Симболизам
Симболизам — уметнички и книжевен правец кој настанал во Франција кон крајот на 19 век како отфрлање на натурализмот и реализмот. Симболизмот имал свои почетоци уште од периодот на романтизмот, и траел и после 1900 година, кога се смета дека како правец изумрел.
Претставници
[уреди | уреди извор]Во литературата главен претставник на симболизмот е Шарл Бодлер. Покрај него, тука се и германскиот поет и романописец Новалис, американскиот раскажувач и лиричар Едгар Алан По, француските романтичари Виктор Иго и Алфред Вињи.
Непосредни претходници на симболизмот се сметаат: Артур Рембо, Стефан Маларме, Верлен, кои се сметаат и за негови најдобри претставници, а Маларме и за најзначаен теоретичар.
Во Германија: Р.М. Рилке и Х. фон Хофманстал. Во Англија: Оскар Вајлд и В.Б. Јејтс. Во Русија: Валериј Брјусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок. Во Југославија: Јован Дучиќ, А. Г. Матош, Отон Жупанчич и други.
Во поезијата
[уреди | уреди извор]Во основата на својата поетика симболистите ги ставиле теоретските ставови и поетската пракса на Шарл Бодлер: современ поет, син на големиот град, кој во својата сензибилност слегува до дното на човечкиот физички и морален пад, наоѓајќи го во темните длабочини на човечкото битие најголемото патење но и најголемата восхитеност, спој на несреќа и убавина („Ужасот на животот - екстазата на животот“).
Природата во своите појавни облици е само привидност (сон), а под тоа се крие вистинската суштина на нештата. Поетот е видовит пророк, кој во моменти на поетска интуиција ги открива тие суштини. Со „симбол“ се означува поетска слика која се прелева многу над своето основно значење, и дифузно сугерира многу идеи и емоции. Наспроти романтичарските барања за субјективност на поетскиот израз, симболизмот ја прогласува имперсоналноста (безличноста) како основна поетска инспирација.
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Според српскиот поет Јован Дучиќ, симболизмот не бил ново духовно движење, туку само нов манир, само нов начин на говорење, но не и ново чувство. Оттука, многу брзо, тој бил целосно исцрпен и опаднал. Во симболизмот има многу големи грешки, неговата психологија е ненормална, неговите идеи и асоцијации се бизарни, неговите сензации се болни, неговото негирање на непосредното доживување е сосема погрешно, а неговата музика е само бесцелно преценување на споредните случаи. Затоа, тоа движење завршило во здодевност.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 280.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Симболизам“ на Ризницата ? |
- Collection of German Symbolist art
- Les Poètes maudits by Paul Verlaine (француски)
- ArtMagick The Symbolist Gallery Архивирано на 2 август 2002 г.
- What is Symbolism in Art Ten Dreams Galleries - extensive article on Symbolism
- Symbolism Архивирано на 19 мај 2012 г. Gustave Moreau, Puvis de Chavannes, Odilon Redon
- Literary Symbolism Published in A Companion to Modernist Literature and Culture (2006)
|