iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: https://mk.wikipedia.org/wiki/Јард
Јард — Википедија Прејди на содржината

Јард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еталони на англиските (британските) мерки за должина во Гринич

Јард (од англ. yard, кратенка: yd или јд) — англиска мерна единица за должина, која се дефинира како 3 стапки, 36 инчи или 1/1760 милја, што е еднакво на точно 0,9144 метри]] по современата, меѓународна дефиниција. Соодветната мерка за површина е квадратен јард.

Првобитно јардот се делел, по бинарен метод, на два, четири, осум и шеснаесет дела наречени полујард (half-yard), растојание (span), прст (finger) и нокт (nail). Две јарди сочинуваат фат (fathom).

Зборот „јард“ доаѓа од зборот за права гранка или стап, иако точното потекло на оваа мерка не се знае со сигурност. Некои луѓе сметаат дека доаѓа од лактот (кубит), или други мерки како должината на расчекорот. Друга теорија е дека јардот потекнува од обемот на човечкиот струк, додека пак трета вели дека била измислена од кралот Хенри I како растојание помеѓу врвот на неговиот нос и крајот на неговиот палец. Првите теории се сметаат за поверојатни.

През годините постоеле разни стандарди за јардот. Современиот јард е компромис помеѓу британскиот и американскиот стандард, е истата е избаждарена наспроти метарот.

Претворање

[уреди | уреди извор]