iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Констанс_I
Констанс I — Википедија Прејди на содржината

Констанс I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Констанс I
Роден 320 година
Починал 350 година
Хелена

Флавиј Јулиј Констанс (лат.Flavius Iulius Constans),(ok.320- 350 год.) е византиски цар, најмалиот син на Константин Велики и Фауста. Во 333 година е прогласен за цезар, а при поделбата на империјата во 337 година е прогласен за управник на Италија, Северна Африка и Илирик[2]. По победата над неговиот брат Константин II управува и со Галија, Британија и Шпанија, т.е. западниот дел на империјата. Во годините 341-2 води успешни борби со Франките[3], а во првите месеци на 343 е на посета на Британија[4] , кога таа е нападната од Шкотите. Со текот на времето се покажал доволно мрзлив,а администрацијата била корумпирана и трошела неограничено пари. Во однос на религијата бил приврзаник на Никејското православие, ги забранил паганските жртвувања и ги прогонувал останатите христијански секти. Сето тоа го направило непожелен од народот и војската. Така во 350 година војсководецот Магнетиј се побунил[5], а Констанс побегнал кон Шпанија[6], но по патот бил фатен и убиен[7] крај гратчето Хелена, денешна Јужна Франција.

  1. "L'empereru Constant Ier?". Louvre
  2. Tougher, Shaun (2018), „Constans I“, Во Nicholson, Oliver (уред.), The Oxford Dictionary of Late Antiquity (англиски), Oxford University Press, doi:10.1093/acref/9780198662778.001.0001, ISBN 978-0-19-866277-8, Посетено на 2 November 2020
  3. Hunt 1998, стр. 6.
  4. Michael DiMaio Jr. and Robert Frakes, Constans I (337-350 A.D.) Архивирано на 22 февруари 2024 г.
  5. Jones, Martindale & Morris, стр. 532.
  6. Victor, 41:21:23
  7. Gibbon, Edward (1900). The Decline and Fall of the Roman Empire. 2. P. F. Collier & Son. стр. 117. Пред да стигне до пристаништето во Шпанија, каде што имал намера да се качи, бил престигнат во близина на Хелена, во подножјето на Пиринеите, од страна на лесна коњаница, чиј началник, без оглед на светоста на храмот, ја извршил својата задача со убиството на синот на Константин.