Меѓународниот аеродром во Диселдорф (German: Flughafen Düsseldorf International) (IATA: DUS, ICAO: EDDL) e трет најголем аеродром во Германија.
Со преку 17,8 милиони патници превезени во 2007 година само аеродромот во Франкфурт и аеродромот во Минхен имаат превезено повеќе патници во Германија. Е втор по важност аеродром за Луфтханза. Луфтханза нуди преку 300 летови на ден (53 одредишта) од и до Диселдорф. Започнувајќи од мај 2008, Луфтханза ќе започне и прекуокеански летови од Диселдорф. На аеродромот има преку 750 слетувања и полетувања во еден ден. Аеродромот е сместен на некои 9 км оддалеченост од центарот на Диселдорф.
Аеродромот располага со две писти, едната долга 3000 метри и другата долга 2700 метри. Сегашниот терминал може да обработи околу 22 милиони патници годишно. Aeродромот може да го прими и најголемиот авион на светот, Airbus A380, а Луфтханза планира да го користи како помошен аеродром во случај на невреме на аеродромот во Франкфурт.
Аеродромот беше отворен на 19 април 1927 година. Во 1950 година, пистата беше продолжена на 2750 метри, и во 1969 продолжена на 3000 метри. На 11 април 1996 година, na покривот на еден од терминалите настанува пожари при што загинуваат 18 луѓе, главно од задушување од чад, а многу други се хоспитализирани. Во 1999 година е поставена основата на нова подземна гаража, додека на 12 ноември 2007 година, првиот Airbus A380 слета на аеродромот во Диселдорф.