iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Требонијан_Гал
Требонијан Гал — Википедија Прејди на содржината

Требонијан Гал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Требонијан Гал
Роден 206
Перузија, денешна Италија
Починал 253
Терни, денешна Италија

Требонијан Гал (латински:Gaius Vibius Trebonianus Gallus[2]) бил римски цар. Роден е во 206 година. Со Римското Царство управувал до 253 година[3]. Бил наследен од страна на Емилијан. Во негово време се осетила можноста од распаѓање на Римското Царство, навлегувајќи во голема криза. Бил избран за цар веднаш по смртта на Дециј Трајан со препорака од неговите најблиски војници да ги потисне готите. Напротив, тој склучил примирје со нив, и веднаш потоа заминал за Рим. Но готите не го спроведувале мирот, кои следните години навлегле длабоко на Балканот. Тој можеби наредил и некоординиран прогон на Христијаните.[4]

Во империјата избувнала голема криза. Од исток империјата била потиснета од персијците, од кај Рајна германите, а кај Дунав веќе биле стационирани готите. Избувнала и епидемија на чума, умирајќи илјадници народи низ империјата. Од чумата починал и соцарот Хостилијан. Кон почетокот на 253 година, војсководецот Емилијан од страна на дунавската армија бил избран за цар, насочувајќи се кон Рим. Требонијан Гал за помош го повикал раководителот на Германија, Валеријан. Но тој закаснал во тоа, но подоцна истиот се предал на страната на претендентот. Требониан Гал и Волусијан биле убиени од сопствените си војници.

  1. J. Lenaghan (2012). "Portrait bust of man in armour made from disparate elements. Antioch on the Orontes (Syria). Late third to early fourth century." Last Statues of Antiquity. LSA-254.
  2. Cooley, Alison E. (2012). [[[:Предлошка:Googlebooks]] The Cambridge Manual of Latin Epigraphy] Проверете ја вредноста |url= (help). Cambridge University Press. стр. 498. ISBN 978-0-521-84026-2.
  3. Kienast, Dietmar; Werner Eck; Matthäus Heil (2017). Römische Kaisertabelle. WBG. стр. 200–201. ISBN 978-3-534-26724-8. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help); Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  4. Bowman, Garnsey & Cameron 2005, стр. 40.