iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Римски_крал
Крал на Рим — Википедија Прејди на содржината

Крал на Рим

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Римски крал)

Крал на Рим или рекс (лат.: rex, regis) бил главниот магистрат на Римското кралство.

Сите кралеви, со исклучок на Ромул, кој функцијата ја добил со самото основање на градот, биле избрани од страна на народот за да служат доживотно, а ниту еден до престолот не дошол со вооружена сила. Иако кај првите четири монарси немало принцип на наследство, со петтиот крал, Тарквиниј Приск, кралското наследство се востановило според женскиот дел на семејството на починатиот крал. Поради тоа, древните историчари тврделе дека кралот бил избиран врз основа на неговите доблести, а не поради потеклото.

Попис на Римските кралеви [1]

[уреди | уреди извор]

Имало седум традиционални Кралеви на Рим, пред основањето на Римската Република. Според записите на Тит Ливиј тие кралеви биле:

Кралеви на Рим
Крал Традиционално владеење
Ромул 753 г. п.н.е.716 г. п.н.е.
Нума Помпилиј 715 г. п.н.е.674 г. п.н.е.
Тул Хостилиј 673 г. п.н.е.642 г. п.н.е.
Анко Марциј 642 г. п.н.е.617 г. п.н.е.
Луциј Тарквиниј Приск 616 г. п.н.е.579 г. п.н.е.
Сервиј Тулиј 578 г. п.н.е.535 г. п.н.е.
Луциј Тарквиниј Гордиот 535 г. п.н.е.510 г. п.н.е./509 г. п.н.е.