Бета Кобилица
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Кобилица |
Изговор | /ˌmaɪəˈplæsɪdəs/[1] |
Ректасцензија | 09ч 13м [2] | 11,97746с
Деклинација | −69° 43′ [2] | 01,9473″
Прив. величина (V) | 1.69[3] |
Особености | |
Спектрален тип | A1III[4] |
U−B Боен показател | +0.03[5] |
B−V Боен показател | +0.00[5] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −5.2[6] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −156.47[2] млс/г Дек.: +108.95[2] млс/г |
Паралакса (π) | 28.82 ± 0.11[2] млс |
Оддалеченост | 113,2 ± 0,4 сг (34,7 ± 0,1 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −1.03[7] |
Податоци | |
Маса | 3.5[8] M☉ |
Полупречник | 6.8[8] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 3.16[4] |
Сјајност | 288[8] L☉ |
Температура | 8,866[4] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 145.7±2.2[9] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Бета Кобилица - втората најсветла ѕвезда во јужното соѕвездие Кобилица . Го има официјалното име Miaplacidus; Бета Кобилица е Бајерово означување, која е латинизирана од β Carinae и скратено Beta Car или β Car. Со привидна ѕвездена величина од 1,68, таа е една од најсветлите ѕвезди на ноќно небо. Таа е најсветлата ѕвезда во јужниот астеризам позната како Дијамантски крст, означувајќи го југозападниот крај на астеризмот. Се наоѓа во близина на планетарната маглина IC 2448. Мерењата на паралаксата ја ставаат на растојание од 113.2 светлосни години од Сонцето.
Номенклатура
[уреди | уреди извор]β Carinae (латинизирано во Beta Carinae ) претставува нејзино Бајерово означување.
Историското име на ѕвездата Мијаплацидус го имала своето деби на мапите на ѕвездите во 1856 година, кога бил објавен ѕвездениот атлас Географија на небото, составен од Илија Хинсдејл Бурит. Значењето и јазичното потекло на името останале енигма многу децении, додека Вилијам Хигинс, голем научник и експерт за имиња на ѕвезди, не претпоставил дека името Miaplacidus е очигледно двојазична комбинација на арапски مياه miyāh за „води“ и латински placidus за „смирени“. Првиот билтен на Работната група на МАС за имиња на ѕвезди од јули 2016 година вклучил табела со првите две групи имиња одобрени од групата; во кој била вклучена и Миаплацидус за оваа ѕвезда.[11]
На кинески,南船( Nán Chuán), што значи Јужен брод, се однесува на астеризам кој се состои од β Кобилица, V337 Кобилица, PP Кобилица, θ Кобилица и ω Кобилица.[12] Следствено, самата β Кобилица е позната како 南船五 (Nán Chuán wǔ, на македонски: Петтата ѕвезда на јужниот брод).[13]
Физички својства
[уреди | уреди извор]Ѕвездената класификација на А1 III сугерира дека ова е еволуирана џиновска ѕвезда, иако Малањини и Мороси (1990) ја оцениле како А2 IV подџиновска ѕвезда. Има проценета старост од 260 милиони години. Оваа ѕвезда не покажува прекумерна емисија на инфрацрвено зрачење што инаку би можело да сугерира присуство на остаточен диск. Има околу 3,5 пати поголема маса од Сонцето и се проширила на речиси седум пати поголем од полупречникот на Сонцето. Во моментов зрачи 288 пати поголема сјајност од Сонцето од нејаинзтанадворешна обвивка на делотворна температура од 8.866 келвини. И покрај зголемениот обем, оваа ѕвезда сè уште покажува брза стапка на ротација, со проектирана ротациона брзина од 146 км/сек.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (2nd rev.. изд.). Cambridge, Massachusetts: Sky Pub. ISBN 978-1-931559-44-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 van Leeuwen, Floor (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752v1, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357, S2CID 18759600 Note: see VizieR catalogue I/311.
- ↑ Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237: 0. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Gray, R. O.; и др. (July 2006), „Contributions to the Nearby Stars (NStars) Project: spectroscopy of stars earlier than M0 within 40 pc-The Southern Sample“, The Astronomical Journal, 132 (1): 161–170, arXiv:astro-ph/0603770, Bibcode:2006AJ....132..161G, doi:10.1086/504637, S2CID 119476992
- ↑ 5,0 5,1 Johnson, H. L.; и др. (1966), „UBVRIJKL photometry of the bright stars“, Communications of the Lunar and Planetary Laboratory, 4 (99): 99, Bibcode:1966CoLPL...4...99J
- ↑ Wielen, R.; и др. (1999), „Sixth Catalogue of Fundamental Stars (FK6). Part I. Basic fundamental stars with direct solutions“, Veröff. Astron. Rechen-Inst. Heidelb, Astronomisches Rechen-Institut Heidelberg, 35 (35): 1, Bibcode:1999VeARI..35....1W
- ↑ Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015, S2CID 119257644.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Malagnini, M. L.; Morossi, C. (November 1990), „Accurate absolute luminosities, effective temperatures, radii, masses and surface gravities for a selected sample of field stars“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 85 (3): 1015–1019, Bibcode:1990A&AS...85.1015M
- ↑ Díaz, C. G.; и др. (July 2011), „Accurate stellar rotational velocities using the Fourier transform of the cross correlation maximum“, Astronomy & Astrophysics, 531: A143, arXiv:1012.4858, Bibcode:2011A&A...531A.143D, doi:10.1051/0004-6361/201016386, S2CID 119286673
- ↑ „* bet Car“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
- ↑ (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金.
- ↑ (на кинески) 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 Архивирано на {{{2}}}., Hong Kong Space Museum.