iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/MathWorld
MathWorld — Википедија Прејди на содржината

MathWorld

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логотипот на MathWorld

MathWorld — прирачна семрежна збирка по математика чиј создавач е Ерик В. Вајсштајн. Негов спонзор е организацијата Wolfram Research, со делумно финансирано од дотација на Националната научна дигитална библиотека при Националната научна фондација за Универзитетот на Илиноис во Урбана-Шампејн.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ерик В. Вајсштајн, создавачот на страницата, бил студент по физика и астрономија кој имал обичај да прави прибелешки на неговиот материјал по амтематика. Во 1995 тој ги собрал овие белешки и ги објавил на семрежјето под наслов „Eric's Treasure Trove of Mathematics“ („Ериковата математичка ризница“). Таа содржела стотици страници/написи на најразлични математички теми. Страницата станала популарна како обемен едноизворен ресурс на семрежјето. Вајсштајн постојано ги подобрувал записите и прифаќал поправки и коментари од читателите. Во 1998 Вајсштајн склучил договор со CRC Press и ја објавил содржината на страницата во печатено издание и на ЦД-РОМ со наслов „CRC Concise Encyclopedia of Mathematics“. Со тоа слободната семрежна верзија станала само делумно достапна за јавноста. Во 1999 Васштајн се вработил во институцијата Wolfram Research (WRI), и WRI го промениле името на проектот во „MathWorld“ на http://mathworld.wolfram.com и го поставиле на сопствената страна без ограничувања на пристап.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]