Брегињ
Брегињ Breginj | |
---|---|
Местоположба во Словенија. | |
Координати: 46°15′47.9″N 13°25′26.3″E / 46.263306° СГШ; 13.423972° ИГД | |
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Приморска |
Статистички регион | Горички |
Општина | Кобарид |
Површина | |
• Вкупна | 19,08 км2 (7,37 ми2) |
Надм. вис. | 576,1 м |
Население (2020) | |
• Вкупно | 179 |
• Густина | 9,4/км2 (24/ми2) |
Час. појас | UTC+1 |
Пошт. бр. | 5223 |
Брегињ (словенечки: Breginj, дијалектно: Brgin;[1] италијански: Bergogna,[2] фурлански: Bergogne[1]) — село во Општина Кобарид на Горичкиот регион, Словенија. Лежи близу границата со Италија и претставува најзападно населено место во земјата. Во 2020 г. селото имало 179 жители.[3]
Име
[уреди | уреди извор]Брегињ е првпат посведочен во пишаните извори од 1170 г. како Вергија или Вергин (Vergia, Vergin), а потоа во 1275 г. како Бергоња (Bergona). Се смета дека денешното словенечко име Брегињ се заснова на месниот топоним Бргин, кој пак е романското име Бергона, кое пак е од непознато потекло.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Сè до XVIII век Брегињ бил во состав на Венецијанската Република, и до денес се смета за дел од историската област Венетска Словенија. Бил општина во Грофовијата Горица (како Бергоња), а за време на италијанското владеење (1918–1943, формално до 1947) бил во состав на Италија. Првичнјо бил во покраината Удине (Видем), но во 1927 г. е префрлен во новосоздадената покраина Горица (Гориција).[4]
Земјотрес од 1976 г.
[уреди | уреди извор]Селото било разурнато во Фурланскиот земјотрес од 1976 г. во кој останала само црквата „Св. Никола“ и две други градби. Мештаните добиле монтажни куќи.[5] Негрижата на органите за запазување на култрното наследство била позната за новинарите, но цензурирана од власта.[6] Преживеаните трикатни камени куќи поврзани со ходници се прогласени за споменик на градителската и народната култура, и во нив има мал музеј.[7]
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Јожеф Школч (р. 1960) — либерален политичар
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. стр. 77–78.
- ↑ „Flitsch (1912) - K.u.K. Militärgeographisches Institut - 1:75 000 - ZONE 20 - KOL IX“. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 6 јули 2020.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по именаселение
. - ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 19 јули 2011. Посетено на 9 јуни 2010. Breginj during Italian rule
- ↑ The Effects of the 1976 Earthquake on the Soča Basin
- ↑ Pipan, Primož. 2011. "Sodelovanje javnosti v obnovi po naravnih nesreah na primeru potresov v Furlani ji in Zgornjem Posočju v letih 1976, 1998 in 2004." In: Matija Zorn, Blaž Komac, Rok Ciglič, & Miha Pavšek (eds.), Neodgovorna odgovornost, pp. 21–29. Ljubljana: ZRC SAZU, p. 27.
- ↑ Slovenian Tourist Board site
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Брегињ на Ризницата ?
- Брегињ на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.
- Мрежно место за Бргињ, неговото минато и наследство (словенечки)
|
|