iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Fabaceae
Бобови — Википедија Прејди на содржината

Бобови

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Fabaceae)
Бобови
Цвет на грашок.
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Fabales
Семејство: Fabaceae
Lindl.[1] (Leguminosae Jussieu, nom. cons.).[2]
Потсемејства

Caesalpinioideae
Mimosoideae
Глушини (Faboideae)

Разновидност
730 родови и 19,400 видови
The biomes occupied by Fabaceae
Карта на распространетост на легуминозните растенија. Нив ги има воглавно во четири биоми: дождовна шума, умерен, тревен, и сукулентен.[3][4]

Бобовите (науч. Fabaceae) наречени и легуминозни (Leguminosae) се семејство на растенија - трета најголема фамилија на цветни растенија (по орхидеите и главоцветните), како и втората по стопанска и економска важност (после фамилијата на тревите).

Во бобовите растенија спаѓаат голем број на култивирани видови кои служат за исхрана на човекот и животните, како и за добивање на масла, влакна, нафта, природни ѓубрива, лекови итн. Фамилијата вклучува и неколку модел организми за генетски истражувања (како грашокот, со кој Грегор Мендел ги поставил основите на генетиката).

Адаптивни типови и распространување

[уреди | уреди извор]

Овие растенија може да бидат едногодишни и повеќегодишни тревести растенија, грмушки, дрвја, лијани па дури и неколку водни растенија. Бобовите се често доминантни елементи на растителноста во умерените и тропските региони на светот. Особено се чести во тропските шуми и умерените грмушести региони со сезонски сува клима.

Морфолошки особености

[уреди | уреди извор]
Легума на Pisum sativum; се забележуваат листовидните прилисници.

Претставниците од оваа фамилија имаат голема потреба за азот во нивниот метаболизам. Имено, овие растенија живеат во симбиоза со азотофиксаторски бактерии кои формираат нодули (грутки) на кореновиот систем на растението, каде го врзуваат атмосферскиот азот во нитрити и нитрати. Оваа симбиоза е еколошки необично важна, бидејќи единствено на овој начин азотот се инкорпорира во живата материја.

Морфолошки, претставниците од оваа фамилија се одликуваат со прости или сложени листови (перести или двојно перести), едноделни или триделни (како кај луцерката и детелината), а може и да се метаморфозирани (како кај родот Acacia). Кај некои видови, како Lathyrus, листовите се редуцирани во мустачки, а кај грашокот тие се спирално поредени, со стипули (прилисници) кои понекогаш може да се големи и листовидни. Листовите може да бидат метаморфозирани во трнови (како кај Prosopis и багремот).

Цветовите се симетрични или асиметрични (актиноморфни или зигоморфни, соодветно), хермафродитни, со еден натцветен плоден лист (карпела) кој може да биде хипогински (кога прашниците, чашкините и венечните ливчиња се прикачени за основата на јајчникот) или перигински (кога овие елементи не се прикачени за јајчникот, туку се распоредени околу него), петделни, поредени единечно или во рацемозни, игличести или главичести соцветија. Главната обединувачка одлика на фамилијата е плодот наречен легума. Со неколку исклучоци, легумите се еднокоморни (со една локула) мешунки, со париетална плацентација долж адаксијалната спојница (сутура) на плодот. Во јајчникот постојат два или повеќе семенови зачетоци (овули), поредени во два наизменични реда на плацентата.

Околуцветните листови се дводелни, односно диференцирани на чашка и венче. Чашката е претставена со 5 срасната чашкини ливчиња, додека венчето со 5 венечни ливчиња кои имаат карактеристичен распоред кој потсетува на раширени крилја на пеперутка (затоа фамилијата се нарекува и !пеперугоцветни„). Најгорното венечно ливче е најчесто најголемо и е превиено нагоре, а се нарекува знаменце (бајраче или Vexillum). Двете странични венечни ливчиња се крилца (allae), а најдолните две венечни ливчиња се сраснати со рабовите и се нарекуваат чамчиња (carina). Во чамчето се наоѓаат прашниците и плодникот.

Систематика

[уреди | уреди извор]

Во фамилијата има околу 730 рода во кои се распоредени 20.000 вида. Постојат три потсемејства и околу 45 племиња:

Морфологија на цветот на кинеска глицинија (Wisteria sinensis)
  • Caesalpinieae
  • Cassieae
  • Detarieae
  • Abreae
  • Adesmieae
  • Aeschynomeneae
  • Amorpheae
  • Astragaleae
  • Bossiaeeae
  • Brongniartieae
  • Carmichaelieae
  • Cicereae
  • Coronilleae
  • Crotalarieae
  • Cytiseae
  • Dalbergieae
  • Daleeae
  • Desmodieae
  • Dipteryxeae
  • Euchresteae
  • Fabeae
  • Galegeae
  • Genisteae
  • Hedysareae
  • Hypocalypteae
  • Indigofereae
  • Liparieae
  • Loteae
  • Millettieae
  • Mirbelieae
  • Phaseoleae
  • Podalyrieae
  • Psoraleeae
  • Robinieae
  • Sophoreae
  • Swartzieae
  • Thermopsideae
  • Trifolieae
  • Vicieae
  • Acacieae
  • Ingeae
  • Mimoseae
  • Mimozygantheae
  • Parkieae

Тука припаѓа и племето Cercideae со четири или дванаесет рода и околу 265 вида, кое не може да се вклопи во било која од погоре наведените фамилии:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“ (PDF). Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x. Посетено на 4 February 2014.
  2. Watson L.; Dallwitz, M. J. „Leguminosae“. Архивирано од изворникот на 2017-10-08. Посетено на 9 February 2008. Надворешна врска во |article= (help); |article= е занемарено (help)
  3. Schrire, B. D.; Lewis, G. P.; Lavin, M. (2005). „Biogeography of the Leguminosae“. Во Lewis, G; Schrire, G.; Mackinder, B.; Lock, M. (уред.). Legumes of the world. Kew, England: Royal Botanic Gardens. стр. 21–54. ISBN 1-900347-80-6. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 2014-08-22.CS1-одржување: display-уредници (link)
  4. Schrire, B. D.; Lavin, M.; Lewis, G. P. (2005). „Global distribution patterns of the Leguminosae: insights from recent phylogenies“. Во Friis, I; Balslev, H. (уред.). Plant diversity and complexity patterns: local, regional and global dimensions. Biologiske Skrifter. 55. Viborg, Denmark: Special-Trykkeriet Viborg A/S. стр. 375–422. ISBN 87-7304-304-4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]