iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Црна_Гора_на_Евровизија
Црна Гора на Евровизија — Википедија Прејди на содржината

Црна Гора на Евровизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црна Гора

Знаме

Медиумски организатор Радио Телевизија Црна Гора
Национален избор Монтенегросонг
Број на учества {{{Број на учества}}}
Прво учество {{{Прво учество}}}
Најдобар пласман 11 место, во полуфинале 2009
Најлош пласман 22 место, во полуфинале 2007
Кнез на настап на Евровизија 2015.

Црна Гора по стекнувањето на независност и спроведувањето на Референдумот за независност, се стекна со право да учествува на Евровизија како самостојна држава. Црна Гора дебитираше на Евровизија 2007 во Хелсинки, која беше одржана во мај 2007, кога ги претставуваше Стеван Феди.

Црна Гора на Песна на Евровизија учествуваше во периодот помеѓу 2007–2009. Сепак црногорските претставници не се пласираа во Евровизиското финале, во сите три обиди. Радио-телевизија Црне Горе (РТЦГ) не се пријави за учество на Евросонг 2010, поради финансиски проблеми.[1] Црна Гора повторно се врати на Евросонг 2012, во Баку, Азербејџан, кога ги претставуваше Рамбо Амадеус со песната "Еуро Невро".

Претходните учества на црногорски изведувачи имаше на Евровизија 1983 и Евровизија 1984 во составот на СФРЈ и на Евровизија 2005 во состав на државната заедница Србија и Црна Гора (СЦГ).

РТЦГ ја испрати апликацијата за учество на Евросонг 2011 во Диселдорф, Германија. Од потенцијалниот претставник за Црна Гора беше побарано самиот да најде спонзор за да го финансира учеството во Германија.[2] Во декември 2010, РТЦГ одлучи да не учествува на Евросонг во Диселдорф, поради финансиски причини.

Учесници

[уреди | уреди извор]
Година Изведувач(и) Песна Финале Бодови Полуфинале Бодови
2007. Стеван Феди 'Ајде, крочи X X 22 33
2008. Стефан Филиповиќ Заувјек волим те X X 14 23
2009. Андреја Демировиќ[3][4][5] -{Just Get Out of My Life}-[3][4][5] X X 11 44
2019 D-Mol Heaven X X 16 43

Историја на гласање

[уреди | уреди извор]

Црна Гора најмногу бодови му дала (до 2008):

Ранг Држава Бодови
1  Србија 24
2  Босна и Херцеговина 17
3  Русија 14
4 Македонија Македонија 10
5  Словенија 8

НАПОМЕНА: Вкупниот број на бодови во горенаведените табели се однесува само на бодовите од финалето, додека полуфиналните бодови не се прикажани .

Црна Гора најмногу бодови му дала на

Ранг Држава Бодови
1  Босна и Херцеговина 29
2  Србија 24
3  Албанија 14
=  Русија 14
5  Хрватска 10
= Македонија Македонија 10
=  Норвешка 10
8 Израел Израел 10
  1. „Eurovision Song Contest 2024: News, Participants of this world“.
  2. Hondal, Victor (2010-12-04). „Montenegro applied for Eurovision 2011“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на 4 December 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. 3,0 3,1 „EUROSONG 2009“. RTCG. 23 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2008-01-23. Посетено на 23 јануари 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. 4,0 4,1 Klier, Marcus (23 јануари 2009). „Montenegro: Andrea Demirovic to Eurovision“. ESCToday. Посетено на 23 јануари 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  5. 5,0 5,1 van Tongeren, Mario (23 јануари 2009). „Montenegro: Andrea Demirovic to Moscow!“. Oikotimes. Архивирано од изворникот на 2010-02-06. Посетено на 23 јануари 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)