Компјутерска динамика на флуиди
Компјутерската динамика на флуиди (КДФ) е гранка на механиката на флуиди која користи бројчени методи и алгоритми да изучува феномени на движењето на флуиди. Компјутерите ги пресметуваат интеракциите на течностите и гасовите со различни површини на кои се поставени гранични услови. Со брзи суперкомпјутери, се постигнуваат попрецизни решенија. Моменталното истражување во областа развива софтвер со подобрена прецизност и брзина при комплексни симулации, како на пример движења на трансонични флуиди или турбулентни движења. Резултатите од овој софтвер мора да бидат потврдени преку експерименти во ветерни тунели и слични тестови.
Македонци кои се занимаваат со КДФ
[уреди | уреди извор]Поради деликатноста на компјутерските системи кои се потребни за изработка на овие анализи не многу Македонци се занимаваат со КДФ во Република Македонија. Меѓу тие кои се занимаваат со оваа проблематика се:
- Проф. Д-р Александар Донев, вонреден професор по математика на Институтот за математички науки „Ричард Курант“ при Универзитетот во Њујорк[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2017-02-21. Посетено на 2016-12-23.