iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Виена
Виена — Википедија Прејди на содржината

Виена

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Виена
Wien
од лево кон десно и одгоре надолу: Градски дом, дворец Шенбрун, Ризенрад, Државна опера, Катедрала Свети Стефан, Уметничкоисториски музеј, Штефанплац, Захер торта, Споменик на Јохан Штраус, Сецесија, Донау Сити, Дом Хундертвасер
Знаме на ВиенаАмблем на Виена
Амблем
Грб на Виена
Виена is located in Австрија
Виена
Виена
Местоположба на Виена во Австрија
Координати: 48°12′32″N 16°22′21″E / 48.20889° СГШ; 16.37250° ИГД / 48.20889; 16.37250
CountryАвстрија Австрија
ДржаваВиена
Управа
 • ГрадоначалникМихаел Хојпл (СПА)
 • Заменик-градоначалникМарија Василаку (Зелени)
Површина
 • Градска414,65 км2 (16,010 ми2)
 • Земјишна395,26 км2 (15,261 ми2)
 • Вода19,39 км2 (749 ми2)
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Неочекуван оператор (
 |1=Грешка во изразот: Неочекуван оператор (
}}
151 (Лобау) – 542 (Херманскогел) м
Население (2011)
 • Градско1.731.236
 • Густина4.002,2/км2 (103,660/ми2)
 • Градскo1.983.836
 • Метроca. 2.419.000
 Statistik Austria,[1] VCÖ – Mobilität mit Zukunft[2]
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.wien.gv.at

Службен назив: Историски центар на Виена
Тип:Културно
Критериуми:ii, iv, vi
Прогласено:2001 (XXV заседание)
Број1033

Виена (германски: Wien) — главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена е главен град на Австрија, со население од 1,7 милиони[3] (2,3 милиони во метрополитенската област, повеќе од 25% од населението на Австрија) и моментално е најголемиот град во државата и нејзин културен, економски и политички центар. Градот е десетти по големина во Европската Унија. Виена, како центар на Австрија, која во текот на студената војна се сметаше за неутрална земја [4], е домаќин на голем број меѓународни организации како што се Обединетите Нации и ОПЕК.

Виена се наоѓа во источна Австрија, блиску до Словачка, Чешката Република и Унгарија. Овие региони работат заедно во централниот европски граничен регион. Поради нејзината близина со Братислава, Виена образува метрополитански регион од 3 милиони граѓани. Во 2001 година, центарот на градот стана дел од Светското Наследство на УНЕСКО.[5]

Во една студија од 2005 година, помеѓу 127 светски градови, градот Виена заедно со Ванкувер се наоѓа на прво место според квалитет на животот.[6] Ова го потврдиле и студиите на Mercer Survey во 2009 и 2010 година.[7][8] Исто така, градот бил рангиран на првото место според културата и иновацијата во 2007 и 2008, и на второ место, глобално во 2009, според мислењата на анкетирани граѓани на прашања кои содржеле 162 индикатори, вклучувајќи ги културата, инфраструктурата и др.[9] Виена редовно е домаќин на конференции за урбано планирање.[10]

Според магазинот Monocle, градот зазема високи места според стандардите за живеење, односно се наоѓа на петтото место во 2010.[11]

Македонското име Виена, официјалното германско име Wien, англиското Vienna, како и имињата на градот во повеќето јазици, најверојатно се добиени од келтското име на населбата. Според некои името доаѓа од зборот Vedunia што во превод би значело шумски поток, коешто подоцна мутирало во Виена, Vienna и Wien. Според друга теорија името доаѓа од староримската населба Виндобона, што најверојатно значи бел под, од коешто подоцна настанале Vindovina, Vídeň (чешки) и Wien.[12]

Името на градот на унгарски e Bécs, на босански, хрватски и српски e Beč, на отомански турски е Beç. Овој назив на градот има поинакво потекло, најверојатно словенско потекло.[13]

На словенечки градот се вика Dunaj што истовремено во словенечкиот јазик е називот на реката Дунав.

Историја

[уреди | уреди извор]
Римски урнатини кај Мишалерплац.
Виена во 1493.

Градот е основан во 500 п.н.е., и претставува келтска населба. Во 15 г. п.н.е., градот станал римски стратешки град (во тоа време бил нарекуван Виндобона) кој бил важен за одбраната на Царството од Германските племиња на север.

Во XIII век Виена влегла во судир со Монголското Царство, која се простирала главно на територијата на денешните Русија и Кина. Сепак, поради смртта на монголскиот водач, Угедеј Кан, армијата на Монголците се откажала од еврпоскиот фронт и не се вратила на таа територија никогаш повеќе.

За време на средниот век, Виена претставувала дом на Бабенгерската династија, а во 1440 година градот станал престолнина на Хабсбуршката династија. Со текот на времето градот се развил и станал главен град на Светото римско Царство и центар за уметноста и науката и на добрата кујна. Бил окупиран од страна на Кралството Унгарија во периодот од 1485 до 1490. Во XVI и XVII век, отоманската војска двапати не успеала да го освои градот во 1529 и во 1683 година. Во 1679 година Виена била зафатена од голема чума која успеала да однесе во смрт една третина од населението во градот.[14]

Во 1804 година градот станал главен град на Австриското Царство и продолжил да игра важна политичка улога како седиште на државата која била прв одбранбен бедем на европската цивилизација од Отоманското Царство. Таа била домаќин и на конгресот од 1814 година. По австроунгарскиот компромис од 1867 година, Виена продолжила да биде главен град, но тогаш на Австроунгарија. Градот станал центар на класичната музика, па поради тоа за првата музичка школа некогаш се користи насловот Прва Виенска школа. Во втората половина на XIX век, градот почнал забрзано да се развива. Бил изграден голем булевар околу стариот град, поранешните населби биле поврзани во градот. Заедно со развојот се зголемувало и неговото население. Во 1918, по Првата светска војна, Виена станала главен град на Првата Австриска Република.

Од доцниот XIX век, па сè до 1939 година градот продолжил да биде центар на високата култура и доцниот модернизам. Како светски главен град на музиката, градот бил родно место на композитори Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и на Рихард Штраус. Виена, исто така, била позната и по убавата архитектура, во која главно преовладува ренесансниот стил. Ширум територијата на Австрија, градот се сметал за центар на социјалистичката политика, па поради тоа бил нарекуван и Црвената Виена. Во 1938 година кога триумфално навлегол во Австрија, Адолф Хитлер им се обратил на Австријците од балконот на Ненбург, дел од Палатата Хофбург кај Хелденплац.

Помеѓу 1938 г. и крајот на Втората светска војна, Виена го изгубила статусот на главен град и неа ја заменил Берлин. Тоа се случило како резултат на аншлусот кој Нацистичка Германија го извршила врз Австрија и со ја припоила, оваа како што тогаш сметале германска територија, кон нејзината територија.

Мапа на Виена, 1773-1781.
Поглед на Виена од 1758 година, дело на Бернардно Белото.

На 2 април 1945 година, Советскиот Сојуз ја започнал Виенската офанзива против Германците, при тоа градот бил под опсада сѐ додека не паднал две недели подоцна. Австрија повторно станала независна држава на 27 април 1945 година, а Виена повторно го добила статусот главен град. Четирите армии кои учествувале во опсадата на градот ја поделиле Виена на четири сектори, кои биле надгледувани од страна на Командата на сојузниците за Австрија.

Британските и американските воздушни напади и артилериски двобои со Вехрмахтот, како и Црвената Армија ја раздориле инфраструктурата на градот, најмногу во делот на трамвајските услуги и водата, но и во дистрибуцијата на електрична енергија.[се бара извор] Биле уништиле и голем број на јавни и приватни згради. Дури во 1955 година, по долги години на реконструкција Државната опера и „Бург театарот“ биле повторно отворени.

Окупацијата на Виена од страна на Сојузниците, се разликувала од онаа на Берлин. Централната област на градот и првиот округ претставувале меѓународна зона во која четирите сили ја менувале контролата еднаш месечно. Сепак, и покрај стравовите и некои други проблеми, Советскиот Сојуз не извршил целосна блокада на градот, како што го направил тоа со Берлин. За време на 10-те години туѓа окупација, Виена станала епицентар за меѓународната шпионажа помеѓу Западниот и Источниот блок.

Во 1970-тите, австрискиот канцелар Бруно Крајски го отворил „Виенскиот меѓународен центар“, нов дел од градот во која се планирало да се изградат и сместат меѓународни институции. Виена повторно го враќа својот дух на меѓународен центар со тоа што станува домаќин на многу меѓународни организации како Обединетите Нации, Меѓународната агенција за атомска енергија, Организацијата на земји извознички на нафта и Организацијата за безбедност и соработка на Европа.

Историско население

[уреди | уреди извор]
Жители на Виена според официјалните пописи: од 1800 до 2005.

Поради индустријализацијата и имиграцијата од другите делови на Царството, населението во Виена нагло се зголемило во периодот кога била главниот град на Австроунгарија (1867–1918). Во 1910 година, Виена имала население поголемо од 2 милиона и во тој период тој бил еден од шесте најголемите градови во светот. На крајот на векот, Виена бил втор град по бројот на Чешко население во светот, веднаш после Прага.[15] Сепак, после Првата светска војна, многу Чеси и Унгарци се вратиле назад во нивните родни земји, со што бројот на жители на Виена се намалил. Кога станува збор за етничките групи, околу една третина од население на градот биле луѓе со словенско или унгарско потекло.[се бара извор] Во 1923 година, имало околу 201,513 Евреи кои живееле во Виена, со што била трета најголема еврејска заедница во Европа.[16]

Од 2001 година, 16% од луѓето кои живеат во Виена не се Австријци по националност, скоро половината од нив биле од поранешна Југославија, главно Срби;[17][18] по нив следуваат Турците (39,000 или 2.5%), Полјаците (13,600 или 0.9%) и Германците (12,700 или 0.8%).[19]

Според статистиките во 2011 година, населението во градот Виена е нешто помало од 1,8 милиони жители, од кои околу 30% имаат странско потекло. Најголема странска етничка заедница претставуваат населението од Србија и Косово (преку 120 000), Германци (преку 120 000), население од Босна и Херцеговина (преку 100 000), Турци (преку 80 000), Унгарци, Хрвати и други.

Година 1754 1800 1850 1900 1910 1923 1939
Вкупно
население
175,460 271,800 551,300 1,769,137 2,083,630 1,918,720 1,770,938
Година 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2008
Вкупно
население
1,616,125 1,627,566 1,619,885 1,531,346 1,539,848 1,550,123 1,678,435

Географија и клима

[уреди | уреди извор]

Виена е сместена во североисточна Австрија, на најисточниот продолжеток на Алпите во Виенската Котлина. Најраната населба, на територијата на денешниот современ град, била јужно само на јужниот брег на Дунав, додека денеска градот се простира на двете страни од реката. Надморската висина се движи од 151 до 524 м.

Виена има морска клима според класификацијата на Köppen. Градот има топли лета со средни високи температури од 22 до 26 °C, со максимални достигнувања преку 30 °C и најниски со околу 15 °C. Зимите се релативно студени со средни температури кои достигнуваат точка на замрзнување, а исто така врне и снег најчесто од декември до март. Пролетта и есента во главно се пријатни и благи. Врнежите генерално се умерени во текот на годината и нивниот просек изнесува 620 mm.

Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов Дек Годишно
Средна висока температура (°C) 2.9 5.1 10.3 15.2 20.5 23.4 25.6 25.4 20.3 14.2 7.5 4.0 14.53
Минимална температура (°C) -2.0 -0.9 2.4 5.8 10.5 13.5 15.4 15.3 11.7 7.0 2.4 -0.5 6.72
Врнежи (mm) 37.2 39.4 46.1 51.7 61.8 70.2 68.2 57.8 53.5 40.0 50.0 44.4 620.3

Окрузи и проширување

[уреди | уреди извор]
Мапа на окрузите на Виена со броеви.
Сателитски поглед на Виена.

Виена е составена од 23 окрузи (на германски: Bezirke). Канцелариите на управните окрузи во Виена, служат слично како и оние во другите држави, полицајците се главен предмет на градоначалникот; со исклучок на полицијата која во Виена е предводена од Министерот на Полицијата (во исто време и еден од деветте директори на Министерството за безбедност), сојузна канцеларија, директно одговорна на Министерот за внатрешни работи.

Како што било планирано во 1919 година, за цела Австрија, но не било воведено, населението во округот Виена (Австрија, како и граѓаните на ЕУ со целосен престој овде) ја бираат општината на округот, која пак го бира шефот, како и политички претставник на округот на ниво на градот. Општината на округот има некои права во политичката моќ од областа на планирањето, градењето и сообраќајот.

Историскиот град во Виена, кој всушност го претставува срцето на денешниот град, некогаш бил опкружен со ѕидови и отворени полиња со мета, со цел градот да биде одбранет од потенцијалните напаѓачи. Во 1850 година, Виена заедно со 34 села[20] се викала Ворстадте, во границите на градот. Поради тоа, ѕидовите се срушени после 1857,[21] што овозможило центарот на градот да се прошири.

На нивно место бил изграден широк булевард кој се вика Рингштрасе, в долж кој се изградени јавните и приватните згради во градот како и спомениците и парковите. Во изградените згради спаѓаат Градскиот дом, Бургтеатар, универзитетот, парламентот, различни музеи како и Државната Виенска Опера. Исто така тоа и местото на новото крило од палатата Хофбург, поранешниот царски дворец, како и царското и кралско Министерство за Војна завршени во 1913 година. Во главно со готска архитектура, катедралата Свети Стефан е сместена во центарот на градот во Стефансплац.

Политика

[уреди | уреди извор]
Градскиот дом служи како седиште на градоначалникот во градот и општина на град Виена.

До 1918 година, политика била предводена само до Христијанската Социјалистичка Партија, а долгогодишен градоначалник бил Карл Лугер. Виена денес се смета за центар на Социјалдемократската партија на Австрија. За време на периодот на првата република (19181934), виенските социјалдемократи преземале и извршиле голем дел од социјалните реформи. Во тоа време, во Виена општинската политика била гледана со восхит низ цела Европа. Во февруари 1934 војници на Конзервативната Австриската Федерална Влада и паравоени социјалистички организации биле ангажирани во австриската граѓанска војна, која довела до забрана на Социјалдемократската партија.

Во поголемиот дел од времето во Првата светска војна, градот бил предводен од страна на Социјалдемократската партија со апсолутно мнозинство во градското собрание. Само помеѓу 1934 и 1945 година, кога Социјадемократската партија била прогласена за нелегална, градоначалниците биле назначувани од страна на Австро-фашистичката партија, а подоцна од нацистичките власти. Сегашен градоначалник на Виена е Михаил Хаупл. Социјадемократите моментално имаат 55% од местата, со удел од 49% на гласовите.[22] Поголемиот број од австриските политички експерти веруваат дека ако не постоела Социјалдемократската партија на Австрија, нивниот главен соперник Австриската Народна Партија ќе доминирала во австриската политика.

Еден пример на многуте градски социјалдемократски реформи и политики е ниската цена на недвижностите за домување.

Откако Виена добила статус на сојузна покраине (Bundesland) во рамките на Автрија (во 1921 година), градоначалникот исто така има улога и на гувернер на покраината (Landeshauptmann). Во Градскиот дом се сместени канцелариите на градоначалникот и на покраинската влада (Landesregierung). Градот е предводен од мноштво на одделенија (Magistratsabteilungen).

Во 1996 година, во изборите спроведени во градската општина, SPÖ го изгубиле целосното мнозинство и добиле само 43 седишта и 39.15% од гласовите, додека Партијата на слободата (FPÖ), предводена од Јерг Хајдер, добила 29 од седиштата и успеала да ја победи ÖVP која завршила на третото место. Од периодот 1996-2001, SPÖ била на власт на Виена заедно во коалиција со ÖVP. Во 2001 година, SPÖ го добија целосното мнозинство со 52 седишта и 46.91% од гласовите; во октомври 2005 ова мнозинство пораснало понатаму на 55 седишта (49.09%).

Религија

[уреди | уреди извор]
Катедралата Св. Стефан (Стефансдом) во 1905.

Виена е седишта на виенската римокатоличка архиепископија и сегашниот архиепископ e кардиналот Кристоф Шенборн. Според пописот од 2001 година во Виена, религијата на виенското население е поделена на:[19]

католици 49,2%
атеисти 25,7%
муслимани 7,8%
православни 6,0%
протестанти (главно лутеранци) 4,7%
Евреи 0,5%
Други или незаведени 6,3%

Многу римокатолички цркви во центарот на Виена исто така настапуваат на религиска или друг тип на музика, вклучувајќи и такви кои изведуваат класична и оргулска музика. Некои од најзначајните историски згради на Виена се римокатолички цркви, вклучувајќи ги Катедралата Св. Стефан (Стефансдом), Карловата црква и Заветната Црква.

Музика, театар и опера

[уреди | уреди извор]
Националната опера (Стаатсопер).
Бургтеатарот.
Уметничкоисторискиот музеј во Виена, сместен на плоштадот Марија Тереза.

Културата и уметноста имаат дола традиција во Виена, вклучувајќи ги театарот, операта, класичната музика и ликовната уметност. Бургтеатарот се смета за еден од најдобрите театри во германскиот свет, заедно со неговата гранка Академитеатарот. Народниот виенски театар и театарот ин дер Јосефстадт исто така имаат добра репутација. Исто така има и голем број на помали театри, каде што во најголем дел од нив се изведуваам помалку барани форми на уметности, како модерни, експериментални претстави или кабаре.

Виена исто така е и дом на голем број на оперски куќи, вклучувајќи ги театарот на виенската река, Националната виенска опера и Народната Опера на Виена каде што се изведува типична виенска оперета. Класичните концерт се изведувани во добри познатите арени како Музикфераин, кој всушност претставува седиште на виенскиот филхармониски оркестар, како и Конзертхаус. Многу концертски сали можат да им понудат концерти на туристите со добро познатите виенски звуци (посебно делата на Волфанг Амадеус Моцарт и Јохан Штраус).

Во последните години, Театарот на виенската река стана доста популарен поради тоа што е домаќин на различни мјузикли, иако повторно се врати на работа со операта. Најпознатио мјузикал во Виена досега бил „Елизабет“, којшто подоцна бил преведен на неколку јазици и изведуван низ целиот свет. Куќата на музиката била отворена во 2000 година.

Историски најзначајните музејски експонати денеска се чуваат во палатата Хофбург. Меѓу најзначајние е ризницата на Хабсбуршката династија, дел на целосни збирки од собрани експонати од првостепено значење меѓу кои се издвојува круната на Светото Римско Царство, како и царската круна на Австриското Царство. Тука се наоѓа и таканаречениот Музеј „Сиси“ кој е посветен на австроунгарската кралица Елизабета, како и Национаната библиотека на Австрија.

Прочуената Албертина исто така припаѓа на дворскиот комплекс Хофбург. Овој музеј опфаќа импозантна збрика на графики со околу 65.000 цртежи и преку милион графики, што го прави најголем во светот. Во новиот дел на Хофбург се наоѓа и Ефејскиот музеј, кој претставува дел од збирката на стари музички инструменти, како и збирка на дворски ловечки трофеи.

На спротивната страна на булеварот Ринг (кој го опколува строгиот центар на градот), во близина на Хофбург се наоѓа плоштадот на Марија Тереза и две скоро идентични музеja: Приронаучниот музеј и Уметничкоисторискиот музеј. Второспоменатиот музеј поседува голема збирка на слики од времето на ренесансата, ремек-дела на Бројгел, Рембрант, Рубенс, Вечели и други. Додека, пак, во Природонаучниот музеј се чува статуа на Вилендорфска Венера, ремек-дело на палеолитската уметност.

Виенскиот Кварт на музеи претставува еден од најголемите културни, музејски комплекси во светот. Тој ги опфаќа Музејот на современа уметност (МУМОК), музејот „Леополд“ во кој се наоѓа импозантна збирка на дела од Егон Шиле веднаш до колекијата на дела од виенскиот сецесионизам, виенскиот модернизам и австрискиот експресионизам.

Палатата Лихтенштајн ја содржи една од најголемите светски приватни уметнички збирки од времето на барокот. Во замокот Белведере, изградена од принцот Ојген, се наоѓа галерија во која се наоѓаат слики од Густав Климт (помеѓу кои и познаата слика Бакнеж - Der Kuss), од Егон Шиле, и од други сликари од почетокот на XX век.

Посетителите, исто така, ги привлекува и куќата на Моцарт, каде што тој искомпонирал неговата најпозната опера „Свадбата на Фигато“ (поради тоа поранешното име на куќата било Фигарова куќа).

На Карловиот плоштад се наоѓа Виенскиот музеј (гер. Wien Museum) кој документира различни епохи во историјата на градот, низ многубројните сезонски поставки и експонати.

Од другите музеи, треба да се споменат Музејот на применета уметност (гер. МАК), Еврејскиот музеј, Техничкиот музеј, Музеј на часовници, Музејот на Сигмунд Фројд, Военоисторискиот музеј, Музејот на трамваи и Криминалистичкиот музеј.

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Внатрешноста на црквата Св. Петар во рококо стил.

Виенската архитектура се одликува со шареноликост на различни стилови кои датираат од многубројните историски епохи, почнувајќи од романската Рупретова црква, преку готстката Катедрала Св. Стефан, до градбите од времето на класицизмот и модернизмот. Посебно треба да се издвои архитектурата на историзмот (во Австрија нарекуван Време на создавање, на гер. Grunderzeit) која била активна сè до крајот на XIX век и која во други градови монархии како Прага и Будимпешта оставила автентично архитектонско обележје. Примери од овој период се неоготската архитектура, како и посебната интересна и ретка уметност на неорококо, која главно се употребувала во внатрешноста на градбите за обработка на ентериерот. Југендстилот е најдобро воочлив на прочуената зграда Сецесија, станицата на подземната железница Карлов плоштад, како и црквата Св. Леополд на Ото Вагнер.

Куполата на црквата Св. Леополд во Штајнхоф.

Во Виена се состанувале и школувале многу светски познати архитекти, а всушност ги обликувале нивните идеи скоро секогаш по примерот на виенската архитектура. Некои од нив се: Адолф Лос, Ото Вагнер, Јоже Плечник, Рихард Нојтра, Јозеф Франк и други.

После 1990 година, настанала цела низа на нови градски квартови, од кои се издвојуваат Винерберг (гер. Wienerberg) на југот на градот и Донау Сити (гер. Donau City) на северниот брег на Дунав. Милениумската кула која е висока 202 метри од 1999 година, станала највисоката зграда во Виена,[23] која како симболика го има почетокот на нови архитектонски иновации во градот. Во последните години, во виенската архитектура е впечатливо комбинирањето на стари градби со модерната архитектура. Класичен пример е реконструкцијата на Гасометарот во 2001 година, која со своите интересни решени го привлече светското внимание.

Статистички, Виена има помалку високи градби во споредба со другите метрополи. Моментално во градот постоја 40 облакодери, високи преку 40 метри. Со тоа Виена e еден од ретките градови кој примарно гледа на квалитетот на станување наспроти квантитетот. Целта на градските власти е зачувување на зеленилото околу зградите и културно-историската целина, посебно јадрото на стариот град кој е заштитен од страна на УНЕСКО.

Во минатото имало повеќе обиди за градење и пренамена на старите градби во високи станбени и деловни згради, што довело до остри полемки и критики од страна на градската управа. Како резултат на тоа денеска постои строга регулатива,[24] која недвосмислено го регулира градењето на облакодерите пред сè во централните зони на градот.

Виенски бал

[уреди | уреди извор]

Виена е последниот главен град на деветнаесет вековниот бал. Денеска во Виена постојат околу 200 значајни балови во годината, некои од нив вклучуваат и изведби на околу 9 живи оркестри. Баловите се одржуваат на различни убави палати во Виена, како принципална арена за нив сметајќи се дворецот Хофбург на Хелденплац. Додена оперскиот бал е најдобро интернационално познат од сите австриски балови, други балови како Kaffeesiederball, Jägerball и Rudolfina Redoute се балови кои се познати на територијата на цела Австрија и се прифатени многу добро поради атмосферата во која се играни. Виенците кои се од средната класа имаат можност да посетат бал за време на нивниот живот.

Виенскиот бал е атракција која трае цела ноќ. Главно, повеќе од виенските балови започнуваат во 21:00 часот и траат до 05:00, иако многу од гостите ја продолжуваат прославата и наредниот ден.

Образование

[уреди | уреди извор]

Виена исто така е главен центар на австриското образование и дом на многу универзитети, професионални колеџи и гимназии.

Државниот виенски универзитет.
Академијата на уметностите.

Факултети

[уреди | уреди извор]
  • „Академија на уметностите“
  • „Дипоматска академија на Виена“
  • „Медицински виенски универзитет“
  • „Приватен универзитет за Менаџмент“
  • „Академија на применети уметности“
  • „Факултет за музика“
  • „Факултет за ветеринарна медицина“
  • „Виенски државен универзитет“
  • „Виенски универзитет за економија и бизнис“
Дипломатската академија е сместена во палатата Neue Favorita.
  • „Универзитетот за природни суровини и применета хемија“
  • „Технички универзитет Виена“
  • „Универзитет Webster“

Интернационални училишта

[уреди | уреди извор]
  • „Американско интернационално училиште“
  • „Дунавско интернационално училиште“
  • „Интернационален виенски универзитет“
  • „Француска академија“
  • „Виенско христијанско училиште“
  • „Виенска интернационална школа“

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Јавен Транспорт

[уреди | уреди извор]

Ултра ниските трамваи, дизајнирани од Порше, а изградени од Сименс, им овозможуваат на патниците лесно качување со висина од само 180 mm – со тоа се најниски трамваи во светот. Околу 150 од овие возила се моментално во употреба во Виенската трамвајска мрежа, заедно со некои 400 постари (и повисоки) модели.

Виена има голема јавна транспортациска мрежа:

  • Виенскиот С-Бан (надземна метро железница)
  • Виенскиот У-Бан (подземна метро железница)
  • Локалната железница
  • Виенските линии (компанија која управува со виенскиот У-Бан, трамваите и автобуските рути)
Станица на линијата U3 кај Народната Опера.

Виена има голема трамвајска мрежа, која што со 172 км 28 линии и преку 1000 станици, е петта по големина во светот (после Мелбурн, Ст. Петербург, Берлин и Москва), а исто така има и голем број на автобуски рути. Како и сите автобуски рути, во сите густо населени зони, виенските рути функционираат во густи интервали, и дури во часовите кога нема голем сообраќај, многу лесно се наоѓаат трамваи и автобуси. Затоа јавниот транспорт е користен многу. Виенскиот јавен транспорт е поврзан со железнички и автобуски служби коишто оперираат и во полупречник од 50 км во околните селски населби, линии коишто го користат истиот систем на билети. Јавниот транспорт воглавно прекинува со работа за време на ноќните часови, но има специјална авотобуска служба наречена „ноќната линија“ која што оперира по најглавните рути. Во секој случај, тие се обраќаат на интервал од триесет минути. Иако нема кондуктери и проверки при качувањето во автобус или трамвај, сепак проверки се случуваат често, и тоа најчесто од вработени во цивилни униформи. Доколку сте фатени да „се возите на црно“ – односно да се возите без билет, тогаш ќе бидете приморани да платите дебела сума пари, или пак во најблаг случај, ќе бидете слезени на следната станица. Во секој случај, непожелно е да се стекнете со епитетот „контролиран“.

Во Виена, постојат две железници во паркот: „Лилипутанската“ – во виенскиот парк, и „Дунавската“ во паркот на Дунав.

Авионски сообраќај

[уреди | уреди извор]

Југоисточно од Виена се наоѓа меѓународниот аеродром на Виена – Швехат. Во 2005, имаше повеќе од 230.900 летови (дојдовни и појдовни) и аеродромот беше искористен од преку 15,86 милиони патници. Скопскиот аеродром е поврзан со виенскиот преку секојдневните летови на Austrian Airlines.

Воден сообраќај

[уреди | уреди извор]

Виена е водно поврзана преку каналот Рајна-Мајна-Дунав со ротердамското пристаниште и нему блиските германски индустриски зони, како и источноевропските земји сè до Црното Море. Планираниот канал Дунав-Одра останува недовршен. Дванаесет моста на реката Дунав го поврзуваат градот, кој е поделен од реките Дунав и Нов Дунав.

Патен сообраќај

[уреди | уреди извор]
Патот во близина на Т-mobile центарот во Виена.

Како и железничките линии, така и бундес-улиците го напуштаат градот во ѕвездовиден шаблон. Некои се именувани според нивното историско конечно одредиште (прашката улица – до Прага, Линцката улица – до Линц, Тршката улица – до Трст и Брнската до Брно). Бундес-улиците може да се споредат со Федералните автопатишта во САД, односно со две патеки во рурални области, и со поголем број патеки во урбаните области. Три национални автопатишта ја напуштаат Виена во западна (А1), јужна (А2) и источна (А4) насока. Слично како и железничките линии, автопатиштата често се именуваат според нивната излезна локација (западен автопат, јужен автопат, источен автопат). Покрај нив, постојат и неколку кружни и разгранети автопатишта кои ги обиколуваат јужните и источните делови на градот. Западните и северните делови останале, претежно недопрени поради заштитената Виенска Шума.

Железнички сообраќај

[уреди | уреди извор]
Воз на линијата U1-станицата Кагран.

Историски, сите сообраќајници се ориентирани кон најглавните градови и резиденцијалните палати на австроунгарската монархија. Следбено, Виена има неколку железнички станици кои го формираат почетокот на неколку железнички линии.

  • Виенската станица Франц Јосиф е почетна точка на истоимената линија.
  • Виенската Западна станица е почетна точка на западната линија.
  • Виенската Јужна станица (поранешната Јужна и Источна станица) е почетна точка за јужната и источната линија.

Помеѓу сиве овие, постојат огромен број на помали станици коишто се особено важни за локалниот патнички сообраќај. Уште од деведесеттите, Западната и Јужната станица се справуваат со сите долги релации. Со цел да ги спојат целиот сообраќај на долги релации, стана потребно да се изгради тунел – колоквијално познат како тунелот на диви свињи, под Лајнцката зоолошка градите, поврзувајќи ја западната со јужната железница. Новата споена линија ќе се поврзи со нова станица наречена Виена - Средна Европа која што ќе се гради на југ од сегашната Јужна станица. Оваа нова станица ќе ѝ даде на Виена главна железничка станица за првпат во нејзината историја.

Велосипед

[уреди | уреди извор]
Еден од Citybike пунктовите во градот.

Процентот на искористеност на велосипедот наспроти другите видови на сообраќајни средства во Виена е околу 5%. До 2015 година, според планот[25] на надлежните служби тој треба да се зголеми на 8%. Во поединечни делови на градот, претежно во централните, тој процент е значајно поголем како на пример на Мариахилферштрасе(Mariahilferstraße) каде што изнесува 20%.

Мрежата на јавните велосипедски патеки и правци во градот моментално опфаќа 1.100 километри[26] од кои 21%[26] потполно независно од автомобилскиот сообраќај.

Како алтернатива за градски превоз, постои единствен систем за изнајмување на велосипеди кој се вика Citybike. Овој систем е замислен како алтернативна можност за брзо преоѓање од едниот на другиот дел од центарот на градот и евентуално можни трансфери на одередена линија на јавниот транспорт, која може да донесе до целта. Поради тоа, првиот час возење со велосипедот е бесплатен, додека следниот се наплаќа по цена од 1. Пред првата употреба на велосипедот, потребно е да се регистрира и плаќањето доколку корисникот ќе го задржи велосипедот повеќе од еден час. Плаќањето може да се изврши на автоматите со кредитни картички на секој пункт каде што велосипедот може да се изнајми. Целиот систем е компјутеризиран и функционира единствено така што корисникот може да го изнајми велосипедот на еден пункт во градот, а да го врати на било кој друг од околу 60 постоечки пунктови. Спрема податоците од статистиката, најголем број од корисниците го користат велосипедот помалку од еден час со што се избегнува плаќањето. Во 2009 година, биле регистирани 210.000 корисници кои со градските велосипеди поминале 1.317.000 километри.[27]

Активности

[уреди | уреди извор]

Виенски паркови и градини

[уреди | уреди извор]
Панорама на Виена.
Алте Донау, едно од најдобрите места за бањање и рекреација.

Виена е составена од многу паркови, вклучувајќи ги Стадпаркот, Бургартен, Волксгартен (дел од Хофбург), Склошпарк - дел од Белведере (дом на Виенските ботанички градини), Дунавски Парк, Шенбрунер Склошпарк, Пратер, Аугартен, Ратхауспарк, Лејнзер Тиергартен, Денхерпарк, Реселпаркот, Вотивпарк, Курпарк Оберла, Аур-Велсбакј и Туркеншац. Зеленилото преовладува насекаде низ паркот и тоа е едно од главните нешта на кое внимаваат надлежните. Многу од најпознатите виенски паркови вклучуваат монументи, како Стадпаркот со неговата статуа на Јохан Штраус II, и градинит на барокната Белведере палата каде што Државниот договор бил потпишан. Примарен парк на градот е Пратер, во кој всушност се наоѓа Риесенрад кое претставува воздушно тркало. Дворецот Шенбрун има парк од XVIII век кој ја вклучува најстарата светска зоолошка градина отворена во 1752 година. Донауинсел претставува 21 км долг вештачки остров кој се наоѓа помеѓу Дунав и Нов Дунав и служи за извршување на лежерни активности.

Стадионот Ернст Хапел во Пратер, најголемиот стадион во Австрија.

Виена е домаќин на различни спортски настани, вклучувајќи го и Виенскиот градски маратон, кој привлекува повеќе од 10,000 учесници секоја година. Се одржува на годишно ниво во месец мај. Во 2005 година, во Австрија се одржа Светското првенство во хокеј на мраз, а финалето на првенството беше одиграно во Виена. Ернст Хапел стадионот е еден од четирите арени во кои се играле финалињата на Лигата на Шампиони и Европските Шампионски клубови (1964, 1987, 1990, 1995). На 29 јуни, градот беше домаќин на финалето на Европското првенство во фудбал 2008 на кое Шпанија ја порази Германија со 1-0.

Столицата на Австрија е дом на неколку тимови. Најдобро се познати локалните фудбалски клубови СК Рапид Виена, ФК Австрија Виена и најстариот тим ФК Прва Виена. Други значајни спортски клубови се Рајфајзен Викинзи Виена (амеркански фудбал), кој ја имаше титулата Eurobowl помеѓу 2004 и 2007 година, 4 пати по ред, Хот Волејс Виена, едни од европските прваци во одбојка, Суперфунд Вандерерс (бејзбол) кои беа шампиони во Првенството на австриски безјбол во 2009 и Виена Капиталс (хокеј на мраз). Виена е исто така местото каде што Европската ракометарска федерација била создадена.

Кулинарски специјалитети

[уреди | уреди извор]
Виенска шницла.

Виена е добро позната по Виенската шницла (во Македонија, нарекувана и позната само како шницла), која претставува котлет од телешко месо измешан во брашно и трошки од леб и пржен во путер. Вакво јадење може да се најде скоро во секој ресторан што служи храдана која потекнува од виенската кујна. Други примери на јадења што потекнуваат од кујната на градот се: Тафелспистз (многу тенко парче на варено телешко месо) кое традиционално се служи со Геростете Ердапфел (варен компир (пире), а подоцна и пржен), Апфелкрен (мешавина од рен, павлака и јаболко) и Шнитлаушаус (лук во сос, направен од мајонез и стар леб)

Захер торта.

Виена има долга традиција во произведување на слатки торти и десерти. Следните десерти имаат потекло од виенска кујна: Штрудла од јаболка, Палачинки (слатки) и кнедли (Кнодел) често исполнети со овошје како на пр. кајсии. Захер тортата, која претставува чоколадна торта со џем од кајсија била создадена во Хотелот Сакер, кој е светски познат.

Во зима, малите улични штандови традиционално продаваат Марони (топли костени и помфрит)

Колбасите се популарни и најчесто може да се најдат на уличните штандови во текот на денот, како и во ноќта. Колбасот познат како Виенер (на германски би значело виенец) во САД и Германија е нарекува Франкфуртер. Други популарни видови на колбаси се: Буренвурст (зачинет бифтек и свински колбас, во главно варена), Касекраинаер (свински колбас со мали парчина на кашкавал) и Братвурст (бел свински колбас). Најчесто се нарачуваат со леб (мит Брот) или како хот-дог. Сенфот е традиционална состојка која се јаде со колбаси и најчесто го има во две форми: благ (суш) или лут (шарф). Ќебапите, гирото, пицата, како и грицките кои најчесто се набавуваат од малите штандови, исто така се популарни.

Нашмаркетот е маркет во кој може да се набави: овошје, зеленчук, зачини, риба, месо и др. од целиот свет. Исто така во центарот на градот има многу деликатесни продавници каде што може да се набават прехранбени производи.

Пијалаци

[уреди | уреди извор]

Виена, заедно со уште Париз, Прага, Братислава, Варшава и Лондон е една од малкуте останати светски метрополи кои сѐ уште имаат лозја. Виното се служи во мали виенски пабови познати како Хеуригер кои најчесто и најмногу ги има во области каде што преовладува грозјето како: Дублинг, Флоридсдорф и Лизинг. Виното најчесто со пие како Шприцер (бело вино помешано со минерална вода). Најпознатото австриско вино е Грунер Велтлајнер. Тоа претставува бело суво вино.

Според значењето, веднаш после виното доаѓа пивото. Во Виена се наоѓа пиварницата Отакрингер, како и повеќе од десетина микропивници кои се поддржани од државата.

Виенски кафулиња

[уреди | уреди извор]
Кафулето Централ.

Виенските кафулиња имаат екстремно долга историја која води наназад неколку векови и кофеинските состојки на некои познати историски патрони од најстари времиња претставуваат локална легенда. Традиционално, шолјата кафе се служи со чаша вода. Виенските кафулиња сметаат дека тие го измислиле процесот на филтрирање на кафе, односно тоа го измислил заробен човек од вториот Отомански напад на Виена од 1683 година. Некои пак од виенските кафулиња велат дека кога Турците Османлии ја напуштиле Виена, оставиле стотици семиња на кафе. Императорот му дал некои од овие семиња на Франз Џорџ Кулицки, како награда што тој им дал информации на Австријците кои им послужиле да ги победат Турците во битката. После тоа Кулицки го отворил првиот дуќан за кафе.

Туристички атракции

[уреди | уреди извор]

Најголеми туристички атракции во Виена се царските дворци Хофбург и Шенбрун (во кој е сместена и најстарата зоолошка градина во светот, Тиегартен Шенбрун) и панорамата во забавниот парк Пратер од која може да се види целата панорама на градот. Други познати содржини на градот се: Бургтетар, Државната опера на Виена, липицанските коњи и виенскиот машки хор како и екскурзиите до виенскиот хеуригенски округ Дублинг.

Во градот постојат повеќе од 100 уметнички музеи, кои сите заедно привлекуваат околу 8 милиони посетители годишно.[28] Најпопуларни се Албертина, Белведере, Леополдовиот музеј, Уметничкоисторискиот музеј (Kunsthistorisches Museum), Природонаучниот музеј (Naturhistorisches Museum) и Теничкиот музеј (Technisches Museum), од кој секој годишно добива околу двестапедесет илјади посетители.[29]

Постојат многу туристички атракции кои се поврзани со композитори кои живееле во Виена, вклучувајќи ги неколкуте резиденции и гробот на Бетовен кој се наоѓа на централните гробишта, најголеми во градот и место каде што почиваат многу познати луѓе. Моцарт има меморијален гроб во Хабсбуршките градини и на гробиштата Св. Маркс (каде што неговиот гроб бил изгубен). Многуте цркви на Виена привлекуваат големи метежи од кои најпознати се: Катедралата Свети Стефан (или како што уште се нарекува Штефансдом), Језуитската црква, Црквата Свети Чарлс, Црквата Свети Петар, Свети Руперт, Вотивната црква и други.

Денешни атракции кои и припаѓаат на модерната доба се Хундертвасер, зградите Обединетите Нации, како и погледот од Дунавската кула.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Интернационални организации во Виена

[уреди | уреди извор]
Комплексот на ООН во Виена.

Виена е седиште на многу канцеларии на Обединетите Нации и на неколку интернационални институции и компании, вклучувајќи ги Меѓународната агенција за атомска енергија (МААМ), Организацијата на Обединети Нации за индустриско развивање (ООНЗУР), Организацијата на земји извознички на нафта (ОЗИН), Јадрената организација, Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата на Обединетите Нации за работа надвор од вселената (КОНРНВ). Моментално Виена е 4-ти град на ООН (после Њујорк, Женева и Хаг). Исто така Виена е и седиште на Комисијата за меѓународна размена на производи на ООН. Неколку дипломатски состаноци биле одржани во Виена за време на втората половина на XX век. Денеска тие документи што биле создадени за време на конвенциите се обележани со реченицата Виенска конвенција или Виенски документ.

Хуманитарни организации во Виена

[уреди | уреди извор]

Освен интернационалните и невладините организации, исто така има и хуманитарни организации чие седиште е во Виена; тие организации им овозможуваат материјални добра на беспомошни деца и други луѓе кои имаат потреба од материјални средства, храна и облека, главно во неразвиените земји.

Една таква организација е мрежата од СОС детски села, која била пронајдена од страна на Херман Гмајнер во 1949 година. Денеска, детските села се активни во 132 земји и територии на светско ниво, вклучувајќи ја и Македонија. Други хуманитарни организации се ПАШДО и Детскиот мост на надежта.

Интернационални врски

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]
Вилата Хермес во Хиецинг.

Виена е збратимена со следниве градови:

Други форми на соработка и градско пријателско Виена дели со:

Виена како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Виена се јавува како мотив во уметноста и во популарната култура, како:

  • „Виена“ (англиски: Vienna) — песна на американскиот поп-пејач Били Џоел (Billy Joel) од 1977 година.[35]
  • „Виена“ (англиски: Vienna) — песна на британската поп-група Алтравокс (Ultravox) од 1981 година.[36]
  • „Виенска шницла“ (германски: Wienerschnitzel) — песна на американската хард-кор група Дисендентс (Descendents).[37]

Во кусиот расказ „Гениј“, австрискиот писател Томас Берхнард ја опишува Виена како град со „безглава нечовечност“, во кој владее „непријателска атмосфера за интелектот“ и каде што „безобѕирноста кон мислителите и уметниците отсекогаш била најголема“, нарекувајќи ја „најголеми гробишта на фантазиите и идеите“.[38]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „STATISTIK AUSTRIA – Bevölkerung zu Quartalsbeginn seit 2002 nach Bundesland“. Statistik.at. 20 октомври 2010. Посетено на 19 јануари 2011.
  2. „VCÖ.at: VCÖ fordert Nahverkehrsoffensive gegen Verkehrskollaps in den Städten“. vcoe.at. 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 5 август 2009.
  3. „STATISTIK AUSTRIA - Bevölkerung zu Jahres-/Quartalsanfang“. Statistik.at. 2009-02-13. Посетено на 2009-05-06.
  4. Со влегувањето на Австрија во Европската Унија де факто земјата отстапи од неутралноста.
  5. „Historic Centre of Vienna“. UNESCO.
  6. „Vancouver is 'best place to live'. BBC. October 4, 2005.
  7. „Forbes Magazine 2009“. Forbes.com. 2009-04-27. Посетено на 2010-06-13.
  8. „Mercer's Survey 2010“. Mercer. 26 May 2010.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-11. Посетено на 2010-09-08.
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-15. Посетено на 2010-09-08.
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-21. Посетено на 2010-09-08.
  12. „Wien International website: History“. Архивирано од изворникот на 2010-03-27. Посетено на 2010-06-12.
  13. Encyclopedia Britannica 1911 edition
  14. Spielman, John Philip (1993). The city & the crown: Vienna and the imperial court, 1600-1740. West Lafayette, Indiana: Purdue University Press. стр. 141. ISBN 1557530211.
  15. Czech and Slovak roots in Vienna Архивирано на 12 мај 2014 г., wieninternational.at
  16. "Vienna". Jewish Virtual Library.
  17. Statistik Austria, Bevölkerung 2001 nach Umgangssprache, Staatsangehörigkeit und Geburtsland
  18. „Beč: Božić na gastarbajterski način | Evropa | Deutsche Welle | 7 јануари 2010“. Dw-world.de. Посетено на 2010-01-22.
  19. 19,0 19,1 Volkszählung. Hauptergebnisse I - Wien (PDF) (германски). Statistik Austria. 2003.
  20. Felix Czeike: Historisches Lexikon Wien, volume 5, Kremayr & Scheriau, Vienna 1997, ISBN 3-218-00547-7, p. 289
  21. Decision of Emperor Franz Joseph I, published in the official newspaper ‘‘Wiener Zeitung’’ on 25 December 1857, p. 1
  22. „Gemeinderatswahl 2005“. wien.at. (германски)
  23. „Vienna's 10 tallest skyscrapers“. Skyscraperpicture.com. 13 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2010-11-30. Посетено на 13 јуни 2010.
  24. Hochhauskonzept – Städtebauliche Leitlinien für die Planung von Hochhausprojekten Архивирано на 13 септември 2010 г., Magistrat der Stadt Wien, MA 41
  25. Das Wiener Radwegnetz (MA 46)
  26. 26,0 26,1 Zahlen und Fakten zum Wiener Radverkehrsnetz
  27. „Gewista Magazin - Eine Erfolgsstory - Citybike Wienü“. Архивирано од изворникот на 2010-01-22. Посетено на 2010-09-14.
  28. „Vienna in figures: Special Issue for the EU Presidency 2006“ (PDF). City of Vienna. Архивирано од (page 10) изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF) на 2015-05-01. Посетено на 2010-09-14.
  29. „Top 30 Sights, Museums, Exhibition Halls 2005“ (xls). Vienna Tourist Board. Архивирано од изворникот 2007-10-09. Посетено на 2010-09-14.
  30. Bratislava City - Twin Towns. © 2003-2008 Bratislava-City.sk. Посетено на 2008-10-26.
  31. „Brno - Partnerská města“ (чешки). © 2006-2009 City of Brno. Посетено на 2009-07-17. Надворешна врска во |publisher= (help)
  32. Agreement between Vienna and Tabriz Municipality in [мртва врска]Farsi[мртва врска]
  33. (полски) „Miasta partnerskie Warszawy“. um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2008-08-29.
  34. „Intercity and International Cooperation of the City of Zagreb“. © 2006-2009 City of Zagreb. Архивирано од изворникот на 2017-07-07. Посетено на 2009-06-23.
  35. YouTube, Billy Joel - Vienna (пристапено на 14 декември 2017)
  36. YouTube, Ultravox Vienna (пристапено на 14 декември 2017)
  37. YouTube, Descendents Wienerschnitzel (пристапено на 14 декември 2017)
  38. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 156-157.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Официјални портали

Слики и видеа од Виена

Историја на Виена

Повеќе за Виена


Статијата „Виена“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).