниот корисник продолжи да уредува статија од која е баниран тогаш следува или зајакнување на банирањето или блокирање.

Банирањето не треба да се поистоветува со блокирање, кој е технички механизам со кој се оневозможува еден корисник да уредува статии.

Одлука за банирање

[уреди извор]

Одлуката за банирање на корисник може да биде според:

  1. Вики заедницата може да одлучи да банира еден корисник преку консензус,
  2. Комитетот за арбитража може да додели бан, обично ако има барање за арбитража, со максимален бан од една година.
  3. Џимбо Велс има право да банира корисник.
  4. Викимедија Фондацијата има право да банира корисник

Банирањето може да биде:

  1. банирање на една статија,
  2. банирање на цела тема статии,
  3. банирање на цел проект.

Бан од заедницата

[уреди извор]

Заедницата може да донесе најразлични банови донесени според консензус:

  • Ако се докажало дека корисникот има чести нарушувачки уредувања, заедницата може да дискутира за банирање на корисникот.
  • Ако корисникот го заморил трпението на Зедницата и ако администратор го блокирал корисникот за секогаш.
  • Во некои случаево заедницата може да одлучи да не одблокира корисник според постигнат консензус.

Банирање од администратор

[уреди извор]

Според правилата на Википедија, администраторите се во можност да доделат санкции ако мислат дека има прекршување на некое правило. Вакви санкции се бановите и блоковите.

Примери за банови:

  • "Не ви е дозволено да уредувате статии од оваа област во период од еден месец иако можете да учествувате во страните за разговор."
  • "Не можете да уредувате или учествувате на страните за разговор за оваа страна за период од еден месец," итн

Во случај да корисникот е баниран а при тоа сè уште уредува, следува блок од една недела.

Воскреснување

[уреди извор]

Банираните или блокираните корисници се враќаат на Википедија најчесто со други кориснички сметки. Таквите корисници се блокираат за секогаш или за подолг период.

Поврзано

[уреди извор]