iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Аделаида
Аделаида — Википедија Прејди на содржината

Аделаида

Координати: 34°55′44.4″S 138°36′3.6″E / 34.929000° ЈГШ; 138.601000° ИГД / -34.929000; 138.601000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аделаида
Катедралата „Св. Петар“Мостот на ул. Кинг Вилијам
Ботаничката градинаГленелг
Ротунда во паркот ЕлдерУниверзитет на Аделаида
Од горе: Аделаида од авион, катедралата „Св. Петар“, градскиот стадион, ротундата во паркот Елдер населбата Гленелг, Ботаничката градина, Универзитетот на Аделаида
Аделаида во рамките на Австралија
Аделаида
Држава/територија Јужна Австралија
Координати34°55′44.4″S 138°36′3.6″E / 34.929000° ЈГШ; 138.601000° ИГД / -34.929000; 138.601000
Население1,291,666 (2013)[1] (5.)
 • Густина659 жит/км2 (2006)[2]
Основан28 декември 1836
Површина1.826,9 км2
Часовен појасACST (UTC+9:30)
 • Лете (DST)ACDT (UTC+10:30)
Местоположба
Самоуп. подрачја18
Сред. макс. темп. Сред. мин. темп. Год. врнежи
22.1 °C
12.1 °C
545.4 мм

Аделаида (англиски: Adelaide, изг. Аделејд) — административен центар и најнаселен град во Јужна Австралија, една од австралиските држави. Според пописот од 2006 година во градот живееле 1.040.719 жители. Со своите 1,1 милиони живетли во поширокото подрачје е петти најголем град според големина во Австралија по Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт, но сепак поголем од главниот град Канбера.

Се наоѓа на брегот на Јужниот Океан и името го добил според германската принцеза Аделаида и сопругата на кралот Вилијам IV.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пред доселувањето на Британците, територијата на денешниот град Аделаида била населена со абориџински племиња Каурни (се изговара Гарнер или Гауна). До 1852 година, вкупниот број на населението Абориџини е сведено на само 650 во овој регион, а оваа бројка и понатаму продолжува да се намалува.

Јужна Австралија е официјално прогласена за нова британска покрајна на 28 декември 1836 година. Основниот план е направен тогаш многу млад англиски полковник Вилијам Лајт кого тука го довела туберкулозата поради малата влажност на воздухот. Планот е направен по војничките идеали од тоа време па денешните пространи зелени зеони и коридори всушност се планирани како воени зони и канали за одбрана. Со игра на случајност Аделаида станал главен град на Јужна Австралија наместо Порт Линколн кој во тоа време имал многу предности.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Аделаида е познат како центар на уметнички, кулинарски и винарски вештини. Поради големиот број на црковни градби, Аделаида уште го нарекуваат и „град на црквите“ (агл. The City of Churches). Од индустријата важно е производството на автомобили, винаррско-прехранбената индустрија, воената индустрија (градење подморници за морнарицата), електронската индустрија и туризмот.

Население

[уреди | уреди извор]
Една точка претставува 100 личности родени во Велика Британија (тамно-сина), Грција (светлосина), Кина (црвена), Италиј (светлозелена), Германија (портокалова), Ирак (виолетова) и Виетнам (жолта) според пописот на населението од 2006 година
Движење на бројот на население
1991 1996 2001 2006
957.480[3] 978.100[3] 1.002.127[3] 1.040.719[3]

Според пописот на населението од 2006 година, во урбаните области на Аделаида живееле 1,105,839 жители, правејќи го Аделаида петти најголем град во Австралија. Во периодот меѓу 2002 година и 2003 година бројот на населението се покачил за 0,6%, додека просечниот пораст на национално ниво изнесува 1,2%. Околу 70,3% од населението на Јужна Австралија живее во урбаните области на Адеалида со што Јужна Австралија е една од најцентрализираните држави во Австралија. Населението на Аделаида живее во 341,227 куќи, 54,826 полуодвоени куќи (идентични куќи одвоени само со еден ѕид, наредени во ред по должината на улицата, популарни во англосаксонските држави) и во 49,327 станови.

Жителите со поголеми приноси се концентрирани во крајбрежните предградија (Брајтон и Гленелг), источни предградија (Ватл Парк, Кинсиннгтон Гарденс, Сент Питерс, Лединди и Колеџ Парк) и во внатрешните југоисточни предградија (Вотерфол Гали и Анли). Скоро петтина (17,9%) од населението има некој вид на високо образование. Бројот на населението на Аделаида со високи комуникациски способности (трговџи, менаџери итн.) паднал од 62,1% според пописот од 1991 година на 52,4% според пописот од 2001 година.

Половина од населението се изјаснува како христијани, при што најмногу се католици (22,1%), ангиканци (14%), припадници на Обединетите цркви на Австралија (8,4%) и православци (3,8%). Приближно 24% од населението се изјаснило дека не припаѓа на ниту една вера, што е повеќе од националниот просек кој изнесува 18,7%.

Во целост, населението на Аделаида старее побргу од некои други главни градови на Австралија. Нешто над 26,7% од населението е постаро од 55 ггодини, што е повеќе од националниот просек кој изнесува 24,3%. Во Аделаида живеат најмногу деца (испод 15 години) - вкупно 17,8% од населението (националниот просек е 19,8%).

Жителите на Аделаида родени надвор од Австралија сочинуваат 23,7% од вкупниот број на население. Најголем сооднос на овие жители во однос на останатите е во северозападните предградија како што се Вудвил и Атол Парк и предградијата во близина на главниот работен центар (англ. Central Business District, CBD). Пет најголеми групации родени надвор од Австралија потекнуваат од Англија (7,3%), грчки (2,2%), виетнамски (1,2%), мандарински (0,8%) и кантонски (0,7%).[4]

Аделаида како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Климата е изразито сува со долги врели лета и многу благи зими, скоро без температури под нула. Недостатокот на водата во последните години достугнува драматични размери и има сè поголемо негативно влијание на онака многу уредени и одржувани зелени површини. Следи табела со просечни климатски мерења од 1977 година до денес::[7]

Јан Феб Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Година
Просек на макс. дневни температури (°C) 32,1 31,3 29,2 26,3 23,0 19,1 17,3 18,2 22,1 25,4 27,2 30,0
Просек на мин. дневни температури (°C) 20,0 19,1 17,1 15,3 13,2 11,1 9,4 10,2 13,4 15,2 17,3 18,1
Просек на количество врнежи (во mm) 19,2 13,7 26,2 38,7 62,6 83.1 77,8 68,1 63,6 48,5 29,6 26,8 558,1
Просек на врнежливи денови 4,3 3,4 5,7 7,9 12,3 15,4 16,2 16,4 132 10,8 8,1 6,7 120,5
  1. „3218.0 - Regional Population Growth, Australia, 2012-13: ESTIMATED RESIDENT POPULATION, States and Territories - Greater Capital City Statistical Areas (GCCSAs)“. Австралиско статистичко биро. 3 April 2014. Посетено на 8 April 2014.
  2. Австралиско статистичко биро (17 March 2008). „Explore Your City Through the 2006 Census Social Atlas Series“. Посетено на 19 May 2008.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Australian Bureau of Statistics: 2006 Census QuickStats by Location“. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 6 декември 2012.
  4. Статистичка поделба на Аделаида Архивирано на 10 август 2013 г. посет. 3 октомври 2008 г
  5. John Cale – Vintage Violence (пристапено на 22.5.2022)
  6. YouTube, Paul Kelly and The Coloured Girls - Adelaide (пристапено на 12 октомври 2017)
  7. Австралиско метеоролошко биро

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]