iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.
iBet uBet web content aggregator. Adding the entire web to your favor.



Link to original content: http://mk.wikipedia.org/wiki/Булачани
Булачани — Википедија Прејди на содржината

Булачани

Координати: 42°4′14″N 21°30′10″E / 42.07056° СГШ; 21.50278° ИГД / 42.07056; 21.50278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Булачани

Поглед кон село Булачани

Булачани во рамките на Македонија
Булачани
Местоположба на Булачани во Македонија
Булачани на карта

Карта

Координати 42°4′14″N 21°30′10″E / 42.07056° СГШ; 21.50278° ИГД / 42.07056; 21.50278
Општина Општина Гази Баба
Население 1.147 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25021, 25521
Слава Свети Никола
Булачани на општинската карта

Атарот на Булачани во рамките на општината
Булачани на Ризницата
Поглед на Сарај Маало во Булачани

Булачани — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Булачани се наоѓа на североисток од Скопје на падините на Скопска Црна Гора во областа Црногорија, на надморска височина од околу 500 м. Има многу убава местоположба од каде има прекрасен поглед на целата Скопска Котлина. Селото е од разбиен тип и е поделено во 7 маала: Река, Шетаровци, Бузаревци, Урдарци, Сарај, Средно и Долно Маало.[2]. Првите четири маала лежат не левата страна на долинската падина на Булачанската Речица, а останатите 3 на десната страна и носат заедничко име Рид Маало.

Историја

[уреди | уреди извор]

Булачани во денешен облик е доста стара населба. Според еден податок се споменува во 1425 година со изградбата на Мустафа-пашината џамија.

Археолошкото наоѓалиште Кула, утврдување / збег од доцноантичкото време. На 2,5 км северно од селото и исто толку од селото Раштак, на еден висок планински гребен, на простор од 100 x 30 м се гледаат ѕидови од камен и варов малтер. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. Мавро Орбин пишува дека Марко бил погребан кај селото Блачани (Блациани) во близината на Скопје. Бидејќи село со ова име не постои, останува нејасно дали се работи за селото Булачани или за селото Блаце.

Инаку самото село од мештаните е поделено на маала и каква таква таа поделба е задржана и до ден денес. На левата страна од Булачанска Река која го дели селото на два дела се наоѓаат маалата Чурковци, Гировци, Шетаровци и Урдарци додека на десната страна се маалаат Долно, Средно и Сарај Маало.

Според едно предание, кое нема етимолошка поткрепа, с. Булачани го добило името од некоја була која била една од првите сопственички на атарот.[3] Една од овие сестри е најверојатно таа була (жена на турски) ќерка на Мустафа паша по која селото и го добило името.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во Булачани населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделство и сточарство. Постои само еден мал индустриски капацитет, а тоа е „Буларт дизајн“ кој се занимава со изградба на монтажни куќи и вработува околу 20 луѓе, претежно од селото.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.004—    
19531.074+7.0%
1961966−10.1%
1971943−2.4%
19811.033+9.5%
ГодинаНас.±%
19911.063+2.9%
19941.080+1.6%
20021.104+2.2%
20211.147+3.9%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 66 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 263 мажи христијани, со 19 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 564 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 519 жители.[4]

Кон крајот на XIX век, Булачани — село во Скопската каза,. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. живееле 530 жители Македонци[5].[6]

На почетокот на XX век во селото работеле странските пропаганди. Во 1905 г. во Булачани имало 600 под врховенството на Бугарската егзархија и 192 патријашисти, во кое функционирало бугарско и српско училиште.[7]

На почетокот од Балканските војни 1912 г., три жители од Булачани се борат како војници во Македонско-одринските доброволни чети.[8]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е центар на истоимената општина и има 794 жители.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Булачани како српско село под влијание на српската пропаганда.[9]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го означува Булачани како бугарско село под влијане на бугарската пропаганда.[10]

Велигден во с. Булачани, Скопско во 1954 г. Фотограф Благоја Дрнков

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 950 Македонци.[11]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.104 жители, од кои 1.098 Македонци и 6 Срби.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.147 жители, од кои 1.015 Македонци, 11 Албанци, 1 Ром, 4 Срби, 1 Бошњак и 115 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 530 792 1.004 1.074 966 943 1.033 1.063 1.080 1.104 1.147
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Булачани е македонско село.

Според истражувањата од 1963 година родови во селото се:

  • Доселеници: Чурковци (11 к.), Ќировци (5 к.), Шетаровци (28 к.) и Бузаревци (8 к.) потеклото на сите овие родови е од околината на Прилеп (прилепско). Првиот род најпрво се населил во Влае. Во родот Шетаровци се знае следното родословие: Цветко (жив на 45 г. во 1963 година) Петре-Велко-Атанаско-Младен-Петре, основачот на родот кој се доселил; Урдарци или Миленковци (8 к.) доселени се од селото Чучер, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од селото Паливоденица кај Качаник; Ефендиовци (4 к.) доселени се од селото Паливоденица кај Качаник; Кубуровци (4 к.) доселени се од сега албанското село Сарај; Живанци (3 к.) доселени се од некое село во Скопска Црна Гора, таму имаат истоимени роднини; Црногорчевци (7 к.) и Бражданци (4 к.) доселени се од селото Бразда; Дуковци (2 к.) доселени се од некое село кај Гнилане; Какарчевци (3 к.) и Дајевци (2 к.) доселени се од некое село во Кумановско; Радевци (6 к.) доселени се од некое село во Порече; Пејковци (1 к.), Џиклевци (8 к.), Субашовци (8 к.), Паровци (1 к.), Вучковци (1 к.), Димовци (4 к.), Левковци (5 к.), Јанинци (4 к.), Оџовци (2 к.), Јаневци (4 к.) и Каринци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.[18]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во селото постои основно училиште „Св. Наум Охридски“ кое го посетуваат околу 500 ученици. Самата зграда на училиштето е доста стара и е градено уште во времето на Кралството Југославија со подоцнежни доградувања и реновирања. За време на Втората светска војна во борбите за ослободување на Скопје тука бил сместен Штабот на 16 македонска бригада во која активно земале учество многу жители на селото. Исто така постои здравствена станица (амбуланта) сега веќе приватна со доктор Даскалов во која здравствени услуги добиваат жителите на селата Булачани и Раштак.

Во повоениот период во селото работела и Месна канцеларија со матична служба, а во текот на 1960-тите е основана и Земјоделската задруга „Партизан“ која успешно работела во селото некаде до крајот на 1970-те години.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од ова село имало повеќе иселеници отколку што има жители во селото. Иселениците во најголем број живеат во Скопје. Но иселеници има и на други места, како. Злокуќани (Стојковци или Лукаровци), Бутел (Шаторови), Ченто (Црногорчеви), Визбегово (Димови или Кралеви), Јурумлери (Робевци), Идризово (Шаторовци), Маџари (Булачанци и Пацини), Лисиче (Ангеле).[18]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.12
  3. http://www.culture.org.mk/eMUSTPASDZ.HTM Who was Mustapha pasha? About his life and times, we learn from several sources, such as the inscription at the entrance to the mosque, vakafname on its bequest that is dated in 1514, the inscription on its tomb (turbe) and two other documents, but they all provide only meager answers. We find out that he had been a son of Abdulah (Abdulkerim), that he performed high state functions in the Osman (Ottoman) state, that he possessed a vast property in Rumelia and four villages in the vicinity of Skopje: Bulacani, Batinci, Rastak and Cresevo; he has had two wives, both named Hurshid and four daughters - Hani, Umi, Shah Zeman and Huma.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Македонците биле забележани како Бугари.
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 116-117.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.832.
  9. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  10. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  12. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. 18,0 18,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  19. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]
  20. „Манастир СВ. НИКОЛА - с. Булачани, Македонија“. Сунчица Станковска. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2010-11-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]