За насДобредојдовте
во нашето училиште
Држвното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ е лоцирано на 4 км. од центарот на градот на магистралниот пат Штип-Радовиш-Струмица во непосредна близина на термо минералната бања „ Кежовица“ во населба Ново село. Воспитно образовната институција постои од ноември 1981 год. Објектот во кој се сместени училиштето и домот е изграден во 1952 год. и во него било сместено земјоделско училиште. Суштината на постоењето на ДСУ „Искра“ Штип е од посебен интерес на Републиката и е единствена институција од ваков вид во источниот дел на Р.С. Македоноија, за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици, младинци со пречки во развојот, посебни образовни потребии и лица со аутизам. Од основањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле над 1250 ученици.