iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Александер_Кристоф
Александер Кристоф — Википедија Прејди на содржината

Александер Кристоф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александер Кристоф
Кристоф во 2020 г.
Лични податоци
Цело имеАлександер Кристоф
Роден5 јули 1987(1987-07-05)(37 г.)
Осло,  Норвешка
Висина1,81 м[1]
Маса78 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубИнтермарше-Сиркус-Ванти
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
специјалист за класици
Професионални клубови
2006
2007–2009
2010–2011
2012–2017
2018-2021
2022-
Глуд & Марстранд-Хорсенс
Тим Максбо Бјанки
Верандас Вилемс
Катјуша
ОАЕ Тим Емирати
Интермарше-Ванти-Жобер Материо
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
4 поединечни етапи (2014, 2018, 2020)

Етапни трки

Три дена Де Пане (2015)
Трка околу Норвешка (2019)

Еднодневни трки и класици

Европски друмски првак (2017)
Национален друмски првак (2007, 2011)
Милано-Санремо (2014)
Трка околу Фландрија (2015)
Гент-Вевелгем (2019)
Ватенфал Класик (2014)
ГП Западна Франција (2015)
Трка околу Франкфурт (2014, 2016, 2017, 2018)
Класик Лондон-Сари (2017)
Схелдепрејс (2015, 2022)
ГП Кантон Аргау (2015, 2018, 2019)
Класика де Алмерија (2022)
Последна промена
27 март 2022

Александер Кристоф (норвешки: Alexander Kristoff; р. 5 јули 1987 во Осло) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[2]

Го освоил националното друмско првенство во 2007 и во 2011 година.[3] Негови најголеми победи се Милано-Санремо 2014 и Трката околу Фландрија 2015 меѓу другите успеси.

Рана кариера

[уреди | уреди извор]

На шест години, се преселил од Осло во Ставангер. Неговиот очув го заинтересирал во велосипедизмот, отколку во фудбалот. Тој започнал да вози за Ставангер СК. На 16 години, го освоил норвешкото првенство за млади и завршил четврти на Олимпијадата за млади.[4] Тој станал професионалец во 2006, кога започнал да вози за Глуд & Марстранд Хорсенс. Во 2007, тој станал норвешки друмски првак на 19, победувајќи го Тор Хушовд во спринт од четири возачи.[5]

Катјуша (2012-2017)

[уреди | уреди извор]
Кристоф на Трката на Фјордовите во 2014 година

Го освоил бронзениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[6]

Во 2014 година, Кристоф го освоил италијанскиот класик Милано-Санремо победувајќи го Фабијан Канчелара при спринт. Подоцна истата година, Кристоф освоил две етапни победи на Тур де Франс освојувајќи го второто место зад Петер Саган во бодовниот пласман. Подоцна, оваа сезона, Кристоф освоил уште една победа кога победил на Ватенфал Класик, како и Трката околу Франкфурт во мај. Вкупно освоил 14 победи во сезоната 2014.

Во 2015 година, Кристоф имал многу добар почеток во неговата сезона со три етапни победи на Трката околу Катар, притоа освојувајќи ја спринтерската маичка. Наскоро прославил уште една етапна победа на Трката околу Оман. На 1 март бил претекнат од Марк Кевендиш и го освоил второто место на Курне-Брисел-Курне.[7] Освоил уште една спринтерска победа на Париз-Ница, додека се подготвувал за Милано-Санремо. Се надевал за повторна победа на трката, но Џон Дегенколб бил подобар од него во спринтерската завршница и се нашол на престижното второ место.[8] Во месец март, останал покус за место на подиумот на Е3 Харелбеке, завршувајќи на четвртото место.[9] Потоа учествувал на Три дена Де Пане, каде бил дел од бегство на шесторица на првата етапа и ја освоил во спринт на мала група, додека бил предводен од неговиот колега Свен Ерик Бистром.[10] Го повторил тоа следниот ден, овој пат во масовен спринт.[11] Кристоф исто така победил на етапата 3а, масовен спринт каде го поминал за многу мал дел од секундата Андре Грајпел. Со бонус секундите освоени на етапата го освоил генералниот пласман по завршувањето на третото место на етапата 3б, краток поединечен хронометар.[12] Во април, Кристоф победил на престижната трка, Трката околу Фландрија. Нападнал на околу 30 километри пред целта со Ники Терпстра и подоцна победил во меѓусебниот спринт.[13] Три дена подоцна Кристоф го освоил спринтерскиот полукласик Шелдепрејс,[14] станувајќи првиот кој победил на Три дена Де Пане, Трката околу Фландрија и Шелдепрејс во истата сезона. Кристоф завршил десетти на Париз-Рубе, по што земал пауза од трките.

Се вратил на Трката околу Норвешка, каде завршил осми, притоа освојувајќи две етапи.[15] Кратко потоа учествувал на Трката на Фјордовите, каде преовладал со спринтот, освојувајќи три етапи, бодовниот пласман и деветтото место во генералниот пласман.[16] Исто така, ја освоил седмата етапа на Тур де Свис за влакно пред Петер Саган. Саган се одвоил од заветрината на Кристоф обидувајќи се да го претекне во последните метри, но не успеал.[17]

Во 2016 година ја започнал сезоната со три етапни победи на рамната Трка околу Катар, завршувајќи на второто место во генералниот пласман зад Марк Кевендиш.[18]

Во август 2017 година, Кристоф ја освоил друмската трка на Европското првенство во Данска.[19]

ОАЕ Тим Емирати (2018-2021)

[уреди | уреди извор]

Подоцна во август 2017 година било потврдено дека Кристоф потпишал првично двегодишен договор со ОАЕ Тим Емирати почнувајќи од сезоната 2018.[20] Таму заминал со сонародникот Свен Ерик Бистрем.[21]

Кристоф ја започнал својата прва сезона со својата екипа на Трката Дубаи. После тоа настапил на уште две етапни трки на Средниот Исток.[22] На Трка околу Оман ја освоил шестата и завршна етапа.[23] Неговата втора победа во сезоната била на воведната етапа на Трката Абу Даби.[24] Ја освоил последната етапа во спринт на Шанзелизе на Тур де Франс 2018.

Во јуни 2019 година, Кристоф го продолжил својот договор со ОАЕ Тим Емирати за уште две години, до крајот на сезоната 2021.[25]

Во август, Кристоф ја освоил воведната етапа на Тур де Франс, при што ја освоил жолтата маичка.[26] Следниот ден ја изгубил маичката од Жилијан Алафилип на високопланинската етапа.[27]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Кристоф се оженил со Марен Комедал во Ставангерската катедрала во октомври 2014 година[28] и двојката има четири деца.[29]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2005
2. Национално хронометарско јуниорско првенство
10. Светско друмско јуниорско првенство
2006
Гренланд ГП
1. Етапа 1
1. Етапа 2
2007
1. Национално друмско првенство
5. Трофеј Пореч
6. Класик Колиерс
2008
1. Државно првенство за критериум
1. Етапа 4 Рингерике ГП
2. ГП Рогаланд
2. Трофеј Пореч
2009
1. Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 3 Рингерике ГП
2. Национално друмско првенство
2. ГП Сандефјорд
5. Краен пласман Тур де Бретања
5. Ла Кот Пикард
7. Европско друмско првенство под 23 години
7. Дрејвенкурс Оверејсе
9. Трофеј Пореч
9. ЗЛМ Тур
10. Трка околу Фландрија под 23 години
2010
3. Меѓународно првенство Филаделфија
4. Ватенфал Класик
5. Гран при де Фурмје
7. Фландриско првенство
8. ГП Џеф Схеренс
9. Париз-Брисел
10. Схелдепрејс
10. Меморијал Рик ван Стенберген
2011
1. Национално друмско првенство
2. Гран при де Фурмје
5. Гран при д’Исберг
7. Схелдепрејс
7. Париз-Брисел
7. Класик Лондон-Сари
7. Фландриско првенство
2012
Три дена де Пане
1. Етапа 3a
1. Бодовен пласман
2. Гран при де Фурмје
3. Олимписка друмска трка
3. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Светски пристаништен класик
1. Пласман за млад возач
4. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 4
1. Бодовен пласман
6. Ешборн-Франкфурт
9. Курне-Брисел-Курне
2013
Трка околу Норвешка
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 5 Тур де Свис
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 3a
1. Бодовен пласман
3. Ватенфал Класик
4. Краен пласман Трка околу Фјордовите
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3 (ТТТ)
4. Трка околу Фландрија
4. Париз-Брисел
5. Награда на Шелда
8. Милано-Санремо
9. Париз-Рубе
2014
1. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Милано-Санремо
1. Трка околу Франкфурт
1. Ватенфал Класик
Трка околу Норвешка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 2 Трка околу Оман
Тур де Франс
1. Етапа 12
1. Етапа 15
2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
5. Трка околу Фландрија
8. Светско друмско првенство
8. Светска турнеја на UCI
8. Краен пласман Три дена Де Пане
8. ГП Западна Франција
2015
1. Генерален пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3а
1. Бодовен пласман
1. Трка околу Фландрија
1. ГП Западна Франција
1. Шелдепрејс
1. ГП Кантон Аргау
Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 1
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 7 Тур де Свис
1. Етапа 3 Трка околу Оман
2. Милано-Санремо
2. Курне-Брисел-Курне
2. Ватенфал Класик
3. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
3. Гран при Квебек
4. Светска турнеја на UCI
4. Светско друмско првенство
4. Е3 Харелбеке
8. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
9. Гент-Вевелгем
9. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
10. Париз-Рубе
2016
1. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Трка околу Франкфурт
Трка околу Оман
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 1 Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
2. Курне-Брисел-Курне
3. ГП Западна Франција
4. Трка околу Фландрија
5. Јуроајс Класик
6. Милано-Санремо
7. Светско друмско првенство
2017
1. Европско друмско првенство
1. Трка околу Франкфурт
1. Класик Лондон-Сари
Трка околу Оман
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Етоал де Бесеж
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман Трка околу Британија
2. Светско друмско првенство
2. Класик Бретања
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 2
4. Милано-Санремо
4. Јуроајс Класик
5. Трка околу Фландрија
7. Минстерланд Џиро
2018
1. Етапа 21 Тур де Франс
1. Трка околу Франкфурт
1. ГП Кантон Аргау
1. Етапа 1 Трка Абу Даби
1. Етапа 6 Трка околу Оман
3. Јуроајс Класик
4. Милано-Санремо
6. Гран при де Фурмје
9. Краен пласман Трка Дубаи
2019
1. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 5
1. Гент-Вевелгем
1. Гран при Кантон Аргау
1. Етапа 1 Трка околу Оман
1. Етапа 1а Трка околу Словачка
1. Етапа 2 Трка околу Германија
3. Трка околу Фландрија
3. Трка околу Франкфурт
4. Европско друмско првенство
4. Јуроајс Класик
7. Светско друмско првенство
7. Класик Лондон-Сари
7. Бриселски велосипедски класик
2020
1. Етапа 1 Тур де Франс
2. Класика де Алмерија
3. Трка околу Фландрија
3. Курне-Брисел-Курне
2021
1. Бодовен пласман Арктичка трка на Норвешка
2. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија
3. Краен пласман Трка околу Германија
1. Етапа 2
1. Етапа 4
3. Ешборн-Франкфурт
5. Трофео Сера де Трамунтана
6. Дварс дор Вландерен
2022
1. Класика де Алмерија
3. Милано-Торино
1. Етапа 2 Трка околу Германија

Распоред на резултатите на класиците

[уреди | уреди извор]
Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 131 8 1 2 6 4 4 14 83 89 3
Трка околу Фландрија 15 4 5 1 4 5 16 3 3 18 10
Париз-Рубе СО СО 57 9 СО 10 48 СО 57 56 НСО 14 12
Лиеж-Бастон-Лиеж не настапил во текот на кариерата
Џиро ди Ломбардија
Класична трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 101 138 77 11 СО СО СО 58 60
Курне-Брисел-Курне СО 9 НСО 11 2 2 21 3 40 11
Дварс дор Вландерен 112 20 13 76 12 НСО 6
Е3 Харелбеке 94 4 53 27 40 21 66
Гент-Вевелгем 57 14 11 9 СО 73 25 1 19 28
Схелдепрејс 10 7 17 5 15 1 15 13 33
Трка околу Франкфурт 6 1 1 1 1 3 НСО 3
Јуроајс Класик 4 14 11 3 1 2 5 4 3 4 НСО
Класик Бретања СО 8 1 3 2 11

СО = се откажал
— = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Џиро 157 149 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 0 0
Бодовен пласман 30 8
Тур ДНЕ ДНЕ 147 125 130 149 130 114 139 132
Освоени етапи 0 2 0 0 0 1 0 1
Бодовен пласман 5 2 10 5 4 2 18 11
Вуелта не настапил во текот на кариерата
Освоени етапи
Бодовен пласман
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман
  1. 1,0 1,1 „Alexander Kristoff – UAE team Emirates“. Архивирано од изворникот на 2018-01-30. Посетено на 4 July 2019.
  2. Ryan, Barry (26 October 2021). „Intermarché-Wanty bank on Kristoff's experience in 2022“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 23 December 2021.
  3. „National Championship, Road, Elite, Norway“. Cycling Archives. Посетено на 6 април 2015.
  4. Dagbladet Sportsmagasinet 29 август 2008. Александер Кристоф. Стр. 8
  5. Yngstemann ble bestemann BT.no
  6. „Mark Cavendish's Olympic bid fails as Alexandre Vinokourov wins gold“. Посетено на 28 јули 2012.
  7. Бенсон, Даниел. „Кевендиш спринташе до победа на Курне-Брисел-Курне“. Cyclingnews.com. Посетено на 6 март 2015.
  8. „Резултати: Милано-Санремо 2015“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 22 март 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-29. Посетено на 31 март 2015.
  9. „Томас сам од Штибар до победа на Е3 Харелбеке“. Cyclingnews.com. Future plc. 27 март 2015. Посетено на 27 март 2015.
  10. „Кристоф ја освои воведната етапа на Три дена Де Пане во Зотегем“. Cyclingnews.com. Future plc. 31 март 2015. Посетено на 31 март 2015.
  11. Емил Акселгард (1 април 2015). „Кристоф стигна до втора по ред на Де Пане“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 1 април 2015.
  12. „Кристоф повторно победи на Три дена Де Пане“. Cyclingnews.com. Future plc. 2 април 2015. Посетено на 2 април 2015.
  13. Најџел Вин (5 април 2015). „Александер Кристоф победи на Трката околу Фландрија“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 5 април 2015.
  14. Емил Акселгард (8 април 2015). „Незапирливиот Кристоф го освои Шелдепрејс“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 9 април 2015.
  15. Жан Франсоа Кене (25 мај 2015). „Трка околу Норвешка: Кристоф победи на етапа 2“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јуни 2015.
  16. Жан Франсоа Кене (29 мај 2015). „Три по ред за Кристоф на Трката на Фјордовите“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јуни 2015.
  17. „Kristoff claims Tour de Suisse stage 7 in long-range sprint“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 2015-06-19. Посетено на 19 јуни 2015.
  18. Рајан, Бери (12 февруари 2016). „Kristoff repeats hat-trick of stage wins at Tour of Qatar“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 12 февруари 2016.
  19. „Men Elite Road Race: Classement Final / Final Classification“ (Portable Document Format). UEC.ch. Union Européenne de Cyclisme. 6 август 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
  20. „Kristoff reaches deal to join UAE Team Emirates“.
  21. „Bystrom joins Kristoff in move to UAE Team Emirates“.
  22. Фаранд, Стивен (24 јануари 2018). „Kristoff plans a February 'Grand Tour' for UAE Team Emirates debut“. cyclingnews.com. Посетено на 21 февруари 2018.
  23. Вестемајер, Сузан (19 февруари 2018). „Lutsenko secures overall victory for Astana at Tour of Oman“. cyclingnews.com. Посетено на 21 февруари 2018.
  24. „Abu Dhabi Tour: Kristoff wins opening stage“. cyclingnews.com. 21 февруари 2018. Посетено на 21 февруари 2018.
  25. „Kristoff extends contract with UAE Team Emirates“. Cyclingnews.com. Future plc. 21 June 2019. Посетено на 25 December 2019.
  26. „Kristoff: I know it's only for a day but I'll enjoy the yellow jersey at the Tour de France“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 August 2020. Посетено на 30 August 2020.
  27. „Tour de France: Julian Alaphilippe wins stage 2“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 30 August 2020. Посетено на 4 September 2020.
  28. Gilje Grøndal, Kjell-Ivar (4 October 2014). „Kristoff: – Det største jeg har opplevd“ [Kristoff: – The biggest thing I have experienced]. Stavanger Aftenblad (норвешки). Schibsted. Посетено на 5 September 2020.
  29. Long, Jonny (29 August 2020). „Alexander Kristoff: 'I'm 33 and have four kids but still managed to win'. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 5 September 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]