iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Џедефре
Џедефре — Википедија Прејди на содржината

Џедефре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џедефре
Џедефра, Раџедеф, Ратоисес,[1] Rhampsinit, Rhauosis[2]
Статуа на Џедефре од Абу Раваш, Лувр
Фараон на Египет
Владеел10 до 14 години, околу 2575 г. п.н.е., Четврта династија
ПретходникХуфу
НаследникХафра
СопружнициХетеферес II, Хентетка
ТаткоХуфу
ЗакопанЏедефрева пирамида, Големата сфинга од Гиза ?[3]
СпоменициЏедефрева пирамида

Џедефре (исто така познат како Џедефра и грчки: Ρετζεντέφ Раџедеф) — древен египетски фараон наЧетвртата династија за време на Старото Кралство. Тој е добро познат под неговото хеленизирано име Ратоисес (од Манетон). Џедефре бил син и непосреден престолонаследник на Хуфу, градителот на Големата пирамида од Гиза, а која била неговата мајка не се знае со сигурност. Тој бил крал кој ја претставил кралската титула Са-Ре (што значи „Синот на Ра“) и првиот кој го поврзал неговото име од картушата со богот на сонцето Ра.

Семејство

[уреди | уреди извор]
Статуа на Сетка со впишано неговото име и титули, Музејот во Лувр

Џедефре се оженил со вдовицата на својот брат Каваб, Хетеферес II, која им била сестра и на двајцата, и која можеби се омажила со нивниот трет брат, Хафре, по смртта на Џедефре.[4] Уште една кралица, Хентетенка, е позната од фрагменти од статуата во храмот во Абу Роваш.[5]

Картуша со името на Џедефре од Кралскиот список во Абидос
Главата на Џедефре, кип од црвен гранит, Музеј во Лувр

Кралскиот список од Торино му припишува на Џедефре владеење од осум години, а најголемиот број на години во кои владеел е 11.[6]

Џедефре изградил (сега руинирана) пирамида во Абу Раваш, околу 8 километри на север од Гиза. Тоа е најсеверниот дел од некрополата Мемфис.

Некои веруваат дека сфингата на неговата сопруга, Хетеферес II, била првата направена сфинга. Таа била дел од пирамидалниот комплекс на Џедефре во Абу Раваш. Во 2004 година, францускиот египтолог Васил Добрев известил дека Џедефре наредил да се изгради Сфингата во Гиза според сликата на неговиот татко.[7]

  1. Kim Ryholt: The political Situation in Egypt during the second intermediate Period: c. 1800 - 1550 B.C., Museum Tusculanum Press, Copenhagen 1997, ISBN 87-7289-421-0; William Gillian Waddell: Manetho (The Loeb classical Library)
  2. Alan B. Lloyd: Herodotus, book II.
  3. The riddle of the Spinx
  4. Dodson & Hilton, p.55
  5. Dodson & Hilton, p.59
  6. Miroslav Verner, Archaeological Remarks on the 4th and 5th Dynasty Chronology, Archiv Orientální, Volume 69: 2001, p.375
  7. Riddle of the Sphinx

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]