2 март
Изглед
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
2 март — 61-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (62-и во престапна година). Остануваат 304 денови до крајот на годината.
Настани:
1492 | Шпанскиот крал Фардинанд II, наречен „Католикот“ го наредил прогонот на Евреите од Шпанија, дел од кои завршиле во Македонија. |
1923 | Започнал да излегува американскиот неделник „Тајм“. |
1933 | Во Њујорк се одржала премиерата на филмот „Кинг Конг“. |
1942 | Близу до Плетвар, загинале Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски — народни херои на Македонија. |
1943 | Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија. |
1946 | Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам. |
1956 | Поранешната француска колонија, Мароко се здобила со независност. |
1965 | На Бродвеј била одржана премиерата на познатиот мјузикл „Моите песни, моите сништа (The sound of music)“. |
1969 | На аеродромот во Тулуза бил извршен пробниот лет на надзвучниот патнички авион „Конкорд“ во траење од 27 минути. |
1970 | Поранешната британска колонија Родезија била прогласена за република, со што и формално се стекнала со независност. |
1972 | Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер. |
1973 | Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам. |
1980 | Во Скопје бил формиран Факултетот за ликовни уметности. |
1993 | Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана. |
1995 | Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата. |
Родени:
1459 | Адријан VI — римски папа. |
1749 | Оноре Габриел Мирабо — француски политичар и државник. |
1824 | Беджих Сметана — чешки композитор. |
1900 | Курт Вајл — германски композитор. |
1927 | Тихомир Огњанов — српски и југословенски фудбалер. |
1942 | Лу Рид — американски рок-музичар, член на групата „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground). |
1948 | Рори Галагер — ирски блуз и рок музичар. |
1955 | Зринко Тутиќ — босански и хрватски пејач и композитор на поп-музика. |
1956 | Јовица Елезовиќ — југословенски ракометар. |
1962 | Џон Бон Џови — американски рок-музичар. |
1971 | Метод Мен — американски рапер, музички продуцент и глумец. |
1972 | Маурисио Почетино — аргентински фудбалер и тренер. |
1973 | Дејан Бодирога — српски кошаркар. |
1978 | Силвестер Шмид — полски велосипедист. |
1983 | Игор Антон — шпански велосипедист. |
1986 | Петр Јирачек — чешки фудбалер. |
1987 | Јонас Јеребко — шведски кошаркар. |
1988 | Вито Маноне — италијански фудбалер. |
Починале:
1923 | Сара Бернар — француска артистка. |
1930 | Дејвид Херберт Лоренс — англиски писател. |
1939 | Хауард Картер — англиски египтолог. |
1942 | Лазо Колевски - Лавски — народен херој на Македонија. |
1942 | Борка Талески — народен херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври. |
1982 | Филип К. Дик — американски писател. |
1996 | Анатоли Дамјановски — македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет - Скопје. |
1999 | Дасти Спрингфилд — англиска поп-пејачка. |
2023 | Вејн Шортер — американски џез-музичар. |