iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Тигриња
Тигрињски јазик — Википедија Прејди на содржината

Тигрињски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тигриња)
Тигрињски јазик
ትግርኛ tigriññā
Изговор/tɨɡrɨɲa/
Застапен воЕритреја, Етиопија
ПодрачјеЕритреја, Етиопија
НародТигрињци
Говорници9 милиони  (2011–2012)
Јазично семејство
Писмоетиопско писмо
Статус
Службен во Еритреја
Признаен како малцински во Етиопија
Јазични кодови
ISO 639-1ti
ISO 639-2tir
ISO 639-3tir

Тигрињскиот или само тигриња (ትግርኛ, /tigriññā/) е семитски јазик, дел од групата на северноетиопски семитски јазици. Јазикот е мајчин јазик на народот Тигрињци, кои живеат во Етиопија и Еритреја. Во Еритреја тигриња е најголемиот јазик во државата, а воедно и службен јазик на Еритреја. Во Етиопија јазикот се зборува во Тиграјскиот регион.[1]

Номенклатура

[уреди | уреди извор]

Нема сеопфатно име за луѓето кои збориваат тигриња (односно сеопфатно месно име). Во Етиопија се користи следната номенклатура: tigrāwāy (за маж), tigrāweytī (за жена), tigrāwōt или tegaru (множина). Во Еритреја службено народот е познат како Bihére-Tigrigna („нација Тигриња“).

Распоространетост

[уреди | уреди извор]

Тигриња е најголемиот јазик во Еритреја, и четврт најголем јазик во Етиопија. Јазикот го зборуваат и припадниците на тигрињската емиграција во Судан, Саудиска Арабија, Израел, Германија, Италија, Шведска, САД, Австралија и Канада.

Дијалекти

[уреди | уреди извор]

Дијалектите на тигриња се разликуваат еден од друг на лексичко, фонолошко и граматичко ниво.[2] Се смета дека ниту еден дијалект не е земен како стандардна форма на тигриња.

Самогласки
Предни Централни Задни
Високи i ə [ɨ] u
Средни e ä [ɐ] o
Ниски a
Согласки
Билабијално/
лабиодентални
Дентални Посталвеоларни/
непчани
Меконепчани Фарингални Глотални
Чисти Лабијализирани
Експлозивни и
африкативни
Безвучни p t č [ʧ] k [ʔ]
Звучни b d ǧ [ʤ] g g
Ејективни p' t' č' [ʧ'] k' kʷ'
Фрикативни Безвучни f s š [ʃ] (x) (xʷ) [ħ] h
Звучни (v) z ž [ʒ] [ʕ]
Ејективни s' (x') (xʷ')
Носни m n ñ [ɲ]
Апроксимантни l y [j] w
Вевни r

Јазикот се пишува со етиопското писмо. Ова писмо првично се развило за потребите на јазикот гиз. Ова писмо е абугида, каде секој карактер има согласка и самогласка. Карактерите се подредуваат во зависност од комбинацијата.

Тигрињско (етиопско) писмо
  ä u i a e (ə) o wi wa we
h  
l  
 
m  
ś  
r  
s  
š  
ḳʰ
b  
v  
t  
č  
n  
ñ  
ʾ  
k
x
w  
ʿ  
z  
ž  
y  
d  
ǧ  
g
 
č̣  
 
 
ṣ́  
f  
p  
  ä u i a e (ə) o wi wa we
  1. „Tigrinya language“. Encyclopaedia Britannica.
  2. Leslau, Wolf (1941) Documents Tigrigna (Éthiopien Septentrional): Grammaire et Textes. Paris: Librairie C. Klincksieck.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]