iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Фиџи
Фиџи — Википедија Прејди на содржината

Фиџи

Координати: 18°S 179°E / 18° ЈГШ; 179° ИГД / -18; 179
Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Фиџи
Знаме Грб
ГеслоRerevaka na Kalou ka Doka na Tui
Биди богобојазлив и почитувај ја Кралицата
ХимнаГоспод да го благослови Фиџи

Местоположба на Фиџи
Главен град
(и најголем)
Сува
18°10′S 178°27′E / 18.167° ЈГШ; 178.450° ИГД / -18.167; 178.450
Службен јазик фиџиски, англиски, фиџиски хинди, ротумски
Демоним Фиџијци

(Фиџиец/Фиџијка)

Уредување република под воено раководство
 •  Претседател Вилијаме Катонивере
 •  Премиер Стивени Рабука
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Датум 10 октомври 1970 
Површина
 •  Вкупна 18,274 км2 (155-та)
 •  Вода (%) нема податоци
Население
 •  проценка за 2016 г. 898.760[1] (161ва)
 •  Попис 2017 884,887[2] 
 •  Густина 46.4 жит/км2 (148ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $3.677 милијарди (152-ра)
 •  По жител $4,230 (112-ра)
ИЧР (2013) 0.724[3]
висок · 88ма
Валута фиџиски долар (FJD)
Часовен појас (UTC+12)
НДД .fj
Повик. бр. 679
1. Признато од Големиот совет на шефови.

Фиџи — држава во Тихиот Океан која е создадена од повеќе острови од кои најголеми се Вити Леву и Вануа Леву. На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава, Сува, кој има околу 200.000 жители.

Најзастапени јазици се англиски јазик и фиџиски хинди, а најраспространета религија е христијанството, 52% од населението се христијани и 32% хиндуисти. Парична единица во Фиџи е фиџиски долар. Во Фиџи денес живеат околу 849.000 жители (проценка од 2009) што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.

Според познатата ХДИ листа која Обединетите Нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средноразвиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Главниот остров на Фиџи е познат по името Вити Леву и од тоа име доаѓа името на државата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Рана историја

[уреди | уреди извор]

Првите луѓе кои пристигнале на Фиџи се населиле на островите многу порано пред да дојдат Европејците во 17 век. Според археолошките ископини се утврдило дека на Фиџи имало човекови заедници околу периодот од 3500 до 1000 година п.н.е. Се верува дека народот Лапита се населиле на островите и биле полинезиски народ, но не се знае што станало со нив кога се населиле меланезиските народи.

Првата населба на Фиџи била создадена од трговци и патници пред 3500 година.

Холандскиот истражувач Абел Тасман ги посетил островите во 1643 година додека го барал Големиот Јужен Континент. Потоа Европејци не пристигнале на островите сè до 19 век кога на островите започнале да доаѓаат китоловци, мисионери и трговци со сандалово дрво.

Кралство Фиџи (1871–1874)

[уреди | уреди извор]
Знаме на Кралството Фиџи, 1871–1874

Рату Серу Епениса Какобау бил фиџиски поглавица од островот Бау кој ги обединил фиџиските племиња под негово водство. Тогаш тој се прогласил за Крал на Фиџи, а подоцна Заштитник за време на британската колонизација. Во 1874 година Фиџи станал дел од Британската Империја.

Независност (1970)

[уреди | уреди извор]

Во 1970 година Фиџи се стекнал со независност.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Карта на Фиџи.

На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава,Сува, и има околу 200.000 жители. Други градови на други острови се Кандаву на истоимениот остров и Сомосомо на островот Тавеуни. Помеѓу островите се наоѓа живописното Корско Море. Највисок врв на Фиџи е врвот Викторија, 1372м. и се наоѓа на островот Вити Леву. Фиџи се наоѓа во таканаречената група острови Меланезија и зафаќа површина од 18.270км2.

Вкупната површина на Фиџи е 194.000 км2, но од овие само 10% е копно. Овој архипелаг има 322 острови од кои 106 се населени.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Политиките на Фиџи се одвиваат во рамките на парламентарна демократија, премиерот е на чело на владата, а додека претседателот на Фиџи е на чело на државата. Извршната власт е во рацете на владата на Фиџи. Законодавната власт е под ингеренции на парламентот на Фиџи. Според уставот, судската власт во Фиџи е независна.

Сепак, во 2006 година беше извршен воен удар во Фиџи и оттогаш на власт е војската.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на дивизиите на Фиџи.

Фиџи е поделен на четири главни дивизии:

Овие дивизии се поделени на следните 14 покраини:

  • Ба
  • Буа
  • Какаудрове
  • Кадаву
  • Лау
  • Ломаивити
  • Макуата
  • Надрога-Навоса
  • Намоси
  • Наитасири
  • Ра
  • Рева
  • Серуа
  • Таилеву

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Сува, главен град и комерцијален центар на Фиџи

94% од населението во Фиџи е писмено а БДП-еден од најдобрите показатели за економијата и стандардот е 5900 амеркански долари што ја става во друштво со земјите како Црна Гора, Туркменистан, Перу, Самоа, НР Кина, Венецуела, Габон итн. Според познатата ХДИ листа која Обединетите нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средно развиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
Колиби во Фиџи.

Во Фиџи денес живеат околу 849.000 жители (проценка од 2009) што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.

Сепак Фиџи е ретко населена држава со само 10 жители на километар квадратен. Градското население во Фиџи изнесува 51% од населението а средниот животен век е 63 години.

Населението на Фиџи се главно етнички Фиџијци кои се меланезиски народ и тие сочинуваат 54,3%, потоа има Индо-фиџици кои сочинуваат околу 38,1% и тие се потомци на Индијци донесени од Индија како работна сила.

Според ЦИА, религиите во Фиџи се застапени со следните проценти: христијани 64,5%, хиндуси 27,9%, муслимани 6,3% и останатиот процент припаѓа на различни религиски групи.

Службени јазици во Фиџи се: бау фиџиски јазик, англиски јазик и хиндуски.

Култура во Фиџи

[уреди | уреди извор]

Културата на Фиџи е доста богата со многу елементи од индиската, кинеската, локалната и европската култура. Различности има во архитектурата, јазиците, храната, пијалаците, обичаите и социјалниот живот.

Локалната култура е најдоминантна и е дел од секојдневието на народот на Фиџи.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општо
Патување
Друго

18°S 179°E / 18° ЈГШ; 179° ИГД / -18; 179

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  2. Fiji Bureau of Statistics (5 January 2018). „2017 Population and Housing Census – Release 1“. Census 2017. Архивирано од изворникот на 2018-03-20. Посетено на 8 April 2018.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.