iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Волусијан
Волусијан — Википедија Прејди на содржината

Волусијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волусијан
Монета со ликот на Волусијан
34-ти цар на Римското Царство
На престол251–253 (со Требонијан Гал)
ПретходникДециј и Херениј Етруск
НаследникЕмилијан
Починал(а)август 253
Интерамна
Полно име
Гај Афиниј Гал Вендумнијан Волусијан [1]
Гај Вибиј Волусијан Цезар (251)[1]
ТаткоТребонијан Гал
МајкаАфинија Гемина Бебијана

Волусијан (латински: Gaius Vibius Volusianus Augustus;[2] починал во август 253), исто така познат како Волузијан, бил римски владетел од 251 до 253.

Тој бил син на Гај Вибиј Требонијан Гал[3] од неговата жена Афинија Гемина Бебијана. Познато е дека имал сестра, Вибија Гала. Требонијан Гал бил именуван за цар во јули 251 година[3] кога неговите претходници Декиј и Херениј Етруск, загинале борејќи се со Готите.[3][4][5]

Смртта на Дециј во почетокот на јуни 251 довело до наследување на престолот од страна на Требонијан Гал. Гал го посвоил синот на Дециј, Хостилијан и го направил ко-владетел. Волусијан бил назначен за Цезар и Princeps Juventutis. Подоцна во 251 Хостилијан умрел од бубонска чума[6] и Волусијан го наследил како Август и ко-владетел.

Таткото и синот заедно биле убиени во 253 од бунтовници во Интерминија.

  1. 1,0 1,1 Cooley 2012, стр. 498.
  2. In Classical Latin, Volusian's name would be inscribed as GAIVS VIBIVS VOLUSIANVS AVGVSTVS.
  3. 3,0 3,1 3,2 Adkins & Adkins 2014, стр. 28.
  4. Bunson 2014, стр. 255–256.
  5. Salisbury & Mattingly 1924, стр. 16.
  6. Peachin 1990, стр. 33-34.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Владејачки титули
Претходник
Хостилијан
Римски владетел
251–253
Заедно со: Требонијан Гал
Наследник
Емилијан
Политички функции
Претходник
Дециј,
Херениј Етруск
Конзул на Римското Царство
252–253
со Требонијан Гал,
Луциј Валериј Попликола Балбин Максим
Наследник
Валеријан,
Галиен