iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Тенок_стрелец
Тенок стрелец — Википедија Прејди на содржината

Тенок стрелец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тенок стрелец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Ред: Лушпари
Семејство: Смокови
Потсемејство: Вистински смокови
Род: Platyceps
Вид: Тенок стрелец
Научен назив
Platyceps najadum
(Eichwald, 1831)

Тенок стрелец или змија-џитка (науч. Platyceps najadum) — вид неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae). Прв ја опишал Карл Ајхвалд во 1831 г.[1]

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Оваа змија се среќава во Македонија[2], на Балканот, Беломорјето, на Кипар, на Близок Исток|Блискиот Истокок]] па до Туркменистан и Кавказ.[3]

Тенкиот стрелец се среќава во суви предели, во пустински и карпести краишта, во шуми, честаци и обработливи површини од морско ниво, па сè до надморска височина од 2000 м. Чест жител на полињата и страда од прегазување на патиштата. Телото е тенко, ретко подолго од еден метар.[4] Поголеми закани за тенкиот стрелец се шумските пожари, интензивното земјоделство и непосредни мерки за искоренување.[1]

Биологија

[уреди | уреди извор]

Женките снесуваат по 3 до 16 јајца во секое гнездо.[1]

Подвидови

[уреди | уреди извор]

Постојат пет[1] или шест[5] подвида:

  • Platyceps najadum albitemporalis (Darevsky & Orlov, 1994)
  • Platyceps najadum atayevi (Tuniyev & Shammakov, 1993), Копетдаг, Иран/Туркменистан
  • Platyceps najadum dahlii (Fitzinger, 1826), Македонија, Балкан, Кипар, беломорска Турција
  • Platyceps najadum kalymnensis (Schneider, 1979), ендемска на островот Калимнос, Беломорје
  • Platyceps najadum najadum (Eichwald, 1831), Кавказ и Мала Азија
  • Platyceps najadum schmidtleri (Schätti & Mccarthy, 2001, Загрос, Иран

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 http://www.iucnredlist.org/details/157277/0
  2. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. Тенок стрелец (Platyceps najadum)Википедија на француски јазик
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 2014-08-10.
  5. http://reptile-database.reptarium.cz/species?genus=Platyceps&species=najadum&search_param=%28%28search%3D%27Platyceps+najadum%27%29%29

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]