iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Тибет
Тибет — Википедија Прејди на содржината

Тибет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тибетската Висорамнина

Тибет (тибетски: བོད་Вајли: Bod, изговор [pʰø̀ʔ]; кинески: 藏区, пинјин: Zàngqū; монголски: Tövd) — подрачје во Средна Азија, дом на тибетскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина.

Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните покраини Амдо, Кам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, покраини која ги опфаѓа само У-Цанг и западниот регион Кам. Источниот дел на регионот Кам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските покраини Ќингхај, Гансу, Јинан и Сечуан.

Знамето на Тибет

[уреди | уреди извор]
Знаме на Тибет

Моменталната верзија на тибетското знаме ја претставил XIII далај-лама во 1912. Во минатото Тибет бил независна држава и поради тоа некои го оспоруваат правото на властите на НР Кина на тој простор. Во периодот кога Тибет бил во составот на Монголското и Кинеското царство успеал да сочува одреден степен на самостојност.

Во 1951 година Тибет бил окупиран од страна на НР Кина. Владата на Тибет предводена од XIV далај-ламa во 1959 била присилена да ја напушти татковината и вспоставила влада во егзил во Дармсала во северна Индија. Владата во егзил бара независност на Тибет, повикувајќи се на историското право и постоење на древната тибетска држава. Таа продолжила да го користи знамето, чие прикажување влаадата на Кина го има забрането за да ги одврати тежнеењата за независност.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името Тибет, кое се користи во повеќето европски јазици потекнува од арапскиот или персискиот Töbän - висина, висорамнина. Тибеќаните својата татковина ја нарекуваат Бод (така се изговара по некои тибетски дијалекти). Се смета дека надобар превод на тој збор е „Татковина“. Кинеското име за Тибет е Ш'иѕан'. Постојат повеќе значења на ова име.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]