iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Talking_Heads
Talking Heads — Википедија Прејди на содржината

Talking Heads

Од Википедија — слободната енциклопедија
Talking Heads

Токинг хедс (англиски: Talking Heads) била американскa њу-вејв авангарднa група формирана во 1975 година во Њујорк и активна до 1991 година. Групата e составена од Дејвид Брн (вокал и гитара), Крис Франц (тапани), Тина Вејмаут (бас) и Џери Харисон (клавијатури и гитара). Помошни музичари исто така се појавуваат на концертите и албумите на групата. Музичкиот стил на Talking Heads е комбинација на елементи од панк, арт рок , авангард, поп, фанк и американа. Водачот на групата а воедно и текстописец,Дејвид Брн, придонесува со ексцентрични и езотерични стихови во песните на групата, и го нагласува нивното умеење да го свртат вниманието кон нив преку разни мултимедијални проекти и изведби.

Критичарот Стивен Томас Ерлвејн ги опишува Talking Heads како ‘еден од критички најпризнатите бендови на 80-тите ‘ додека се обидува да заработи неколку поп-хитови. Во 2002 година, групата е примена во Rock and Roll Hall of Fame. Четири албуми на групата се појавиа во списокот на 500 најдобри албуми на сите времиња на Rolling Stone магазинот од 2003 година и еден албум (Fear of Music) во анкетата на најдобри албуми на Канал 4 на 76-то место. Во 2011 година ,новата верзија на Rolling Stone ‘100 најголеми изведувачи на сите времиња’ групата е рангирана на 100-то место.

Историја

[уреди | уреди извор]

1974 – 1977 година : Први години

[уреди | уреди извор]
Talking Heads наHorseshoe Tavern, во Торонто 1978 година

Дејвид Брн, Крис Франц и Тина Вејмаут се поранешни студенти на Род Ајленд школа за дизајн во Провиденс, Род Ајленд. Таму Брн и Франц формираат група наречена The “Artistics” во 1974 година. Вејмаут, девојката на Франц, често го обезбедува превозот на бендот. “The Artistics” се распуштаат по една година и тројцата се преселуваат во Њујорк заедно делејќи таванска просторија. Бидејќи неможат да најдат басист во Њујорк, Франц ја охрабрува Вејмаут да научи да свири на бас гитара со слушање на албумите на Suzi Quatro. Тие го имаат својот прв настап како Talking Heads како предгрупа на The Ramones во CBGB на 20 Јуни, 1975 година. Во подоцнежно интервју, Вејмаут се сеќава на тоа како групата го избира името Talking Heads: “Еден пријател го најде името во The TV Guide со што го објаснува поимот користен од ТВ студијата за да опишат слика од глава и рамо на човек зборувајќи како ‘содржини без акција’.” Одговара таа. Подоцна во 1975, триото снима серија на демо снимки за CSB , но бендот не потпишува со музичката куќа. Тие брзо собрираат следбеници и потпишуваат договор со Sire Records во 1977 година. Групата ја издава нивната прва песна, “Love --- Building on Fire” во февруари истата година. Во март 1977година , тие го вклучуваат Џери Харисон (гитара,клавијатури,вокал), поранешен член на групата на Џонатан Ричман ,The Моdern Lovers. Нивниот прв албум , Talking Heads: 77, којшто не ја содржи претходната песна, е издаден брзо потоа.

1978–1982 година

[уреди | уреди извор]
Тина Вејмаут на бас во Минеаполис, Минн.

Со вториот албум ‘More Songs About Buildings and Food’ , во 1978 година, бендот започнува долгорочна соработка со продуцентот Брајан Ино, кој претходно работел со Roxy Music , Дејвид Боуви , Џон Кејл и Роберт Фрип насловот на песната на Ино, ‘King’s Lead Hat’,од 1977 година е анаграм од името на бендот.Необичниот стил на Ино добро се совпаѓа со уметничкиот сензибилитет на групата и тие почнуваат да истражуваат повеќе различни видови на музички правци, од пост-панк ,њу-вејв до психоделичен фанк.Оваа снимка исто така ја заснова и долгорочната врска на бендот со познатото студиото за снимање Compass Point Studios во Насај , Бахамите. Песната ‘Psycho Killer’ ,од деби албумот, е помал хит.’Моre songs..’ обработка на ‘Take Me to the River’ на Ал Грин ги пробива Таlking Heads во јавноста и и го дава на групата нивниот прв Билборд Топ 30 хит. Експериментот на Ино и Talking Heads продолжува со Fear of Music од 1979 година во кој се флертува со темните стилови на пост-панк рок , помешан со бела фанкоделија и потсвесни наводи за геополитичката нестабилност на доцните 1970-ти години. Музичкиот новинар Симон Рејнолдс го цитира Fear of Music претставувајќи ја соработката на Ино и Таlking Heads “како меѓусебно плодна и правична”. Песната ‘Life During Wartime’ ја исфрли популарната фраза ‘Ова не е забава, ова не е диско’. Песната се однесува на клубот ‘Mudd’ и ‘CBGB’, два популарни ноќни клубови во Њујорк во тоа време. Во 1980-тите години песната Remain in Light, под силно влијание на афро звукот на нигерискиот водач на бендот фела Кути на кого Ино ја претставува групата ,ги истражува Западно Африканските полиритми , преплетувајќи ги сите заедно со Арабска музика од Северна Африка, диско- фанк и ‘втемелени’ гласови. Овие комбинации го навестуваат подоцнежниот интерес на Брн за светската музика .Со цел да се изведат овие аранжмани, групата оди на турнеја со проширена група која што ги вклучува Адријан Билиј и Берни Ворел , меѓу другoтo , прв на Heatwave фестивалот во август, а подоцна на нивниот концерт филм “Stop Making Sense”. Во тој период , Тина Вејмаут и Крис Франц формираат рекламно успешена отцепена група , Tom Tom Club под влијание на хоп-хоп , а Харисон го објавува неговиот прв соло албум “The Red and the Black”.Исто така, Брн,во соработка со Ино го објавува албумот My Life in the Bush of Ghosts ,кој вклучува светска музика, ‘најдени’ звуци и се вклучени голем број на истакнати меѓународни и пост-панк музичари. Сите објавени од страна на Sire Records. Водечката песна ‘Once in a Lifetime’ од албумот ‘Remain in Light’, е дел од Топ 20 хит во Велика Британија, но првично не успева да остави впечаток по пуштањето во земјата од каде доаѓа групата. Но,таа прерасна во познат стандарт во следните неколку години со помош на музичкото видео за таа песна. По издавањето четири албуми за скоро четири години , групата паузира и изминуваат три години до нивното следно објавување иако Франц и Вејмаут продолжуваат за снимаат со Tom Tom Club. Во меѓувреме, Talking Heads издаде албум во живо, ‘The Name od This Band Is Talking Heads’ одржаа турнеја во САД и Европа како осумчлена група и ги раздвоија патиштата со Ино кој продолжи да прави албуми со U2.

1983–1991 година

[уреди | уреди извор]

Во 1983 година излегува албумот ‘Speaking in Tongues’ , рекламен пробив кој и овозможи на групата само американски Топ 10 хит‘Burning Down the House’. Уште еднаш правењето на впечатливо видео е неизбежно поради својата тешка ротација на МTV. Следната турнеја е документирана во документарниот филм ‘Stop Making Sense’ на Џонатан Дими , која што предизвикува уште еден албум во живо под исто име.Турнејата во поддршка на ‘Speaking in Tongues’ е нивната последна. Следуваат уште три други албуми: ‘Little Creatures’ во 1985 година ( во кој се вклучени песните ‘And She Was’ и ‘ Road to Nowhere’), ‘True Stories’ во 1986 година (Talking Heads ги обработуваат сите песни од комичниот мјузикл на Брн во којшто се појавува и групата),и ‘Naked’ во 1988 година.Звукот на ‘Little Creatures’ и‘ True Stories’ повеќе е американски поп-рок, додека ‘Naked’ покажува големо африканско влијание со полиритмички стилови како оние во ‘Remain in Light’. Во тој период групата почнува сè повеќе да потпаѓа под контрола на Дејвид Брн и по албумот ‘Naked’ групата оди на ‘пауза’. Дури во декември 1991 година групата официјално изјавува дека Talking Heads се растураат.Сепак, наредната година се случува мало обединување на групата за ‘Sax and Violins’ песна која што се појави на тонскиот запис на филмот ‘Until the End of the World’ на Вим Вендерс . Само Брн и Харисон се појавуваат на видеото за оваа песна, сепак,оставајќи сомнеж за учевство на Франц и Вејмаут во песната. За време на распадот на групата, Брн ја прдолжува својата соло кариера објавувајќи ‘Rei Momo’ во 1989 година и ‘The Forest’ во 1991 година.Во овој период повторно заживуваат Tom, Tom Club со (Boom Boom Chi Boom Boom и Dark Sneaks Love Action )и Харисон со ( Casual Gods Walk on Water).

1992 – 2002 година : По распадот и последно обединување

[уреди | уреди извор]

И покрај незаинтересираноста на Брн за нов албум, Тина Вејмаут , Крис Франц и Џери Харисон се обединуваат за еден последен албум именуван ‘No Talking,Just Head’ под името The Heads во 1996 година. Албумот го обележуваат неколку вокали вклучувајќи ги Деби Хари од Blondie ,Џонет Наполитано од Concrete Blonde , Енди Патриџ од XTC,Гордон Џано од Violent Femmes ,Мајкл Хатченс од INXS, Ед Ковалцик од Live ,Шон Рајдер од Happy Mondays , Ричард Хел и Марија Мек Ки . Албумот промовиран на турнеја на која се појавува Јонет Наполитано како вокал. Брн презема законски мерки против остатокот од групата за да ги спречи да го употребуваат името ‘The Heads’ нешто што тој го видел како ‘прилично очигледен обид да се заработува од името на Talking Heads’. Во меѓувреме Харисон станува продуцент од голема важност – неговата биографија ги вклучува ‘The Blind Leading the Naked’ на Violent Femmes ,’The Raw and the Cooked’ на Fine Young Cannibals, ‘Rub It Better’ на General Public , ‘God Shuffled His Feet’ на Crash Test Dummies , ‘ Throwing Copper ’ на Live, песната ‘New’ на No Doubt од албумот ‘Return of Saturn’ и во 2010 година работи со The Black White Years и Kenny Wayne Shepherd. Франц и Вејмаут ,коишто се венчаат во 1977 година,снимаат песни како Tom Tom Club од 1981 година. Истоимениот деби албум на Tom Tom Club продаден скоро исто како и на самите Talking Heads,што води кон појавување на групата во ‘Stop Making Sense. Тие имаат неколку поп/рап хитови за време на денс-клуб културната бум ера во раните 1980-ти години, особено во Велика Британија каде што и ден денес уживаат голема популарност и голем број обожаватели. Нивната најпозната песна ‘Genius of Love’ многупати служи како примерок , особено на старата школа на хип-хоп класика ‘It’s Nasty (Genius of Love)’ од велемајсторот Флеш и хитот ‘Fantasy’ на Мараја Кери од 1995 година.Тие исто така имаат подготвено и неколку уметници, вклучувајќи ги Happy Mondays и Ziggy Marley.Tom Tom Club продолжуваат да снимаат и да одат на турнеи наизменично, иако од 1991 година комерцијалните изданија стануваат повремени.Групата ги свири заедно ‘Life During Wartime’, ‘Psycho Killer’ и ‘Burning Down the House’ на 18 Март 2002 година ,на церемонијата на нивното воведување во Rock and Roll Hall of Fame.Сепак, шансите за обединување за турнеја со концерти е многу мала.Дејвид Брн изјави :“Точно е дека имавме многу лоши моменти. Тоа е една причина,а друга е тоа што музички ние сме со милји оддалечени.” Вејмаут сепак го критикува Брн опишувајќи го како ‘човек неспособен за враќање на пријателството’ и дека тој не ги сака неа, Франц и Харисон.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Влијание

[уреди | уреди извор]

Talking Heads се наведуваат како влијание за многу уметници , меѓу кои Primus , Kare Bush и Bell X1. Групата Radiohead го земаат нивното име од песната на Talking Heads ‘Radio Head’ од албумот од 1986 година True Stories.