iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Џорџ_Роберт_Греј
Џорџ Роберт Греј — Википедија Прејди на содржината

Џорџ Роберт Греј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џорџ Роберт Греј
George Robert Gray
Роден(а)8 јули 1808
Мал Челси, Лондон, Англија
Починал(а)6 мај 1872(1872-05-06) (возр. 63)
Полињаорнитолог, ентомолог
УстановиБритански музеј
Познат поопишал многу видови пеперутки
Авторска кратенка (зоо.)G. R. Gray
Chauna chavaria. Plate from Genera of Birds

Џорџ Роберт Греј (англиски: George Robert Gray; 8 јули 18086 мај 1872) — англиски зоолог и шеф на орнитолошкото одделение на Британскиот музеј (денес во Природонаучниот музеј) во Лондон четири децении. Бил помлад брат на зоологот Џон Едвард Греј и син на ботаничарот Семјуел Фредерик Греј.

Негово најважно научно дело е was his Genera of Birds („Родови птици“, 1844–49), илустрирано од Дејвид Вилијам Мичел и Јозеф Волф, во кое има 46.000 наводи.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Слика 8 од монографијата за родот Phasma, Extatosoma tiaratum

Роден е во Мал Челси, Лондон, во семејството на природонаучникот Семјуел Фредерик Греј.[1] Се школувал во училиштето „Мерчат Тејлор“.[2]

Во 1831 г. се вработил во Британскиот музеј како помошник-старател на зоолошкото одделение.

Почнал со каталогизација на инсекти и ја објавил во Entomology of Australia („Ентомологија на Австралија“, 1833) и учествувал со ентомолошкиот дел на англиското издание на „Животинско царство“ од Жорж Кивје. Опишал многу видови на пеперуги.

Во 1833 г. го основал здружението кое подоцна прераснало во Кралското ентомолошко друштво.

Во негова чест е наречена птицата Грејово штурче (Locustella fasciolata), чиј изворен опишувач е тој (1860). Првично опишаниот примерок е донесен од Молучките Острови, Индонезија од истакнатиот природонаучник Алфред Расел Волес.

  • The Entomology of Australia („Ентомологија на Австралија“), во серија монографии. Дел I. Монографија за родот Phasma. Лондон.
  • 1831 The Zoological Miscellany Zool. Miscell. (1): [1] 1–40
  • 1846 Descriptions and Figures of some new Lepidopterous Insects chiefly from Nepal. London, Longman, Brown, Green, and Longmans.
  • 1852 Catalogue of Lepidopterous Insects in the British Museum. Part 1. Papilionidae. [1853 Jan], "1852" iii + 84pp., 13pls.
  • 1871 A fasciculus of the Birds of China. London, Taylor and Francis.
  • со Ричард Боудлер Шарп, The Zoology of the Voyage of HMS Erebus & HMS Terror. Birds of New Zealand., 1875. Преработено издание на Греј (1846) (1875).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Gray, George Robert (1808–1872)“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/11337.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
  2. „The Royal Society, Library and Archive catalogue“. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2015-04-25.
  3. Правилник на Меѓународниот совет за зоолошка номенклатура (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]